D
drle
Гостин
Претставници на „Дојче Телеком“, компанијата сопственик на „Ти-Мобајл“ и „Космофон“ идната недела доаѓаат во Скопје во обид да го озаконат монополот на македонскиот пазар. Ќе лобираат на највисоко владино ниво.
Во вторник Германците ќе ја презентираат нивната деловна стратегија по што надлежните институции ќе треба да испитаат дали во Македонија се создава нов пазарен монструм.
По преземањето на „ОТЕ“ од страна на „Дојче Телеком“, сликата на сопственичката поставеност во мобилната телефонија во Македонија изгледа вака: „Дојче Телеком“ го поседува „Ти-Мобајл“, а од неодамна преку „ОТЕ“ и „Космофон“. Овие два оператора заедно држат 90% од пазарот.
Во законот за заштита на конкуренцијата стои дека монопол може да се појави ако одредена фирма има контрола на повеќе од 40% од клиентите и услугите, но за да се утврди монополска позиција и за да се реагира треба да се проверат дополнителни критериуми.
Според ова, но и според определбата на власта за демонополизација на најважните дејности може да се очекува дека „Дојче Телеком“ нема да успее во намерата да се инсталира на македонскиот пазар како силен монопол. Едно од можните решенија на кое ќе бидат принудени Германците е продажба на „Космофон“. Според информациите на А1 за овој оператор интерес пројавуваат третиот оператор „ВИП“ и словенечкиот телеком.
Извор А1
Прв испит за владата и тоа доста крупен испит кој ги засега сите граѓани.
Доколку темава е ставена на погрешно место слободно префрлетеја во
Економија и бизнис. Иако мислам дека ова прашање ке стане повеќе политичко отколку економско.http://forum.kajgana.com/forumdisplay.php?f=23