„Заборавени“ пријателства

  • Креатор на темата Вештерот
  • Време на започнување
В

Вештерот

Гостин
Дали ви се случило да сте многу добри пријатели со некого/некоја и без да се искарате или да си замерите еден на друг престанувате да се дружите?
Еве ќе дадам свој пример. Има луѓе со кои сум се дружел многу ,сме излегувале често сме спортувале заедно, но со тек на време сме престанале да се договараме и сме престанале да се дружиме. И тоа без никаква причина. Сме се гледале се поретко и поретко. Едноставно како денес да немаме заднички интереси. Ако се сретнеме си кажуваме по едно здраво и тоа е се.
Дали таквите луѓе уште ги сметате за пријатели или само за познаници? Јас сепак ги сметам за пријатели и доколку на пример ме замолат за услуга би им помогнал, бидејќи не ми направиле ништо лошо.
Дали ви е чудно ако некј таков ве побара по телефон и ви рече ајде да се видиме?
Ајде да ги видам вашите мислења на оваа тема.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Тоа обично се случува по завршување на основно или средно, почесто основно, од средно во чест бро случаи останувате другари. Овие луѓе се за мене пријатели и тоа многу добри и би им излегол во пресрет во секој момент, сепак јако другарство не се заборава тек така :)
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Уште еднаш:

Жално е шо кај нас ( или барем околината во која сум опкружен ) за пријатели се рачунаат оние со кои чекаш Нова Година или 1- мај. Имам неколку вистински пријатели... За мене вистински пријател е оној со кој не си се видел милион години, а кога ќе се видете ви се чини дека прошло само миг.
Само така малку цитати ( со кои потполно се сложувам) ...

" 1. Пријател е некој кој го разбира твоето минато, верува во твојата иднина и денес те прифаќа онаков каков што си.
2. Пријателите ги создава среќата, а несреќата ги проверува.
3. Немој да одиш пред мене, можеби нема да можам да те следам. Немој да одиш позади мене, можеби нема да успеам да те водам. Само оди до мене и биди ми пријател.
4. Пријателството е една душа што живее во две тела.
5. Пријател е оној кој знае се за тебе, а сепак те сака.
6. При изборот на пријателот биди бавен, при промена уште побавен.
7. Дружи се со оние кои ќе те направат уште подобар човек.
8. Судбината нам ни ги дала родителите, пријателите сами си ги бираме.
9. Многу луѓе ќе поминат низ твојот живот, но само вистинските пријатели ќе те сакаат и ќе остават трага во срцето.
10. Колку и да е ретка вистинската љубов, уште е поретко вистинското пријателство.
11. Пријателството е како парите, полесно се стекнува, потешко е да се сочува.
12. Животот без пријатели е ништо.
13. Пријателот се сака онаков каков што е, а не онаков каков би требал да биде.
14. На цветот му е потребно сонце, а на човекот љубов и пријателство."

За конкретната ситуација ми се чини дека уствари никогаш и не е било тоа вистинско пријателство. Или едноставно може и некоја ментална еволуција да биде причина за ова (кога едниот оди напред, а другиот тапка) па имаме различни интереси, погледи, сфаќања, потреби во животот кои се повеќе не раздвојуваат. Ма да ако поаѓам од мене, тие шо ми се вистински пријатели едноставно ги сакам(многу пати знам да речам) со сите срања на лицето. Дали се богати,сиромашни, магистри или министри, џанкери или денсери, шизици или макро/микро ебачи, нивната (мојата) моментална ситуација не игра никаква улога во нашето пријателство. Едноставно си се поштуваме. И пак муабетот ми се сврте на она првото - тоа никогаш и не е било вистинско пријателство. Таквите луѓе се само случајни патници во твојот живот.

П.с Не постои ситуација туку така ( не дека ми се нема случено, ама не ја признавам). Значи ако е вистинско пријателство барем едната страна ќе најде причина за контакт, средба шо да е и разумно објаснување на настаната ситуација.
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Имам еден милион такви пријатели што ми биле блиски ама поради икс причини нивото на комуникација ни се намалило и не сме толку блиски. Голем дел од нив се од форумов. Сепак мислам дека еден добар муабет или една средба ќе ја среди ситуацијата, зашто најчесто надворешни фактори диктираат колку си близок со некого, не е секогаш до тебе или до пријателот, иако ако вложиш напор може колку-толку да се одржат односите. И мислам дека не е толку страшно ако се прекине комуникацијата ама после се нормализира. Лошо е кога некого тотално ќе го заборавиш и ќе се правиш на Тошо дека никогаш и не си го ни познавал.
 
М

Мартин`

Гостин
Имам да, претежно оние кои ми биле другари од улицата.. едноставно некој бил година помал друг пак година поголем и патот не однесол на друга страна со друго друштво па така престанавме да се дружиме. Иако сега си имам здраво сепак знам дека што и да ми треба истите би се потрудиле да ми помогнат за било што, како и обратно нормално .. сепак не сме скарани ;)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Секој човек има такви пријателства во својот живот. Тоа е сосема нормално, а како што старееме, уште позачестени ќе бидат тие “заборавени“ пријателства. Се гледа тоа и по нашите родители. И тие порано имале и друштва и пријатели, ама како што поминуваат годините, се помалку време имаат да се гледаат со истите, особено кога имаат деца. Гледам и по мајка ми, се случувало со некои пријателки да не се види две-три години, ама кога ќе се видат не се чувствува празнината, се однесуваат исто како да се гледаат секој ден. И мене истото ми се случило со некои луѓе. По две години нема да се видам со некој, ама ете ќе налетаме случајно на кафе и муабетиме исто како и во старите добри денови. Тоа е живот. Не значи дека ако со некој се гледа човек секој можен ден дека му е повеќе другар од некој со кого се гледа поретко. Едноставно животот и обврските, како и динамичноста на самиот живот постепено се менуваат и се случува другари и пријатели да се разделат во нивните патишта, но сепак и покрај тоа да останат блиски, да се сакаат и да се почитуваат.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Дали ви се случило да сте многу добри пријатели со некого/некоја и без да се искарате или да си замерите еден на друг престанувате да се дружите?
Еве ќе дадам свој пример. Има луѓе со кои сум се дружел многу ,сме излегувале често сме спортувале заедно, но со тек на време сме престанале да се договараме и сме престанале да се дружиме. И тоа без никаква причина. Сме се гледале се поретко и поретко. Едноставно како денес да немаме заднички интереси. Ако се сретнеме си кажуваме по едно здраво и тоа е се.
Дали таквите луѓе уште ги сметате за пријатели или само за познаници? Јас сепак ги сметам за пријатели и доколку на пример ме замолат за услуга би им помогнал, бидејќи не ми направиле ништо лошо.
Дали ви е чудно ако некј таков ве побара по телефон и ви рече ајде да се видиме?
Ајде да ги видам вашите мислења на оваа тема.
Ми се случило, не еднаш туку многу пати, да луѓе со кој сум се дружел постепено престанам да се гледам. Едноставно животот не однел на различни страни.
Еве пример: Многу одамна еден мој пријател многу млад се ожени и полека полека, престанавме да се дружиме бидејќи тој имаше обврска кон децата.
Но и сега го чувствувам како многу близок.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Има секакви „пријателства“ - од едностран интерес, од заеднички интерес, пријателства со долгорочни и краткорочни сметки, па оттаму краткотрајни и долготрајни пријателства. Овие непринципиелни „коалиции“ отсекогаш ги имало и се многу актуелни.
Е сега, искрените вистински, пријателства, оние кај кои интересот не игра улога, се ретки, многу ретки. Не може човек да има многу такви, 3-4 најмногу и тие траат со децении.
Ама темава е заборавените другарчиња и другарки. И јас имам повеќе такви, од основно, од средно, од факултет, од други градови. Од милион причини, оправдани или неоправдани сме се разминале. Самиот факт што не комуницираме кажува нешто. Немаме, не наоѓаме време за нив и обратно, тие за нас. Ама наоѓаме за други, и тоа е тоа. Значи се работи за добри и стари познаници кои некогаш ми биле пријатели, а денес кога ќе се сретнеме, по години, се тераат клишеа од типот: Па каде си, кај се изгуби? Јави се, ќе одиме на пиво или на кафе. И мобилни ќе размениме дури.
Најчесто ми е многу драго кога ќе сретнам некој од нив и забележувам дека и од другата страна случајот неретко е ист. И намерите за воспоставување контакт не се неискрени. Сепак, никој не се јавува, ни јас ни тие. Секој си има свое бреме, проблеми, работа или други обврски, некои имаат и семејства, или пак живеат предалеку. Едноставно, оние пријателства што некогаш функционирале, од икс причини сега не можат да се одржат во реалноста, туку се дел од спомените, носталгијата и нормално е човек да реагира емотивно.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.947
Поени од реакции
1.498
Дали ви се случило да сте многу добри пријатели со некого/некоја и без да се искарате или да си замерите еден на друг престанувате да се дружите?
Еве ќе дадам свој пример. Има луѓе со кои сум се дружел многу ,сме излегувале често сме спортувале заедно, но со тек на време сме престанале да се договараме и сме престанале да се дружиме. И тоа без никаква причина. Сме се гледале се поретко и поретко. Едноставно како денес да немаме заднички интереси. Ако се сретнеме си кажуваме по едно здраво и тоа е се.
Дали таквите луѓе уште ги сметате за пријатели или само за познаници? Јас сепак ги сметам за пријатели и доколку на пример ме замолат за услуга би им помогнал, бидејќи не ми направиле ништо лошо.
Дали ви е чудно ако некј таков ве побара по телефон и ви рече ајде да се видиме?
Ајде да ги видам вашите мислења на оваа тема.
Епа тоа е и финтата, поточно кажано немате меѓусебни или врзувачки заеднички интереси.
 

Towelie

теХАЦЕ
Член од
26 јуни 2011
Мислења
307
Поени од реакции
254
Да има вакви пријателства, со некој деца од школо поради тоа што... незнам не престанавме да се договараме, или пак тој сега е "елита" па по улица ни едно здраво не кажува или пак немаме исти интереси...
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Има некои со кои се дружев во основно сега ни здраво не велат, највеќе тоа ме нервира. Има и некои за кои ми е мака што не се дружиме повеќе, али тоа е .. времето изминува.
 
M

Moon Child

Гостин
Имам еден куп такви.
Повеќето завршиле затоа што јас сум одлучила така. Некои биле од други градови. Некои од мојот град. Завршиле затоа што престанала користа еден од друг, колку тоа сурово да звучи. Несакам кога некој што пред 500 години се сме се виделе последен пат, ќе застане со мене и ме прашува што има ново. Алергична сум на "што има ново". Затоа едноставно си ја вртам главата и глумам дека не гледам. Ако ме поканат на кафе, тоа ќе го сметам исто како да сакаат да ми душкаат по приватноста. Можеби и нема да е така, ама јас така ќе мислам.
Често се случува ако сум во друштво да падне некој муабет од кој јас неубаво се чувствувам и си го земам при срце, иако не се однесува на мене. Затоа одбегнувам многу да се дружам и се држам на дистанца од луѓе општо.
Имам ептен мал круг на пријатели и се трудам да останам во ОК однос со нив. Не се дружам често, но не ни прекинувам контакти. Тоа се обично луѓе пред кои не се срамам која сум, луѓе кои знаат "што има ново". Имам една другарка од основно со која немам проблем, да седнам и да и се пожалам за било што во животов, па дури и за семејни проблеми. Поради тоа го одржувам контактот со неа. Имам проблем кога некој на кого му поставувам граница упорно пробува да ми нушка во приватноста и да ме прашува одоколу работи кои ги знае, но сака да ги чуе од мене лично. Не ја разбирам сатисфакцијата од тоа:cautious:
И така...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom