е ајде де како, , тука не се зборува за светлина(давање) и темнина(примање) какви што ги разбираш
8 А Бог го нарече сводот небо.
И бидна вечер, па утро - втор ден.
9 И Бог рече: „Нека се соберат на едно место водите под небото, и нека се покаже копно!” И бидна така.
10 Бог го нарече копното земја, а собраните води мориња. И Бог виде дека е добро.
11 И Бог рече: „Нека изникне земјата со зеленило - со семеносна трева, со плодоносно дрво, кое - секое според својот вид - ќе донесува на земјата плод, што го носи своето семе во себе!” И бидна така.
12 И никна од земјата зеленило, трева што се осеменува, секоја според својот вид, и плодоносно дрво што раѓа плод, што го носи своето семе во себе, според својот вид. И Бог виде дека е добро.
13 И бидна вечер, па утро - трет ден.
14 И Бог рече: „Нека бидат светила на небесниот свод, за да го делат денот од ноќта, нека бидат за знаци, и за времињата, и за деновите и годините,
15 и нека бидат за светила на небесниот свод за да ја осветлуваат земјата!” И бидна така.
16 И Бог направи две големи светила, поголемото да владее над денот, а помалото да владее над ноќта - и ѕвездите.
17 И Бог ги постави на небесниот свод да ја осветлуваат земјата,
18 да владеат над денот и ноќта и да ја одделуваат светлината од темнината. И Бог виде дека е добро.
19 И бидна вечер, па утро - четврти ден.
Третиот ден ја создава земјата т.е морињата, копното, растенијата, а четвртиот ден сонцето и ѕвездите!
Има нешто за неразбирање тука?