Радио Скопје имаше(и се уште изгледа има)многу такви добри емисии-снимки.
Мислам една се вика „од нашето револуционерно минато“ или така некако.
Но денес кој слуша радио,еве посебно младинава,мислам не.
Ние порано во школо (кога телевизори имаше по еден-два во маало) добивавме домашна задача,да ја слушаме таа и таа радио емисија и да ја раскажеме во тетратка.
Мислам баш на такви емисии(на пример за Херојот Васил Антевски-Дрен)
Добро би било,да имаме некоја врска со РС и вакви емисии да се постават овдека.
Има една емисија во живо,каде раскажува и Стале Попов,за својте маки и Крпен живот.