Пред 5-6 години направив аквариум, околу 50на литри. Комшијата ме снабди со тревки рипчиња, моли, ксифо и незнам уште што. Ми беше многу мерак, се заразив ама дете как одете финансиите не ми дозволуваја премногу, моите не ми даваа пари да трошам за тоа. Го напуштив, имаше лоша филтрација а водата ја менував на 3-4 месеци. по 1-2 години пукна газерот и мораше да завршам со акваристиката.
Секоја година почнувам и никако да почнам, еве и на есен планирам здравје, ќе имам поќе пари. Сакам еден 100 литарски. Проблемот е што кога чував јас во околинава (Битола-Прилеп) нема баш добри продавници за акваристика со опрема, риби а посебно тревки.
Чував скалари, моли, ксифо, едни други спласнати заборавив како се викаа налик скаларите, плекостомус или анцитрус како и да се вика, омилена ми беше ја израснав 15цм и многу ми беше страв да ја допрам. Имав еден поголем сом како чистач за под и две мали други врсти исто како сомчиња со мустачиња мали околу 5 цм едно беше сивко другото албино и тие заборавив како се викаа.
Имаше Македонски форум па научив многу за рибите (имиња) и други податоци околу акваристиката.
Ептен ми беше кејф кога се мрестеа рибите, ма бев ептен аматер и немав ни еден мој 'производ' дури и скалар ми се омрести, тоа ми беше врвот.
Ако некој има одпоќе рибчиња и тревки за поклон би бил добредојден, тревките и би ги платил ако има прикладна цена. Предлог добра подлога? За декор имам многу убав камен, глинено ќупче итн.