Black Rose
дете на цвеќето
- Член од
- 12 февруари 2007
- Мислења
- 1.972
- Поени од реакции
- 38
Никоја од девојките не одбира да биде соло. На почетокот на серијата навидум е така, но всушност ретко во која епизода некоја од нив нема партнер, па макар и за една вечер. Кери се гледа себеси со Mr. Big и со Mr. Big, сите останати врски беа само пат до заклучокот. Миранда беше цврсто решена да гради кариера и да не дозволи никој да и застане на патот, но, доби дете и на крај сепак се пронајде во улогата на мајка и сопруга. Шарлот е заколнат верник во љубовта, во текот на целата серија со ентузијазам го бара "вистинскиот" за неа, на крај и го пронаоѓа. Саманта се заљуби и успеа да одржи 5 годишна стабилна врска.Утрово, околу 5 часот на НОВА затекнав и слатко си изгледав една епизода од култната серија „Сексот и градот“. Сум гледала многу епизоди од оваа серија, но никогаш не сум се задлабочила во прашањето кое денес ми се наметна. Секоја од девојките во споменатата серија е сама, но секоја од сосема различна причина:
1. Кери, затоа што има нескротлив и независен дух
2. Миранда бидејќи е кариеристка
3. Шарлота затоа што го чека принцот на бел коњ
4. Саманта, затоа што премногу сака секс за да си дозволи задоволството да и стане обврска (брачна)
Што мислите, која од наведениве причини е најчеста за една Македонка да избере да биде соло, што патем кажано се почесто се случува?
Факт е дека е се поголем процентот на размазени млади луѓе, кои се држат, а богами има и такви кои цел живот се држат до "тато носи, мама меси", и иако полот не е пресуден, но, во секој случај бројот на девојки, е завидно поголем од бројот на машки кои знаат да се исперат, испеглаат, да си подготват јадење и општо земено да ја одржуваат хигиената во домот.Пихх.. ме интересира искрено, колку од денешниве 20-годишни девојки знаат да готват?
И под “перење“.. се надевам дека не мислиш на рачно перење, тоа па ептен би ме засмеало. :kesa:
Куклиња на тато, кичма искршивте од работа.
Не мора да е убав, доволно е и да има само убави очи па да те привлече, ако духовно и интелектуално се надополнувате, убавината не претставува некој фактор. Пожелно е да е sexaholic и одвратно е кога кога некој ти лиже нозе, фигуративно.Веројатно е тоа така затоа што и вие сами си поставувате критериуми за совршенство. Да биде убав, да не биде сексохолик, да ти лиже нозе итн итн. Епа неможеш се да најдеш во еден пакет. Не само во Скопје, туку сегде у цел свет.
Причина е самобендисаноста како на жените така и на мажите. Секој смета дека заслужува подобро, а уствари никој не сфаќа дека треба да тргне најпрво од себе, а потоа да бара и во другите.
И не, мажите во Скопје се далеку од очајни. Меѓутоа кога голем дел од женската популација се заслепени од западниот стил на момци кој им е презентиран (кои се само фикција, а се далеку од реалност), многу е реално да овдешните изгледаат очајно...
Mногу повеќе ти си во заблуда околу тоа што навистина сакаат жените, отколку што жените се заслепени од некаков идеал за "совршен" маж.
Спосоеблести сме сите Него... да, секој маж е способен, способни биле и во патријархатот, и векови наназад, меѓутоа ретко кој маж се труди да изврши некоја од домашните обврски.Колку сакаш можеш да збориш но улогите се драстично сменети. Жената никој не ја тера да биде слугинка. Во денешно време секој маж е спосоебен да го прави она што го прави и секоја жена.