Фан Клуб: Кливленд Кавалирс

  • Креатор на темата Креатор на темата Il Chino
  • Време на започнување Време на започнување
Нека му е честито признанието на ЛБЏ за нај корисен кошаркар во НБА..
 
ЛеБрон е SВЕР бе, едноставно нема конкуренција... со Двајт Хауард ми се најомилени кошаркари во НБА... и се надевам на финале на Истокот да биде Кливленд-Орландо... вечерва Кливленд игра во 02:00 часот, само незнам дали ќе биде пренесувана директно на некоја телевизија... со евентуална победа Кливленд ќе ја зголеми предноста и ќе има 2-0 со Атланта во дуелите :vozbud:
 
ЛеБрон е SВЕР бе, едноставно нема конкуренција... со Двајт Хауард ми се најомилени кошаркари во НБА... и се надевам на финале на Истокот да биде Кливленд-Орландо... вечерва Кливленд игра во 02:00 часот, само незнам дали ќе биде пренесувана директно на некоја телевизија... со евентуална победа Кливленд ќе ја зголеми предноста и ќе има 2-0 со Атланта во дуелите :vozbud:
На Алфа нема ништо вечерва.Ќе има солидни стримови ако е некој заентересиран ќе постирам нешто.позз
 
Ајде со среќа сега финале со Орландо очекувам победа на Кливленд од 4-0.имаа време и да се одморат да се спремат за Орландо не ми се верува дека ќе им биде проблем да ги поминат
 
Браво ЛеБрооооон... уф како погоди на секунда до крај :vozbud::vozbud::vozbud:... најдобриот игра кога е најпотребно... немаше смисла да загуби Кливленд, цел натпревар водеше, освен 2-3 водства на Орландо... кога погоди Туркоглу си помислив крај и 2-0 за Орландо но КРАЛОТ е наместо и покажа зошто е МВП :vozbud:
 
Леле што се деси бе :nesvest:
 
Ееееј шо направи овој бе. Ауууууууууу браво алал нека му е ова не го може секој.
 
Кое само лажно движење му го направи на Туркоглу и му избега за после во лет да ја фати топката и да шутира прецизно.ЛеБрон моментално е најдобриот без никаква конкуренција...Ајде сега една победа на жешката Флорида и да се доближиме до финалето...
 
Со ваква игра,тешко дека ке има финале за Кливленд.
 
Ајде ајде вечер мора да се консолидираме и да победиме.Убаво велат сите анализи.Падот на Кливленд е поради послабата игра на Мо Вилијамс за разлика од регуларниот дел.Да со ваква игра нема финале но ако ја вратиме препознатливата форма ќе се вратиме лесно.Вечер во 02:30 на Алфа ТВ директен пренос од 4 тата утакмица
 
Шекил О'Нил допатува во Кливленд

oneil-nba-0207.jpg


Легендарниот, 216 сантиметри високиот и 148 килограми тешкиот, и долго време доминантниот центар во НБА-лигата, Шекил О'Нил стигна во Кливленд, каде новата сезона ќе ја започне како член на Кавалерсите.

Петнаесеткратниот учесник на Ол-Стар кошаркарските натпревари и сопственикот на четири НБА прстени накратко позборува со тренерот Мајк Браун и остатокот од екипата на која има намера да и помогне во остварувањето на сонот за освојување на првенството. Не го сретна ЛеБрон Џејмс, бидејќи најдобриот играч на Кливленд се наоѓа на одмор во Лос Анџелес.

shaq-oneil550x302.jpg


Шек, кој ќе во Кавсите ќе го носи бројот 33, истиот кој му го красеше грбот во средното училиште и за време на универзитетските денови, сеуште не одлучи дали ќе купи куќа во Кливленд, ќе изнајми или ќе живее во хотел за време на настапите во дресот на петтиот НБА тимот во својата кариера.

Интересно е тоа што Кливленд ќе биде првиот град кој го краси различна клима од онаа на која О'Нил беше навикнат да игра во најсилната кошаркарска лига на светот.

По сончевите Орландо, Лос Анџелес, Мајами и Феникс, сопственикот на просекот од 24.7 поени, 11.2 скока и 2.3 блокови во Кливленд го очекува нешто помалку сонце, но и ЛеБрон Џејмс и реалната можност за освојување на петтиот НБА-прстен.

Извор: Спортденес

:vozbud:
 
разбрав дека кливленд зе заинтересирал за винс картер?
точно е ова или не
 
разбрав дека кливленд зе заинтересирал за винс картер?
точно е ова или не


Дечко касниш како бугарски воз :icon_lol::icon_lol: Винс Картер пред 1-2 недели потпиша за Орландо Меџик :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom