Исчезнати лица

  • Креатор на темата Креатор на темата apmkd
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато

1f6a9.png
Вистинскиот предзнак за убиството на Вања е СВИРЕПОСТ - пукано во задушено дете кое требало да биде заложник во изнуда во договор со "таткото"
❗

Главното прашање што се проблематизираше денес по прес-конференцијата на ОЈО и МВР беше: Каква врска има убиството со изнудата од користољубие и немало барање на пари
❓

Еве едно студентско криминалистичко објаснување зошто.
➡️
Грабнување на малолетно лице/дете заради изнуда е скоро исто што и земање/држење заложници за изнуда на корист како терористички елемент.
➡️
Ако се точни информациите дека, Вања се задушила во колата со која грабнувачите ја возеле/однеле на локацијата, тогаш пукањето во задушеното дете е ЧИН НА СВИРЕПОСТ познат во правото како најтежок облик на убиство со казна доживотен затвор.
➡️
Ако детето Вања била задушена, во планот на монструмите таа станала неупотреблив заложник со кој не можат да изнудат ништо и затоа никој не барал ништо
❗

Во монструозниот план на убиецот и соизвршителите чекорот што го презеле со закопување на телото на детето им било надеж дека, никогаш никој нема да ја најде и нема да бидат откриени.
❌
Најмонструозниот дел од овој план според сите криминалистички златни прашања е т.н., ТАТКО, но не само заради согласувањето сопственото дете да го даде за заложник и да им дојави за најпогодниот момент за негово грабнување во планот за изнуда што го направил со извршителите, туку заради ФАКТОТ што тој ПРВ ЗНАЕЛ дека неговата ќерка е мртва
❗

1f6a9.png
ТОЈ ПРВ ЗНАЕЛ дека нема да може да се изврши изнудата, зошто заложникот, детето е мртво, па затоа и немало барање пари и изнуда
❗

1f6a9.png
ТОЈ ЗНАЕЛ од понеделник - цели 7 дена.

1f6a9.png
ПО ОВА поставете си го и одговорете си го прашањето КОЈ КРИЕЛ и заради каков "самит" криел
❓

Чија монструозност помеѓу овие монструми е поголема здрав разум тешко може да сфати, но во криминалистиката има градација и реконструкција која ги дава сите одговори.
Во сите криминалистички истраги мора да има повеќе верзии/хипотези за настанот, па така и во оваа.
За да може да се поврзе убиството во Велес од страна на истата група, една од можните верзии би била:
1f6a9.png
"Дали фризерот го дознал/знаел планот за грабнувањето на детето заради изнуда и во него ја гледале опасноста за нивно откривање, па така станал жртва
❓
"
Тешко може да се поверува дека целта била колата, а мотивот - долг од 500 евра.
Кога голем број поддржувачи на Палевски и тој самиот кукаа јавно дека безбедносните служби ги третирале, работеле, дека тие не планирале никакви убиства, експозиви, оружје и сл., туку дека тие биле невидени патриоти под ѕвездата на Вергина, тогаш сите веруваа во некаква "света мисија" на овие монструми од луѓе, па и пари донираа од дијаспората за нивната "мисија"
❗

Очигледно требало да има клиничко посматрање на овие болесници за кои буквата "П" не е Патриотизам, туку Пари и Патолигија
❗

Едно од клучните прашања е дали соодветно и континуирано се следат состојбите кај нас на линија на радикален, профитно ориентиран десен екстремизам кој е предворје на тероризмот
❓

Ова е прашање за сите институции.
И престанете да се бусате во гради со ѕвездата од Вергина, пароли, знамиња и квазипатриотизам за "никогаш Северна", зошто овие идиоти им го уништија секаквото значење ..., Веќе ќе ви биде срам кога ќе го видите во чии раце било и како зад "Големиот" патриотизам се криела монструозност и Гол Криминал
❗




:eek:
 
Me interesira kolku ima vistina i tezhina ovaj text koj predmalce e objaven na vecer.mk !?

ЕКСКЛУЗИВНО ДОСИЕ:
Палчо и соработниците се проект на полицијата и СДСМ



Штета, започна политизација на случајот и најверојатно ќе кулминира ако Палчо успее да избега во земја која нема да го испорача, посебно ако биде тоа Русија и оттаму започне да пишува постови на социјалните мрежи.
 
Последно уредено:
Kako ke se krie vecno ? nema mn pari ovaj ne e milioner, pa da moze kako Grueski. Ke go fatat za brzo ili sam ke se predade

Тој сега сигурно врти телефони и уценува со снимани разговори, тоа бар сите знаат дека има во изобилство.
 
Vo kontekst za vrskata so devojceto mislev!
Inace se razbira daka se vo pravo. Inace shto se trubi po veles za sluckata?
Јас оттука повеќе разбрав и поточни информации, отколку од рекла-казала..

Меѓутоа траорна е атмосферата денес! Не можам да ти опишам… буквално на секој му се гледа на лицето колку е резигниран и тажен.
Неколку фамилии се уништија преку ноќ…:(
 
Читав дека бугарите рекле дека таков човек не влегол во Бугарија.
DA! Ama denes pred da e izdadena poternicata!
"нема на нивна територија убиец кој се бара со меѓународна потерница."

A i toa e tocno zatoa shto dotogash nemashe poternica.
 
Сеа прочитав што напишала онаа Фросина Ременски. Пишува дека имало информации, не знае дали се точни, дека девојчето се задушило во гепек. Претпоставувам дека монструмиве и ставиле трака на уста. Можда и тука да тргнало се наопаку, девојчето било мртво уште во гепек, па кога стигнале у Бразда и виделе каква е ситуацијата, им пропаднал планот за откуп, па решиле да се осигураат дека не е жива, пукале во неа и ја закопале. Затоа и не се јавиле кај мајката и не барале ништо, а не од паника. Сега, истрагата ќе покаже дали е тоа вистина. Али звучи како реално сценарио.

Мажот на Фросина држеше јака позиција во МВР, така да верувам има доста точни информации од истрагата до сега.

Штета, започна политизација на случајот и најверојатно ќе кулминира ако Палчо успее да избега во земја која нема да го испорача, посебно ако биде тоа Русија и од таму започне да пишува постови на социјалните мрежи.

Нема таква држава која ќе чува убиец на дете, посебно не Русија бидејки знае дека ќе изгуби многу.
 
Читам по Твитер дека фатил Тајланд, Камбоџа. Никогаш нема да го вратат ако веќе е отиден таму. Каков гомнар.

Тоа се приказни за мали деца, ако не го најдат во близок рок Палчо и да го донесат на суд и да ги изнесат доказите тогаш целиов случај ќе остане максимално сомнителен и огромен дел од луѓето ќе имаат сомнежи дека се е исценирано и со компетно право. Ќе изгледа само како жртвување на тројца клошари и наркоман за да се спасат други.

Палчо ниту има доволно пари, ниту се товари за некој бел криминал па некој да му даде заштита, за убиство на дете се гони. И од Тајланд и од Камбоџа ќе го вратат доста брзо со медиумска кампања.Ниедна држава не сака публицитет дека крие убиец на деца.
 
Kako ke se krie vecno ? nema mn pari ovaj ne e milioner, pa da moze kako Grueski. Ke go fatat za brzo ili sam ke se predade
Немора да е милионер, доволно е да пребегне у некоја мувла држава па за кур ќе го фатат после.
 
1. Ова убиството нема форми на "користољубие"

2. Не постои конкретно дејство на уцена и изнуда.

3. Девојчето е киднапирано за да биде егзекутирано.

4. Причината за тоа може да биде, дека таа нешто знаела, била сведок на нешто што можело да упропасти нечија кариера бизнис или живот, можеби сакала да обзнани нешто, можеби била злоупотребена од некоја битна (моќна) фаца или сл.

5. Телото мора да биде на детална и професионална обдукција под независен и сигурен надзор од повеќе лица, за да не се остави простор дека ќе се прикрие нешто што може да даде вистински показатели за причините за убиството.

6. Признанијата на учесниците не смеат веднаш да се земат здраво за готово без разлика колку и да соодветсвуваат со некакви материјални докази зошто истите можеби да се и така наместени да изгледаат баш така. Нивните искази во побитниот дел се сведуваат дека така им кажал егзекуторот (планерот) , а тоа никако не мора да значи дека тој им ја кажувал вистината.

7. Не е ништо толку едноставно, ниту лесно и наивно, да се убиваат луѓе , а извршителот првото убиство многу повеќе денови , а второво (малолетно девојче) три дена откога е егзекутирана, убиецот да функционира нормално и мува да не го лази. Тој се чувствувал многу сигурен и доволно безбеден и си функционира како и секој друг ден, а таков може да биде само и само ако нарачателот или оној за кого работи е многу моќен за да му ја обезбеди таа комоција.

8. Да имате храброст да егзекутирате втора жртва со возило кое е сопственост на веќе убиено лице по кое полицијата трага мора да произлегува од висока моќ.

9. Да вмешаш толку сведоци (непрофесионалци) кои брзо ќе "пропеат" и да оставиш толку видливи траги (пред камери и сл.) мора да си сигурен дека тоа никој нема да го гледа.

10. Треба да се бара нарачателот, тој е најбитниот во овој случај, актерите се повеќе или помалку ете сите тука.

Има уште многу прашања , има уште многу за докажување и ова не смее да заврши само на исказите на двајца учесници кој очигледно се најмени и не биле и сеуште не се ни свесни самите во што се сплеткани и за што точно ќе бидат употребени.
 
Немора да е милионер, доволно е да пребегне у некоја мувла држава па за кур ќе го фатат после.
Кај ќе се крие на ова доба на интернет, ќе контактира некој познанинк.
 
Имало случај на кражба на постари луѓе у Глуво кај што е роден овој монструмов, старецот починал у болница набрзо после кражбата и претепувањето. Некој им влегол и ги ограбил и ги претепал у сопствената куќа, не знам кога точно се случило, не е чудо овој демонов да бил.
Точно е ова да, треба да има околу две години, мислеле дека не сакаат да кажат кај им се сокриени парите цела куќа им ја превртеле и се случило тоа што се случило за жал. Шокиран бев за таа случка што се може да направи некој, а за ова буквално немам зборови, нека почиваат во мир, мислам дека нема човек кој не остана потресен цела ноќ...
 
Кај ќе се крие на ова доба на интернет, ќе контактира некој познанинк.
Ќе видиме тоа. Уште од сам старт смрди како сам он е побегнат, а другиве клошари се поапсени.
 
Нема таква држава која ќе чува убиец на дете, посебно не Русија бидејки знае дека ќе изгуби многу.

Хммммм, ајде ќе видиме, не заборавај ова е Македонија и истрагата може да биде уништена, посебно ако се политизира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom