Toma
Корона стронг
- Член од
- 22 април 2014
- Мислења
- 4.177
- Поени од реакции
- 3.426
Времињата тогаш беа такви, ако не знаеше нешто наставникот ќе ти залепеше шамар или ќе те треснеше со стапче по глава/раце,Во секој случај никој жив не може да ме убеди дека тогашните не се едно 20тина пати подобри од овие денешните. А тоа е што имав можност да ги видам и двете страни, фатив малку и од старите и од овие сегашните греови вмровски што не знаат а да кажат.
наставникот не има оставано и после часовите на дополнителни часови, ни задаваше лекции кој мораше да се научат за 40 минути инаку тешко тебе,
ни пишуваа и кецови (со молив) и до попладнето дознаваше цело “село“ и потоа дома ти држеа воспитни предавања и те тераа да научиш,
сега ако некое дете добие слаба оцена родителите одат да се расправат со професорот, како он да е крив за незнаењето на детето.
Друга негативна работа беше воведувањето на компјутерите, јас ги фатив само една година и таа година ми беше уживанција, комотно можеше да си спиеш позади нив, а ако ти беше досадно можеше да си изиграш некоја игричка.
Во втора година учев најмногу, а имав најслаби оцени, додека четврта учев најмалку, а имав најголеми оцени,
значи знаењето не дава резултати, треба “памет“!
На мене Македонскиот и Францускиот никако не сакаа да ми појдат, одвај со врски ми ставаа 4-че на крајот (не бев толкаво дрво), што и да правев немаше резултат, затоа и до некаде ги сфакам тие што не знаат математика, ама да незнаат дропка да соберат,Да не зборам и дека е сосема погрешно она „мене не ми оди математика“. Има разлика од не ми оди некој предмет и не се замарам со некој предмет. А со математика не се замараат 90% од денешниве средношколци и студенти, затоа што наместо да вложеле малку труд, одбрале да се водат по максимата не ми оди математика. Од ова потоа ќе доаѓа „ама не знам јас тоа, види ти“ кога личноста ќе се вработи и нема да сака да преземе одговорност и да сработи нешто, туку ќе остави на попаметниот колега кој останува по 10 саата на работа, најчесто во државна администрација.
имав прилика кога полагавме матматика на факс, да не стават со медицината заедно, тестот и беше боза, едноставни задачи како да се 5 оделение, си помисллив “ту бе Т. како не се запиша таму ќе си имаше барем една 10-ка“.