И шо толку ти смета нивното просење,не ми е јасно?
Ако сакаат да просат,ке просат.Мада шо сумњам дека било кој го сака тоа,како и да е,тоа е нивен избор.Твој избор е дали ке им даеш пари,или не.Они се за да те прашаат.
Офтопик, ако?
Зборот ми беше за просењето. Во Велес нема толку, ама во Скопје има многу луѓе кои просат. И тоа се едни исти фаци, знаеш точно на кој агол од улицата ќе ги сретнеш, не бараат било каква помош на мирен начин, туку буквално ти се бесат за ногата, и нема да се одлепат додека не им дадеш нешто. Доколку не ги фермаш, ќе ти мавнат милион клетви се` додека не им избегаш од видикот. За разлика од тие, има луѓе кои просат, ама не на начин "Дај ми пара за леб", туку се потрудиле да изведат нешто интересно кое стварно вреди да се види, и скромно бараат награда за тоа. На тие луѓе да ти е мило да им извадиш некој денар и да им дадеш.
Значи 10 работи...
1. Грција.
2. Ноќниот живот во Велес.
3. Себични створења кои гледаат само за себе и не фермаат ништо околу нив.
4. Фаци кои се прават дури и поглупи од тоа што се...
5. Лажни насмевки и празни тапкања по рамо.
6. Луѓе кои ги гледаш еднаш во 2 месеци и ќе ти речат: "Знаеш дека секогаш сум тука за тебе кога и да ме побараш", а уствари не знае што ти се дешава во животот 3 години уназад.
7. Исфилмани женски/машки кои облекле некој смешен фустан/сако, држат во рака мартини/виски, слим цигара/пура и мислат дека можат да свиткаат џам.
8. Несовесни возачи, колку и да вози брзо, ќе стигне само 5 минути порано таму кај што треба. И вреди ли?
9. Наметливи луѓе на кои у фаца им кажуваш дека ти се досадни, и се смеат на тоа, мислејќи дека се заебаваш.
10. Од некои фаци на форумов. Поради нив, понекогаш имам претстава дека форумов е една огромна маска.