Леброн Џејмс ќе игра за Олимпијакос
За сума од 50 милиони долари, Џејмс, од Кливленд Кавалерс ќе се пресели во Грција, со што Олимпијакос ќе добие квалитетен кошаркар од светски калибар за остварување подобри резултати во Евролигата
Леброн Џејмс, ѕвездата во НБА лигата ќе ја напушти Америка и ќе се пресели во Европа, поточно во тимот на Олимпијакос.
Според информацијата која ја пренесе ЕСПН, повикувајќи се на анонимен извор кој е близок пријател со кошаркарот, Џејмс се очекува во следните неколку дена да го има претставувањето во Европа.
Претходно, сопствениците на грчкиот тим за 30 милиони долари го доведоа 25 годишниот
Џош Чилдрес.
Веднаш по оваа информација се огласил и
Џоел Литвин претседателот на НБА Лигата одговорен за кошаркарските операции, кој изјавил дека не би сакал Леброн да замине од лигата, бидејќи тој заедно со
Коби Брајант се вистински икони на американската кошарка.
Оваа изјава доаѓа, откако претходно и Брајант најави дека сака да ја напушти НБА Лигата и да се пресели во тим од Италија, Русија или Грција, доколку добие добра понуда.
право да ви кажам незнам со има стана на тии европските екипи ке праат НБА... и виртус болоња има интересе за еден НБА играч....лол



