„Привремена поезија“

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.796
Поени од реакции
33.613


Ви се случило ли додека пешачите по улица, одеднаш, случајно да забележите стихови од големиот Блаже Конески, неповторливиот Петре М. Андреевски или, пак, од Маџиров или Мартиновски, на некое осамено дрво или, пак, на некое ѕитче каде што секој би можел да ги види додека поминува, напишани на хартија со интересен фонт и фина илустрација? Токму тоа ви го овозможува проектот
„Привремена поезија“ - искрена и импулсивна идеја да се извади убавината на поезијата надвор од книгите. Во него може да се вклучи секој што ќе посака, потребни му се хартија и пенкало, леплива лента или пулови. За другото - стиховите ќе си кажат сѐ!

Обид да се зашаренее сивилото во градот

Оваа интересна идеја, која патем предизвика огромен интерес на социјалните мрежи, но и кај случајните минувачи, е дефинитивно полн погодок да се приближи поезијата до масовната публика. Иницијаторка на проектот е Мери Доневска- Костуранова. Таа ги залепи првите неколку стиха на повеќе локации низ центарот на Струмица и за кратко време доби поддршка од нејзиниот сопруг и уметник Ване Костуранов и од Ванчо Стојков.
- „Привремена поезија“ е начин да видиме и да почувствуваме нешто длабоко и убаво во неубавото секојдневие, нешто што ќе нѐ натера да застанеме и да размислиме. „Привремена поезија“ е потсетник на убавината и покрај сета грдотија. „Привремена поезија“ е да се кажат многу нешта, а да се остане нем - вели Доневска-Костуранова.
За уметникот Костуранов, пак, „Привремена поезија“ е обид да се зашаренее сивилото во градот.
- Таа е да се сподели и радост и болка. Да се потсетиме на изгрејсонцата и на зајдисонцата. „Привремена поезија“ е потреба од убавина - додава Костуранов.

Изборот на стихови е во рацете на споделувачот

Секој што има желба да се вклучи и да ја шири поезијата тоа би можел да го направи на следниот начин - избира поезија според својот сензибилитет и ја споделува во јавниот простор.
- Бројот на авторите сигурно ќе се зголемува, а изборот на стих и на автор е целосно во рацете на оној што решил да сподели „Привремена поезија“ - истакнува Доневска-Костуранова.
Меѓу авторите, чии стихови досега се споделени, се: Јехуда Амихај, Петре М. Андреевски, Блаже Конески, Никола Маџиров, Владимир Мартиновски, Георги Господинов, Николина Андова Шопова.
Освен во Струмица, „Привремена поезија“ почна да се шири и во Битола, Прилеп и во Скопје.
- Искрено, се надеваме дека многу брзо ќе се рашири и во преостанатите градови. Потајно, се надевам дека ќе прерасне во некое револуционерно, герила-движење, кое ќе има цел да го спаси светот со убавина - заклучува Доневска-Костуранова.
Според поетот Владимир Мартиновски, проектот „Привремена поезија“ е непретенциозен и искрен влог за популаризацијата на поезијата. Како што вели, го радуваат одекот и ширењето на акцијата во повеќе градови, особено во пресрет на „Струшките вечери на поезијата“.



Поетите за „Привремена поезија“


Никола Маџиров

Оние што пишуваат размислувале за вечноста - порано преку длабочината на буквите што ги резбале во камењата, а денес преку умножениот број на споделувањата. Но „Привремена поезија“ ја открива вистинската природа и моќ на зборот и поезијата - привремени како лист од хартија, кој и најслабиот ветер или љубопитната детска дланка би можеле да го разнесат низ градот.


Владимир Мартиновски

Стиховите или целите песни, напишани „на рака“, се селат од книгите во јавниот простор, а преку фотографиите прикажани на друштвените мрежи поетските текстови мошне брзо стануваат достапни до нови потенцијални читатели. Возбудливо е да налеташ на стихови или песни кога одиш по леб или кога шеташ во парк, да видиш дека некој читател одбрал нечија песна како нешто што сака и другите да го прочитаат.

________________________________________
Текстот е интегрално пренесен од Нова Македонија. Автор на текст: Ивана Нолчева

Што мислите вие за оваа иницијатива? Дали би останале рамнодушни доколку случајно, на сред улица налетате на некој стих од Андреевски, Рацин, Матевски, Шопов? И дали и вие би споделиле некој стих некаде надвор?

Воедно, би сакал во темава да постирате фотографии од „привремената поезија“ на која вие ќе налетате, или фотографии од „привремената поезија“ која ќе ја споделите.







 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Досега немам сретнато нешто вакво, но навистина интересно би било ако во секој град може да се забележи нешто вакво.
Но жално ќе биде што за еден ден оваа ,,Привремена поезија" ќе ја нема на местото каде што таа била поставена, бидејќи сеуште постојат невоспитани луѓе кои ќе го искинат парчето хартија или пак ќе го нагрдат со тоа што ќе напишат нешто непристојно и вулгарно.

:)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.796
Поени од реакции
33.613
Досега немам сретнато нешто вакво, но навистина интересно би било ако во секој град може да се забележи нешто вакво.
Но жално ќе биде што за еден ден оваа ,,Привремена поезија" ќе ја нема на местото каде што таа била поставена, бидејќи сеуште постојат невоспитани луѓе кои ќе го искинат парчето хартија или пак ќе го нагрдат со тоа што ќе напишат нешто непристојно и вулгарно.

:)
Затоа и е „привремена“, Бобче! ;)
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Супер идејава, креативно и се. Али, ако некој наидам на листенце на коe има "поезија" од денешните чупиња како рецимо Лешќо, ја ќе си го земам листенцето за дома. Подоцна и за во тоалет. :)
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Одлично, убаво е да се види низ градов по некој стих. Приметувам дека парови се сликаат под листовите и си ја прогласуваат таа која ја нашле за омилена. Ретка и позитивна работа во градов. А како што приметувам се шири и низ останатите градови.(y)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.796
Поени од реакции
33.613
Одлично, убаво е да се види низ градов по некој стих. Приметувам дека парови се сликаат под листовите и си ја прогласуваат таа која ја нашле за омилена. Ретка и позитивна работа во градов. А како што приметувам се шири и низ останатите градови.(y)
Почна од другите градови, поточно. Од Струмица. Потоа беа споделувани стихови и од Велес, Битола, Куманово, Кичево, Крушево, Охрид и Скопје. Ова се градовите во кои знам со сигурност дека е проширена привремената поезија, но може има и други.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Почна од другите градови, поточно. Од Струмица. Потоа беа споделувани стихови и од Велес, Битола, Куманово, Кичево, Крушево, Охрид и Скопје. Ова се градовите во кои знам со сигурност дека е проширена привремената поезија, но може има и други.
Не знаев. Видов на твитер, после видов во Жена парк на едно дрво, сосема случајно врзувајќи патика. Не е битно од каде е почнато. Во секој случај убаво е, има поети кои заслужуваат нивен стих да биде дел од некоја зграда или нивен стих да биде испишан под некој прозор.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom