101 совет за WindowsXP кој ќе ве служи долго

  • Креатор на темата Princ
  • Време на започнување
P

Princ

Гостин
Овој топик користете го само за ваше информирање. Не превземам НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ ЗА НАСТАНЕТА ШТЕТА ОД КОРИСТЕЊЕ НА БИЛО КОЈ СОВЕТ. Совет си е совет. Не мораш во никој случај да го користиш.

Советите бидејќи се многу на број и детални во содржина ги поделив во 5 делови кои ќе ги објавувам онака како што имам време.
Деловите се:
1. Перформанси
2. Корисни совети за XP
3. Безбедност, приватност и совети за враќање на податоци
4. Екстра совети за почетници
5. Регистратор (Registry)

1. Перформанси

1.1. Исклучување или редуцирање на system restore за да заштедиш од хард дискот
WindowsXP содржи "програм" кој може да го врати вашиот компјутер во одреден период од времето, процес при кој ги тргнува сите измени направени во вашиот систем од тој момент. Корисна работа, ама па и одзима доста простор од хард дискот.
По дифолт, систем ристор резервира за себе 12% од секој логички драјв. Можеш да го намалиш тој процент или пак целосно да ја исклучиш таа опција.

Десен клик на "My Computer" и одбери Properties. Оди во табот "System Restore".
За да го исклучиш целосно само чекирај 'turn off system restore on all drives'. Ако не го сакаш тоа, селектирај драјв и кликни "Settings".
Користејќи го лизгачот, можеш да одредиш колкав простор на тој драјв system restore да користи за своите записи. Ако го смалиш овој процент, некои работи нема да се запишуваат во базата на system restore но намалување до 5% за било кој со 80 GB хард диск би требало да е безбедно. Кликнете ОК кога ќе одлучите.

1.2. Менување на page фајловите
Page фајловите се еден или повеќе места на вашиот хард диск кои Windows XP ги резервира за виртуелна меморија. Да поедноставам, овие места се користат за да содржат податоци кои може да се "истурат" од вашата главна меморија (RAM).
Виртуелната меморија е слична на физичката меморија, освен што е многу поспора поради спороста на хард дискот во размената на податоци во споредба со RAM меморијата.
WindowsXP ги користи цело време овие фајлови, без разлика на слободната физичка меморија, затоа оптимизирањето на овие фајлови може да има позитивен ефект на перформансите на вашиот компјутер.
За да ги оптимизирате тие фајлови, има неколку начини.
Page File Placement:
Бидејќи Page фајловите имаат потребна од интерактивен пристап до дискот за да запишуваат и вчитуваат податоци цело време, да ги ставите на истиот драјв со оперативниот систем може да влијае на перформансите и на Page фајловите, и на оперативниот систем. Но бидејќи повеќето компјутери имаат само еден хард диск, нечесто можеме да го избегнеме тоа. Ако имате повише од еден хард диск, Page фајлот ставете го на хард дискот кој не го користи оперативниот систем, а стариот тргнете го од дискот на кој е инсталиран оперативниот систем.
За да го направите тоа: Десен клик на "My Computer" и одбери "Properties" па кликни на "advanced". Кај "performance" одбери "settings" па повторно "advanced". Кај "Virtual Memory" одбери "change". Овде може да одбериш индивидуални драјвови и да ја промениш големината на фајловите кои сакате да ги креирате.

Page File големина:

По дифолт, page фајловите се креирани со големина на која започнуваат, и максимална големина. Овие бројки му дозволуваат на Windows да ги зголеми фајловите доколку има потреба. По ефикасно е да се постават идентични почетни и максимални вредности за да не се користат ресурси за да се зголеми фајлот автоматски.
За да го направите тоа, одберете "custom size" за секој page фајл и подеси ги почетната и максималната големина на иста бројка.
За тоа кој бројка, најдобро е да ги наместите и двете на максимумот кој го подесил Windows или малку под таа бројка, највише 1 GB.

1.3. Чистење на prefetch фолдерот
Windows XP користи систем наречен 'prefetch' за да ги организира и превчите некои потребни податоци за најчесто користените апликации и фајлови.
Фолдер именуван prefetch е користен за да ги зачува информациите кои на оперативниот систем му се потребни за да ја оствари таа операција. Тука настанува проблемот. После неколку месеци користење, фолдерот станува преполн со стари податоци и стари референци од софтвер и фајлови кои веќе долго време не ги користите.
Добро е рачно да ги избришите старите фајлови на секои неколку месеци. За да го направите тоа: Оди "c:\windows\prefetch" и избриши ги сите .PF фајлови што се постари од две недели.

1.4. Подесување на приоритети за одредени програми
Ако секогаш работите на неколку програми на вашиот компјутер во исто време, но некои апликации бараат повеќе коњски сили во споредба со некоја друга за да работи ефективно (Пример: Adobe Photoshop во споредба со Microsoft Word), можеби ќе сакате да ги подесите приоритетите по своја желба.
Приоритет е начин на кој оперативниот систем одлучува како да го сподели процесорот помеѓу апликациите. Повеќето апликации (програми) се подесени на нормален приоритет, такашто ако им дадете на овие апликации висок приоритет, ќе работат по ефективно кога имате вклучено во исто време и некоја друга апликација која е наместена на нормален приоритет.
За да го направите тоа: Стартирајте ја програмата на која сакате да и го смените приоритетот и стиснете CTRL+ALT+DEL за да се појави Task Менаџерот. Селектирај ја applications tab и одбери ја програмата. Десен клик на програмата и клик на "go to process". Сега кликни на одбраниот процес и одбери "set priority".
Што поголем го подесуваш приоритетот над normal, повеќе моќ ќе "краде" од другите програми кога работите со повише програми во исто време.

Продолжува во наредниот пост. Текстот бил предолг...
 
P

Princ

Гостин
1.5. Чистење на несаканите програми кои се креваат при стартирање на системот
Голем дел од бесплатните и комерцијалните програми имаат навика да се местат себеси да се вклучат автоматски при стартирање на Виндовсот.
Ова влијае на брзината со која се крева системот. Исто така, да се вклучат програми кои ги користите по потреба, или воопшто не ги користите, а се вклучуваат автоматски, е залудно потрошен ресурс на системот кој би бил добредојден за други работи.
Како шлаг, најголем дел на спајвер програми, вируси и Тројани, се инсталираат себеси на вашиот компјутер и автоматски се стартираат бидејќи нели имаат работа и задача а не можат да ја извршат ако не работат :).
Затоа одвреме-навреме проверувајте што се стартира со стартирање на системот и исклучете го она што не ви треба или не можете да го идентификувате.За да го направите тоа, одете Start --> Run --> и напишете "msconfig" за да одите до алатката.
"startup" табот во MSCONFIG ви нуди пристап и до неколку други апликации кои се стартираат при стартирање на системот и работат во позадина. Со испитување на нивното име и директориум во кој се сместени, би требало да добиете чуство за да процените што е потребно а што не. Знајте дека неколку вируси и црви се именувани со имиња кои наликуваат како да се системски фајлови како што е Win32.spybot.worm а се претставува како MSCONFIG32.EXE.

1.6. Дефрагментирање на хард дискот
Дефрагментирањето е прередување на податоците во дискот за истиот постојано да може да биде читан. Хард диск кој бил често користен подолг временски период сигурно има многу фрагментирани фајлови, фајлови кои се расфрлани на различни кластери на површината на дискот. Тоа се случува поради многу фактори, пример деинсталирани програми кои оставиле некои фајлови зад нив, паѓања на системот во момент кога запишувал податоци на дискот, обично бришење на фајлови итн.
Фајл се фрагментира кога кластерот на кој Windows почнува да го зачувува не успеал да го запише целиот фајл и истиот е оштетен или пак едно делче од фајлот има останато и после бришењето на фајлот. Тоа може да има огромно влијание на брзината на вашиот компјутер. За да го дефрагментирате компјутерот (да си ги исчисти есапите компјутерот самиот со себе, што се испило-што се искршило) одете на Start --> Programs --> Accessories --> System Tools --> Disk Defragmenter.
Прво анализирајте го дискот за да проверите дали има потреба од дефрагментација со кликање на копчето Analyze.
Црвените делови покажуваат дефрагментирани фајлови (фајлови со кои има потреба да се расчисти). Ако имате премногу црвени делови, дефрагментирајте со кликнување на копчето Defragment.
Постапката знае да биде долга, ама вредна.

1.7. Исклување на непотребните сервиси
WindowsXP користи многу, многу сервиси во позадина. Голем дел од нив не се којзнае колку потребни за секојдневната работа на вашиот компјутер. За да се објаснувам кој е потребен, кој не е, ќе ми треба многу да пишувам (а со тоа ќе порасне хонорарот кој треба да го добијам од Кајгана за ова). Фактот останува дека на различни луѓе им требаат различни сервиси.
За да процените сами, десен клик на "My Computer" и одете Manage. Од прозорот за менаџирање со вашиот компјутер, одете кај "services and applications" па кликни "services" за да се отвори прозор во кој се листани сите сервиси. Тие коишто се обележани како "started" веќе работат во позадина, оние со "automatic" ги стартира системот секогаш кога се вклучува.

Ако селектирате било кој сервис можете да видите негов опис кој ќе ви помогне да одлучите дали ви треба или не. За да го исклучите кликнете го со десен клик и кликнете Properties, и сопри го со тоа што ќе одбериш "Disabled". Ако во описот пишува дека сервисот кој во моментов го испитувате биде сопрен ќе го заебе системот, одете кај "dependencies" за да видите кои други сервиси се поврзани со него.
Со среќа.

1.8. Исклување на бројачот на перформансите на дискот
WindowsXP има вграден програм кој постојано го набљудува системот. Овие податоци можат да се видат ако го користите performance monitor кол можете да го најдете во control panel --> administrative toold. Секако, најголемиот дел од нас немаат интерес за статистиката на перформансите.
Работата е што XP-to си продолжува да набљудува а за тоа секако му се потребни голем број ресурси. Ако не планирате да ја користите статистиката која ја користи набљудувачот на перформансите на компјутерот, можете да ја исклучите вака: Start --> Run и напишете cmd. Тука внесете "diskperf -N" и Ентер.

1.9. Исклучување на индексирањето
Индексирањето се користи за да ја зголеми брзината кога барата некој фајл бидејќи WindowsXP креира и постојано надополнува индекс на сите фајлови во вашиот систем.
За несреќа, ги редуцира перформансите на вашиот систем бидејќи постојано работи во позадина.
За да го исклучите: Одете во контрол панелот, Add or Remove Programs --> Add or Remove Windows Componentrs. Дечекирај "Indexing Service".

1.10. Зголемување на графичките перформанси
Ако користите WindowsXP на постар компјутер, исклучувањето на некои графички финти кои ги има икспето, би го забрзало работењето на вашиот компјутер. За да ја видите листата на овие ефекти за да можете да експериментирате со нив и за да ја видите ефикасноста од нивното исклучување, следи ме:
Десен клик на "My Computer" и клик на "Properties". Одбери "Advanced". Во делот "Performance", кликни на "Settings".
За да ги исклучите сите, одбери "adjust for best performance"

1.11. Проверување и подесување DMA mode на хард диск
Windows XP повремено ги подесува вашите IDE хард драјвови и CD драјвови на PIO трансфер мод по дифолт, а тој е поспор од стандардниот DMA (Direct Memory Access) mode кој го користат модерните драјвови. Вреди да се проверат тие подесувања за да се осигурате дека тие не се причината што некои драјвови се поспори.
За да ги проверите драјвовите на кој mode работат: Десен клик "My Computer" и одбери "Properties", оди на "hardware" и клик на "Device Manager".
Прошири ја листата кај "IDE ATA\ATAPI controllers" селектирај "primary IDE channel" и клик на копчето "Properties".
Клик на "advanced settings" и осигурај се дека трансфер модот е подесен на "DMA if available".
Повтори ги чекорите ако имате и друг драјв.

1.12. Измазни го движењето на маусот (како онакво, заборавив како го викаа...)
Да претпоставиме дека користиш PS/2 маус, овој совет ќе ти помогне да го измазниш движењето на маусот и по прецизна контрола. Добро е за некоја игра и воопшто за твоите нерви.
Ај да ви кажам како да го средите (додека не сте ги загубиле и тие нерви што ви останале) : Десен клик на "My Computer" и одбери "Properties". Клик на "Device Manager". Пронајди го маусот и кликни "Properties". Во "Advanced Settings", подеси го "sample rate" на 200.
Рестартирај и врати се на форумов. Полесно се дише нели? :)

Толку за вечерва, наскоро ќе продолжам со другите совети. Се додека не станат 101.
Поздрав :)
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Одлична тема, го чекаме продолжението.

btw> може да постираш линк, од каде се советиве?
 

KaiTekk

R&B boy
Член од
17 март 2006
Мислења
1.045
Поени од реакции
22
mr_wicket напиша:
Одлична тема, го чекаме продолжението.

btw> може да постираш линк, од каде се советиве?
мислам дека ова го зема од книга мислам дека книгата е
101 hot tips for windows xp
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.849
Поени од реакции
10.201
Еј, алал вера за темава, супер е.
 
Член од
21 април 2006
Мислења
612
Поени од реакции
11
Истиот текст го имаше во 24часа.цом
 
P

Princ

Гостин
2.1.Промени ја големината на фонтот со леснотија во Интернет Експлорер
Додека гледате некоја веб страна, стиснете и држете стиснато
CTRL на тастатурата и користете го скролот на маусот за да ги зголемите или смалите буквите на страната која ја гледате.

2.2.Пронајди го маусот
Windows XP има една корисна алатка која ќе направи околу курсорот на вашиот маус да се појави концентричен круг, со тоа да забележите каде во моментов ви се наоѓа курсорот.
Одете
Start --> Control Panel --> Mouse и одбери "Pointer Options" па селектирај го "Show location of pointer when I press control key".

2.3.Забрзани Напред-Назад команди во Интернет Експлорер
Додека гледате некоја страна во Интернет Експлорер, притиснете и држете притиснато SHIFT на тастатурата и користете го скролот на маусот за да одите назад на некоја предходна страна на која сте биле или напред доколку веќе сте се вратиле назад.

2.4.Прикачи нов хард диск како фолдер во
C:
Оваа финта работи на било која партиција форматирана како NTFS, освен онаа на која се зачувани системските фајлови на Windows. Windows XP, како и неговиот предходник 2000, ви дозволува да прикачите драјвови како фолдери во веќе постоечки логички драјвови. На пример, ако имате компјутер со 20 GB хард диск форматиран како една партиција и со буква C:, може да купите втор диск, да го партиционирате и форматирате со disk manager и наместо да му дадете нова буква, може да го прикачите во драјвот C: како фолдер. Секако, секој нов фајл зачуван во тој фолдер, ќе биде зачуван во новиот хард диск.
Ова може да ви биде многу корисно бидејќи некои апликации (базите на податоци на пример) можат да пораснат премногу, но не поддржуваат зачувување на податоци во нив во 2 логички различни драјвови.
Исто така да напоменам дека променувањето на една партиција во фолдер, или враќањето назад на фолдерот во засебна партиција, нема да има влијание на податоците зачувани во него. Можете да преместите
NTFS партиција од директориум во директориум, да му дадете буква... Не е потребен рестарт.
Уште една забелешка
: Доколку имате инсталиран некој софтвер на партицијата која планирате да ја прикачите како директориум, најдобро е да ја деинсталирате па повторно да ја инсталирате откако ќе ја завршите постапката бидејќи може да не работи правилно. Доколку заборавите на ова, Windows XP ќе ве потсети додека го прикачувате драјвот како директориум :)
Отворете го disk manager (не ви кажувам како, треба да сте доста искусни за да го направите ова, значи барем да знаете кај е disk manager), десен клик на партицијата која сакате да ја прикачите како фолдер и одбери "Change drive letter and paths...".
Деселектирај ги другите опции (ако ги има), па кликни add.
Одбери "Mount in the following empty NTFS folder", оди на саканиот драјв и додади директориум за вашиот нов драјв. Кликни ОК. Тоа е тоа.
Ако сакаш да ги вратиш работите назад како што си биле, повтори ја процедурата, и тргни ја локацијата на директориумот и одбери буква. Податоците на драјвот нема да бидат загубени.

2.5.Активирај го
clear type
Со оваа опција активирана, фонтот на буквите кои ги гледате во Windows XP ќе ви изгледа многу појасен. Наменет е за лаптоп корисниците и за оние што имаат LCD монитори на нивните десктоп компјутери. Вреди да се експериментира и на традиционалните CRT монитори но земете го предвид мојот совет дека можно е да изгледа доста лошо на CRT мониторите.
За да го активираш
ClearType оди Control Panel --> Display и одбери "Appearance".
Кликни на "Effects". Осигурај се дека "Use the following method to smooth the edges of the screen fonts" е селектиран и во drop down боксот одбери "ClearType". Стисни ОК.
Откако ќе го активирате
ClearType, Можете да одите на оваа страна на микрософт и да ги подобрите перформансите и сетинзите. Кликнете на линков.

2.6.Направете
shortcut од тастатурата до програма или фолдер
Кратенките до програми се многу корисни но само ако се лесно достапни. Може да е голема главоболка да ја минимизирате програмата на која во моментов работите само да лоцирате и активирате некоја програма која има кратенка на десктоп.
За да ги олесни работите
XP ви дава можност да линкувате кратенка до програма со комбинација на одредени копчиња од тастатурата. За жал ова работи само со кратенки кои се поставени на десктоп, не во други фолдери, но сепак е мал корисен совет.
Селектирај го фолдерот или иконата на програмот кој сакате да ја користите. Креирај кратенка со десен клик на него и селектирајќи
"Create ShortCut" од менито. Постави го новиот shortcut на десктоп со повлекување или со cut/paste. Десен клик на новата кратенка и одбери "Properties".
Одбери го "Shortcut" табот и внеси ја комбинацијата на копчиња кои сакаш да ги користиш (XP автоматски ќе ја едитира комбинацијата ако не е прифатлива. Ако стиснеш на пример само "e" ќе ви направи комбинација од CTRL + ALT + E за активирање на програмата или фолдерот). Кликни ОК.
 
Член од
12 мај 2006
Мислења
44
Поени од реакции
0
За да ги олесни работите XP ви дава можност да линкувате кратенка до програма со комбинација на одредени копчиња од тастатурата. За жал ова работи само со кратенки кои се поставени на десктоп, не во други фолдери, но сепак е мал корисен совет.
Мала исправка: не работи само со кратенки поставени на десктопот, туку и со оние од старт менитo.
Иначе супер е темава, just keep on going :icon_lol:

 

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
bravo za temava ...
 
P

Princ

Гостин
Требаше ама после го поставив изворот... Ако имам слободно време ќе продолжам да ги преведувам. Ако не, го имате изворот па читајте :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom