„Сексот и градот“-зошто се повеќе жени избираат да бидат соло?

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајанта
  • Време на започнување Време на започнување
Утрово, околу 5 часот на НОВА затекнав и слатко си изгледав една епизода од култната серија „Сексот и градот“. Сум гледала многу епизоди од оваа серија, но никогаш не сум се задлабочила во прашањето кое денес ми се наметна. Секоја од девојките во споменатата серија е сама, но секоја од сосема различна причина:
1. Кери, затоа што има нескротлив и независен дух
2. Миранда бидејќи е кариеристка
3. Шарлота затоа што го чека принцот на бел коњ
4. Саманта, затоа што премногу сака секс за да си дозволи задоволството да и стане обврска (брачна)
Што мислите, која од наведениве причини е најчеста за една Македонка да избере да биде соло, што патем кажано се почесто се случува?

Никоја од девојките не одбира да биде соло. На почетокот на серијата навидум е така, но всушност ретко во која епизода некоја од нив нема партнер, па макар и за една вечер. Кери се гледа себеси со Mr. Big и со Mr. Big, сите останати врски беа само пат до заклучокот. Миранда беше цврсто решена да гради кариера и да не дозволи никој да и застане на патот, но, доби дете и на крај сепак се пронајде во улогата на мајка и сопруга. Шарлот е заколнат верник во љубовта, во текот на целата серија со ентузијазам го бара "вистинскиот" за неа, на крај и го пронаоѓа. Саманта се заљуби и успеа да одржи 5 годишна стабилна врска.

Пихх.. ме интересира искрено, колку од денешниве 20-годишни девојки знаат да готват?

И под “перење“.. се надевам дека не мислиш на рачно перење, тоа па ептен би ме засмеало. :kesa:

Куклиња на тато, кичма искршивте од работа.

Факт е дека е се поголем процентот на размазени млади луѓе, кои се држат, а богами има и такви кои цел живот се држат до "тато носи, мама меси", и иако полот не е пресуден, но, во секој случај бројот на девојки, е завидно поголем од бројот на машки кои знаат да се исперат, испеглаат, да си подготват јадење и општо земено да ја одржуваат хигиената во домот.

Веројатно е тоа така затоа што и вие сами си поставувате критериуми за совршенство. Да биде убав, да не биде сексохолик, да ти лиже нозе итн итн. Епа неможеш се да најдеш во еден пакет. Не само во Скопје, туку сегде у цел свет.
Причина е самобендисаноста како на жените така и на мажите. Секој смета дека заслужува подобро, а уствари никој не сфаќа дека треба да тргне најпрво од себе, а потоа да бара и во другите.
И не, мажите во Скопје се далеку од очајни. Меѓутоа кога голем дел од женската популација се заслепени од западниот стил на момци кој им е презентиран (кои се само фикција, а се далеку од реалност), многу е реално да овдешните изгледаат очајно...

Не мора да е убав, доволно е и да има само убави очи па да те привлече, ако духовно и интелектуално се надополнувате, убавината не претставува некој фактор. Пожелно е да е sexaholic и одвратно е кога кога некој ти лиже нозе, фигуративно.

Mногу повеќе ти си во заблуда околу тоа што навистина сакаат жените, отколку што жените се заслепени од некаков идеал за "совршен" маж.

Колку сакаш можеш да збориш но улогите се драстично сменети. Жената никој не ја тера да биде слугинка. Во денешно време секој маж е спосоебен да го прави она што го прави и секоја жена.

Спосоеблести сме сите :pos: Него... да, секој маж е способен, способни биле и во патријархатот, и векови наназад, меѓутоа ретко кој маж се труди да изврши некоја од домашните обврски.
 
Abe, ne gi bidue, serijata e kao Sipmsonovi-parodija, sporedba, kakvi se utki nema u osnova, pa nashive curi pa se dichat...leeeeee brukotilaci:pos2:
 
Не мора да е убав, доволно е и да има само убави очи па да те привлече, ако духовно и интелектуално се надополнувате, убавината не претставува некој фактор. Пожелно е да е sexaholic и одвратно е кога кога некој ти лиже нозе, фигуративно.

Mногу повеќе ти си во заблуда околу тоа што навистина сакаат жените, отколку што жените се заслепени од некаков идеал за "совршен" маж.
Мислам дека јасно кажав, НЕ СИТЕ ЖЕНИ... Така да сфаќам зашто мислиш дека сум во заблуда... Не се пронаоѓаш во нив. Меѓуота доста припадничкни на женскиот пол ги имаат тие барања. А и да, ако ти сакаш да е сексохолик, не сакаат сите...А ако е навистина така дека жените сакаат сексохолик (а 90% од машите во Скопје се), тогаш тоа не е причината значи поради која жените одбираат соло.
А дека се заслепени, се...Сигурно и ти си посакала тука во Скопје да има некој бар малку сличен на твојот омилен глумец (да речеме Бред Пит)...Што значи ти несвесно бараш нешто, но вака го негираш, и викаш дека не е тоа така...

Ова, слободно можеш да си го заборавиш...Сите денес бараат убавина... Меѓутоа мило ми е што ти ги цениш и другите способности...А со вакво размислување не верувам дека ти би била соло, така да јасно е зашто мислиш дека јас сум во заблуда...

Меѓуота гледано од оваа страна, машки аспект, секој го согледува истото (зборувам за поголем дел од жените, не за сите):smir:
 
Ма каков сличен, јас само оригинали посакувам :icon_mrgr

Не се сведува на свесно или несвесно барање копија, нормално е да ти се допадне личност која наликува на некоја друга што претходно го привлекла твоето внимание, од причина што и двете индивидуи поседуваат одредени карактеристики кои тебе те привлекуваат.

Ова, слободно можеш да си го заборавиш...Сите денес бараат убавина... Меѓутоа мило ми е што ти ги цениш и другите способности...А со вакво размислување не верувам дека ти би била соло, така да јасно е зашто мислиш дека јас сум во заблуда...

Меѓуота гледано од оваа страна, машки аспект, секој го согледува истото (зборувам за поголем дел од жените, не за сите):smir:

Секој бара убавина точно, но секој со сопствена дефиниција за неа, па дури и за физичката. Немало избор на мажи, секогаш има :), освен ако не излегуваш, не се социјализираш или не си се ни обидел да погледнеш подалеку од она што те опкружува. Сакал само секс, не сакал секс, не работи по дома и уште не знам што, глупости! Премногу банално и смешно за една жена да реши да остане сама.

Грешка, голема (за болдираното) :) Би била соло со задоволство, од причини за кои не би дискутирала сега и тука. Моментално не сум, имам дечко, ми се допаѓа начинот на кој се се поставени работите и не би менувала ништо, сега засега.
 
зашо се поише мажи се гадови и веќе се навикнавме полека лека да стануваме независни и да мечтаеме дека некогаш, можеби некогаш ќе дојде принцот.... можеби и ке дојде :tapp:
 
зашо се поише мажи се гадови и веќе се навикнавме полека лека да стануваме независни и да мечтаеме дека некогаш, можеби некогаш ќе дојде принцот.... можеби и ке дојде :tapp:
заборави на најголемиот пронајдок на 20 век
неговото височество вибраторот.....
што ги прави мажите заменлива работа посебно ако немаат интелегенција .
 
заборави на најголемиот пронајдок на 20 век
неговото височество вибраторот.....
што ги прави мажите заменлива работа посебно ако немаат интелегенција .

:pos2: ДА! како можев?!:pos2:
немора да има љубовни разочарувања повеке! :vozbud:
 
Vibratorot ne vi nosi pari ;) Samo vi gi zima ... bateriite kostaat ^^

батрии се купуваат а ново срце не... затоа заеби парите и последните би ги дала ако знам дека ке заспијам насмеана а и таква ке се разбудам... а за пари од маж.... од кога само мажите заработуваат... да не си заталкал ти у турско? колку што Знам некој жени заработуваат повеке= повеке не сте ни неопходни онолку колку што сте биле некогаш! :nenene:
 
Toa so bateriite i so parite mi bese primer za kakvi se 'poveketo' zeni vo Makedonijava ...
Zaebi ti karakter/ubavina/23cm koa nema BMW ... Zenite tuka (a i segde i guess) sakaat da se materijalno dobro obezbedeni ...Retki se onie koi sto ne odat po pari.
 
Кога го читам овој BMW моментов се чудам како имаат девојки оние кои не возат BMW? А такви познавам еден куп.
И да не се лажеме, битно е партнерот со кого си да е материјално обезбеден, посебно кога имаш намера да живееш со него/неа во брак. Ако сакаш да надградиш нешто треба претходно да имаш основа. И аман веќе со тој муабет дека жените се материјалисти, кога јас познавам мажи кои имаат многу поголеми барања од BMW. Значи не е до жената, до човекот е.
 
Не реков ја дека нема такви ? Ама мал е бројот ... споредено со оние што одат по пари.

За болдираново нема да коментирам мн. ... само би ти препорачал да ги читнеш другите теми и коментарите од типот .... би се фрлила од зграда за него бла бла бла =)

Фикција ?
 
... само би ти препорачал да ги читнеш другите теми и коментарите од типот .... би се фрлила од зграда за него бла бла бла =)

Фикција ?

Мојот избор нема BMW, али може да те извози умствено и да ти качи адреналин повеќе отколку да те извози со тоа BMW-то. :wink:

Ај попрецизно малку со муабетов околу фрлањето. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom