„Песна над песните“ - Библијата

Член од
6 јануари 2009
Мислења
30
Поени од реакции
1
Ovoj del od bblijata mi e za lektira pa sakam da gi slusnav vasite razmisluvanja za toa,So e rabotata ta so lubenata i ljubeniot i horot,kolku so razbrav jas neso saka da kazi ko za brakot ali ne sum siguren
 

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Ovoj del od bblijata mi e za lektira pa sakam da gi slusnav vasite razmisluvanja za toa,So e rabotata ta so lubenata i ljubeniot i horot,kolku so razbrav jas neso saka da kazi ko za brakot ali ne sum siguren
Немам многу време сега па накратко..
Можеби на прв поглед изгледа како љубовна песна..но оди многу подлабоко од тоа...се работи за алегорија преку која е претставена љубовта меѓу Израел(неговите деца) и Бог...некои сметаат дека дури има и пророчки елементи со што ја навестува љубовта меѓу црквата(верниците) и Исус..барем според некои најави во Новиот Завет..што да ти кажам гледај на текстот од тој аспект може полено ќе разбереш...
 
Член од
6 јануари 2009
Мислења
30
Поени од реакции
1
Немам многу време сега па накратко..
Можеби на прв поглед изгледа како љубовна песна..но оди многу подлабоко од тоа...се работи за алегорија преку која е претставена љубовта меѓу Израел(неговите деца) и Бог...некои сметаат дека дури има и пророчки елементи со што ја навестува љубовта меѓу црквата(верниците) и Исус..барем според некои најави во Новиот Завет..што да ти кажам гледај на текстот од тој аспект може полено ќе разбереш...
znam znam deka ima sigurno nekoe drugo znacenje,ali u sekoj slucaj fala brat,ke ja procitam use ednas i ke razberam
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
„Песна над песните“ е најлирскиот дел на Библијата. Некои сметаат дека Соломон бил инспириран од љубовта кон црната газела, кралицата од Саба, да ја напише.
Љубовта секогаш говори со јазикот на вљубените, а тој е универзален и непроменет. Тоа што ти го отежнува следењето на творбата е формата. „Песна над песните“ е напишана во форма на дијалог, со коментари од хор кој се јавува како посредник во дијалогот. Ако се апстрахираш од формата, лесно и квалитетно ќе ја доживееш песната, сетики си бил вљубен и можеш да ги идентификуваш чувствата кои се опеани и да се соживееш.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Песна над песните - во поново време е оспорувано нејзиното еврејско потекло. Всушност, најдени се некои лирски состави во Угарит, а и во Египет неколку векови постари од Соломон. Содржината не е потполно иста, но дефинитивно се работи за постара верзија на Песната на песните. Можно е оваа песна Евреите да ја присвоиле од своите културно поиздигнати соседи и господари и со текот на времето таа да добие и некакво мистично значење. Според мене се работи за прекрасно поетско дело со љубовна тематика.
 

kod

Член од
2 април 2008
Мислења
1.113
Поени од реакции
86
Може некој да ја постира целата песна? :smir:
 
Член од
12 април 2009
Мислења
75
Поени од реакции
2
Глава 1
1 Соломоновата Песна над песните 2 Бакни ме со бакнеж на својата уста, твојата љубов е послатка од вино.
3 Мирис на најдобрите мириси, твоето име е разлеано масло, затоа те љубат девиците.
4 Повлечи ме по себе, да бегаме! Царот ме воведе во своите соби. Ќе се веселиме и ќе се радуваме заради тебе, ќе ја славиме твојата љубов повеќе од виното; достојно е да те љубат!
5 Ерусалимски ќерки, црна сум, но убава, како кедровите шатори, како Соломоновите завеси.
6 Не гледајте дека сум поцрнета, зашто сонцето ме опали. Синовите на мајка ми се разгневија на мене, ме поставија да ги чувам лозјата; а моето лозје, не го чував.
7 Кажи ми ти, кого го љуби мојата душа: каде пасеш? Каде одмараш на пладне? за да не скитам, барајќи те, околу стадата на твоите другари!
8 Ако не го знаеш тоа, о, најпрекрасна меѓу жените, излези и следи ги трагите на стадата, и паси ги твоите јариња околу пастирските шатори.
9 Те споредувам со коњите во фараоновите коли, моја возљубена.
10 Прекрасни се твоите образи меѓу ушниците; твојот врат со ѓерданите;
11 ќе направиме златни обетки, за тебе, со сребрени приврзоци.
12 Додека царот се одморува на своите постели, мојот нард мириса.
13 Мојот возљубен е како страк смирна, што почива меѓу моите гради.
14 Мојот возљубен е како кипров грозд од енгадските лозја.
15 О, ти си прекрасна, моја возљубена; колку си убава! имаш очи како гулабица.
16 О, ти си прекрасен, мој возљубен, и љубезен! Зеленилото е наша постела.
17 Кедрите се греди на нашите куќи, а кипарисите покрив.
Глава 2
1 Јас сум саронски цвет, лилјан во долина!
2 Што е лилјанот меѓу трњето, тоа е мојата возљубена меѓу девиците.
3 Што е јаболкницата сред горските дрва, тоа е мојот возљубен меѓу младите. Сакам да седам во нејзината сенка; а нејзините плодови му се слатки на моето грло.
4 Ме воведе во собите на виното и ме покри со знамето на љубовта.
5 Поткрепете ме со колачиња, освежете ме со јаболка, зашто јас сум изнемоштена од љубов.
6 Неговата лева рака ми е под главата, а со десната ме прегрнува.
7 Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, во полските срни и елени, не ја будете и не ја тревожете мојата љубов, додека самата не посака.
8 Гласот на мојот возљубен! ете го, доаѓа, прелетува преку гори, прескокнува брегови.
9 Мојот возљубен е како срна, тој е како еленче. Ете, тој стои зад нашиот ѕид; гледа низ прозорците, наѕира низ решетките.
10 Мојот возљубен почнува да ми зборува: „Стани, моја возљубена, убавице моја, и дојди!
11 зашто, ете, зимата веќе помина, дождот замина и прекрати.
12 Цвеќињата се покажуваат по земјата, дојде време за пеење; и грличиниот глас се слуша во нашиот крај.
13 Смоквата ги исфрли првите плодови, лозјето мириса во цветање. Стани, моја возљубена, убавице моја, и дојди!
14 Гулабице моја, во каменливи пештери, во стрмните и карпести засолништа! дај да ти го видам лицето и да ти го чујам гласот; зашто твојот глас е милозвучен, а твоето лице е прекрасно!”
15 Ловете ги лисиците, малите лисици, што ги оштетуваат лозјата, нашите лозја во цутењето.
16 Мојот возљубен ми припаѓа мене, а јас нему; тој пасе меѓу лилјаните.
17 Пред денот да издивне и пред да се спуштат сенките, врати се, возљубен мој: биди лесен како срна, како срниче на гората Бетер.
Глава 3
1 Во своето легло, во ноќите, го барав оној, кого го љуби мојата душа; го барав, но не го најдов.
2 И така, ќе станам и ќе го оптрчам градот, по улиците и раскрсниците, ќе го барам оној, кого го љуби мојата душа: го барав, но не го најдов.
3 Ме сретнаа стражарите, кои го обиколуваат градот: „Дали го видовте оној, кого го љуби мојата душа?”
4 Туку што тргнав од нив, го најдов оној, кого го љуби мојата душа. Го фатив и нема да го пуштам, додека не го воведам во домот на мојата мајка, во спалната на мојата родителка.
5 Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, во полските срни и елени, не ја будете и не ја тревожете мојата возљубена, додека самата не посака!
6 Што се дига тоа од пустината како столб од дим, од кадењето на смирната и темјанот и на сите милномирисни правови?
7 Ете, тоа е Соломоновата носилка, околу неа, шеесет стројни момчиња, од најсилните во Израел!
8 Сите се вешти со мечевите, обучени се за војна; секому мечот му е на бедрото, заради ноќните опасности.
9 Царот Соломон си направи престол за себе од ливанско дрво.
10 Ги направи неговите столпчиња од сребро, потпирачите за лакти од злато; седиштето од црвено сукно; си е украсено внатре, со љубовта на ерусалимските ќерки.
11 Излезете, сионски ќерки, и видете го царот Соломон со венецот, со кој го овенча неговата мајка, во денот на неговата свадба, во денот на радоста на неговото срце.
Глава 4
1 Колку си убава, моја возљубена, Колку си прекрасна! Имаш очи како гулабица, под твојот превез; косата ти е како стадо кози, што слегуваат од гората Галад.
2 Забите ти се како стадо на остригани овци, кога се враќаат од капење: одат две по две како близначки и ниедна не е осамена.
3 Твоите усни се како лента од црвено предено и твоите зборови се љубезни; твоите образи се како калинкини половинки, под твојот превез.
4 Вратот ти е како Давидова кула изградена за одбрана: илјада штитови висат во неа, си јуначки оклопи.
5 Твоите две гради, како две срничиња, близначиња, што пасат меѓу лилјаните.
6 Пред денот да издивне и пред да се опуштат сенките, ќе тргнам на смирнината гора и на темјановото бреже.
7 Целата си прекрасна, возљубена моја, и нема недостаток на тебе!
8 Дојди со мене од Ливан, невесто! Дојди со мене од Ливан! Слези од врвот на Аман, од лавските пештери, од горите на рисовите!
9 Срцето ми го плени, сестро моја, невесто; срцето ми го плени само со еден твој поглед, само со еден бисер од твојот ѓердан.
10 Колку е слатка твојата љубов, сестро моја, невесто! Твојата љубов е послатка од виното, а мирисот на твоите масла е попријатен од сите мириси.
11 Саќин мед капе од твоите усни, невесто, мед и млеко се под твојот јазик, а мирисот на твоите облеки е како ливански мирис.
12 Ти си затворена градина - сестро моја, невесто, затворена градина и запечатен кладенец.
13 Твоите подници се калинкина градина, полна со најодбрани плодови: калинка и шафран,
14 мирислива трска и цимет, со сите темјанови стракови, со смирна и алој, со најдобри мириси.
15 Кладенецот е во мојата градина, извор на жива вода што тече од Ливан.
16 Стани: северец! дувни: јужен ветре! Повеј над мојата градина, нека се разнесат нејзините мириси. Мојот возљубен нека дојде во својата градина, за да ги вкуси нејзините најслатки плодови.
 
Член од
12 април 2009
Мислења
75
Поени од реакции
2
Глава 5
1 Дојдов во мојата градина, сестро моја, невесто, ги берам мојата смирна и моите мириси, ги јадам мојот мед и моите саќи, ги пијам моето вино и моето млеко. Јадете, пријатели, пијте и наситувајте се, возљубени мои!
2 Јас спијам, но моето срце бдее. Одненадеж глас! Мојот возљубен ми потчукнува: „Отвори ми, сестро моја, возљубена моја; гулабице моја, совршена моја; зашто главата ми е полна со роса, а косата со ноќна влага.”
3 „Ја соблеков мојата облека, како да ја облечам? Ги измив нозете, како да ги извалкам пак?”
4 Мојот возљубен ја провна раката низ отворот и сета моја внатрешност се возбуди од него.
5 Станав, за да му отворам на мојот возљубен, а од мојата рака капеше смирна и потече низ прстите на рачката на клучалката.
6 Му отворив на мојот возљубен, а тој веќе се беше оддалечил и исчезнал; останав без здив кога замина. Го барав, но не го најдов, го викав, но не се одѕва.
7 Ме сретнаа стражарите, кои го обиколуваат градот; ме биеја, ме ранија; и ми ја зедоа наметката чуварите на ѕидовите.
8 Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, ако го сретнете мојот возљубен, што ќе му речете? Дека јас изнемоштувам од љубов.
9 „Во што е твојот возљубен подобар од другите, о, најлична меѓу жените? Во што е твојот возљубен подобар од другите, па ни заколнуваш така?”
10 Мојот возљубен е бел и румен, повеќе од десет илјади други.
11 Неговата глава е како злато - чисто злато; кадриците од косата, како млади палмини гранчиња, црни како гавран.
12 Неговите очи се како гулаби над поточната вода. Забите му се како измиени со млеко, наредени во рамка.
13 Неговите образи се како леи со мирисливи билки; како благомирисно цвеќе, усните му се лилјани, од кои тече смирна.
14 Рацете му се златно прстење, полно со скапоцености; неговите гради - како извајани од слонова коска, покриена со сафири.
15 Нозете му се столбови од мрамор на златни подножја; растот му е како Ливан, величествен како кедар.
16 Говорот му е сладок и сиот е од љубезност. Таков е мојот возљубен, таков е мојот пријател, ерусалимски ќерки!
Глава 6
1 „Каде отишол твојот возљубен, о, нјубава меѓу жените? Каде го снема твојот возљубен, за да го бараме со тебе?”
2 Мојот возљубен слезе во својата градина, при леите со мирисливи билки, да пасе по градините и да собира лилјани.
3 Јас му припаѓам на мојот возљубен, мојот возљубен ми припаѓа мене; тој пасе меѓу лилјаните.
4 Убава си, моја возљубена, како Терса, красна си како Ерусалим, страшна како војска под знамињата.
5 Одврати ги твоите очи од мене, зашто ме збунуваат.
6 Твојата коса е како стадо кози, што слегуваат од Галад. Забите ти се како стадо истригани овци кога доаѓаат од капење: идат две и две како близначки, и ниедна не е осамена.
7 Твоите образи се како калинкини половинки под твојот превез.
8 Има шеесет царици и осумдесет наложници и безброј девици.
9 Но само една е мојата гулабица, мојата совршена единствена на мајката, избраница на својата родителка. Девиците ја видоа и и заблажеваа, а цариците и наложниците ја пофалија.
10 Која е оваа која доаѓа како мугрите што осамнуваат, прекрасна е како месечината, сјајна како сонцето, страшна како војска под знамињата?
11 Слегов низ ореови насади, за да ги видам младите растенија во долината, за да видам дали распупиле лозјата, дали цветаат калинките?
13 „Врати се, врати се, Суламко, врати се за да те гледаме.” Што ќе видите на Суламка, која игра во две дружини?
Глава 7
1 Колку се убави твоите нозе во обувките, кнежевска ќерко! Заобленоста на твоите бедра се како огрлици, дело на рацете на искусен уметник.
2 Папокот ти е тркалезна чаша, што никогаш не е без пијалак; мевот ти е како стог пченица, заграден со лилјани.
3 Твоите две гради се како две срничиња- близначиња на срната.
4 Твојот врат е како столб од слонова коска. Твоите очи се како езерчињата во Есевон, кај Ватравимската Врата. Носот ти е како ливанска стражарница, што гледа кон Дамаск.
5 Твојата глава е како гората Кармил, а косата на главата како црвено сукно, и царот се сплетка во нејзините плетенки.
6 Колку си прекрасна, колку си привлечна, о, највозљубена, меѓу милините!
7 Растот твој е како палма, твоите гради се гроздови.
8 Си реков: ќе се искачам на палмата, да ги дофатам нејзините врвови; а твоите гради ќе бидат како гроздови на лоза; мирисот на твојот здив како јаболка.
9 Твојата уста е како најдобро вино, што тече направо кон мојот возљубен, како што тече низ усните на заспаните.
10 Јас му припаѓам на мојот возљубен, и тој има желба по мене.
11 Дојди, возљубен мој, ќе одиме во полето, ќе ноќеваме во селата.
12 Наутро ќе одиме во лозјата, за да видиме дали распупува лозата, дали се зафаќа грозјето, дали расцветаа калинките? Таму ќе му ја дадам мојата љубов.
13 Калинките шират мирис, во нашите куќи има секакви овошки: нови и стари, за тебе ги чував, о највозљубен мој!
Глава 8
1 О, да си ми брат, да ги цицаше градите на мојата мајка! Тогаш, сретнувајќи те на улица, ќе те пољубев и никој немаше да ме осуди за тоа.
2 Би те повела и би те вовела во домот на мајка ми; ти би ме учел, а јас би те поела со најдобро вино и со сок од калинки.
3 Неговата лева рака ми е под главата, а со десната ме прегрнува.
4 Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, не будете ја и не тревожете ја мојата возљубена, додека самата не посака!
5 Која е таа што доаѓа од пустината, потпрена врз својот возљубен? Те разбудив под јаболкницата, каде те роди мајка ти, каде твојата родителка те донесе на свет.
6 Стави ме како знак на срце, како печат на твојата рака; зашто љубовта е силна како смртта, а љубомората е цврста како гроб. Нејзиниот жар е жар на огнот, нејзините пламења, Господови пламења.
7 Големи води не можат да ја угаснат љубовта, ниту реките да ја потопат. Да го дава некој за љубовта сето богатство на својот дом, тој би навлекол презир врз себе.
8 Имаме мала сестра, која уште нема гради; што ќе правиме со нашата сестра, кога ќе стане збор за неа?
9 Ако биде како ѕид, ќе изградиме врз него сребрен дворец; ако биде како врата, ќе ја обложиме со кедрови даски.
10 Јас сум ѕид и моите гради се стражарници, затоа јас ќе бидам во неговите очи, како онаа што достигнала до полнота.
11 Соломон има лозје во Вал Амон; им го даде на чуварите и секој треба да донесе за неговите плодови илјада сребреници.
12 Моето лозје е пред мене: а Соломоне, за тебе илјада, а двеста на оние што ги чуваат плодовите.
13 О ти, која живееш во градините, другарите го слушаат твојот глас, дај и јас да го чујам.
14 Побрзај, возљубен мој; биди како срна и како еленче во мирисливите гори!



Повелејте :)
 

~angela~

mladiot matematicar
Член од
29 август 2008
Мислења
226
Поени од реакции
25
morav da iskomentiram iako sega e veke epten kasno...mislam stara e temava, ali sepak Pesna nad pesnite ne e bas taka kakos to ja tolkuvaat mnogumina, kako ljubono-erotska kako sto i ni ja kazaa profesorite vo uciliste, ili pak deka e pomegu Gospod i vernicite ili slicno...sepak pesnata ima drugo znacenje porano kako sto i prale znaci ako nekoja kniga ne i se svigala na vlastite tie normalno ja palele, istoto e so biblijata pesnata nad pesnite e napisana za da se zacuva makedonskata azbuka vo toa vreme, pesnata nad pesnite e celata makedonska azbuka so sekoj stih se prikazuva edna bukva od azbukata.....primer vo ovoj stih : 5. Ерусалимски ќерки, црна сум, но убава, како кедровите шатори, како Соломоновите завеси. se krie bukvata A, kedrovite satori i solomonovite zavesi....itn..itn
 
Член од
7 март 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
A da mi kazhite kaj se naogja pesnata nad nesnite xD link da mi pushtite neshto xD ako mozi ? xD
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Црквата може да паламуди колку што сака. „Песна на д песните“ е еротска песна во сред Библија.
Заради тоа и било спорно дали да влезе во Библијата или не.
Исто како и Книгата Проповедник.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom