Грците немаат право на името Македонија
Тихомир Каранфилов
Во времето на националната преродба во XIX век, не само што народите на Европа, врз основа на визијата за минато, туку и Македонците ја компонираа својата национална свест. Додека Бугарите своето словенско потекло го вадеа од Индусите; Хрватите од старите Илири и кралицата Теута; Италијаните и Романците од старите Римјани; Русите своето потекло го бараа во Сарматите и Скитите кои некогаш ја населувале Јужна Русија; Германците од старите Тевтонци, а Грците од старите Елини, Македонците своето потекло го бараа во Старите Македонци. Ако можеле Русите, Бугарите, Италијанците, Хрватите и Грците, како историски народи, со богата средновековна државна традиција, да нуркаат во старите времиња и да бараат оправдување за своето постоење и ако ова е појава што ја следи секоја нација не само во настанувањето туку и за потребите во натамошниот континуитет на еден народ, зошто тогаш Македонците да не се надоврзуват на историјата на Старомакедонците.
Иако низ многу векови територијата на Македонија беше газена, пљачкосувана и под власта на низа освојувачи: Римјани, Византијци, Срби, Бутари, Турци. Грци - славата на Старомакедонците и на Александар Македонски надвиснуваше над сите. Славното име на Македонија и Александар Македонски беше предизвик за сите. Сепак во периодот на борбите за ослободување од османлиската власт, во периодот кога се формираа нациите, ниту Грците, ниту Бугарите или Србите не се повикаа на македонското име.
Како и секој народ пгто ја сака својата земја на која живее и ја смета за дедовска и света, така и македонскиот народ не можеше да биде индиферентен и да не чувствува љубов за татковината и за нејзината историја. Додека Ригас де Фера, знаејќи дека неможе да се повика на името на Александар и ги повикува Грците под знамето на Херкул и Ромеј, дотогаш пак Ѓорѓи Пулевски ќе ги повикува Македонците под знамето на Александар Македонски. Повикувајќи ги Македонците под „воено македонско знаме" во борба против османската тиранија, Ѓорѓи Пулевски ќе ги бодри луѓето со зборовите:
„Дали сте чуле, Македонци, стари људи што говорат:
„Од Македонци појунаци над них не било.
„Цар Александар македонски триста лета пред Христа"
„Со Македонци сви вселену повладал.
Наш крал Филип — Славјанин е, цар Александар - Славјанин е.
Наши баби славјански го родиле.
Македонци! Сетете се за јунакство македонско,
Та спроти старих вие сега да следувате!”
Многу одамна, постоеле мислење дека Александар има словенско потекло. Со појавата на романот за Александар неговата слава се сголемува, а некои од народите и го присвојуваат. Првиот кој старите Македонци ги сметал за Словени бил домениканецот Винко Прибоевиќ, кој во говорот одржан на соборот на Хвар во 1525 годииа ги прогласил за Словени заедно со Аристотел и Филип и Александар Македонски. Некои од нив Александар го сметаат за Србин. Така на пример сплитскиот јазичар Матија Албарти (1561 - 1623), смета дека „словенскиот род под великиот Александар Србљанин на целиот свет закони им давал". Ваквата приказна ја прифатиле дубровничанинот Иван Гундулиќ и Јуниј Палмотиќ, Иван Гундулиќ во својот „Осман" како и Јуниј Палмотиќ во својот балетски текст „Глас" го споменуваат Александар Македонски како „Србљанин" или „Словен”. Преку нив оваа фама се шири понатаму, меѓу другите Словени.
Дека Старомакедонците се Словени, а со нив и Филип и Алаксандар Македонски, не тврделе само наведените дубровнички поети, туку и рускиге историчари Бутков, Савељев - Ростиславич и Чертков, потоа архимандритот Леонид и архимандритот Филерот, како и Германецот Куно, кои заедно со Лелевел и Бјелоски, врз основа на Хародотовата и Страбоновата историја сметале дека отсекогаш, покрај Елините и Пелазгите, на Балканскиот Полуостров живееле Словените. Кон нив можат да се приклучат и авторитативниот Јаико Шафарик и рускиот пратеник во Букурешт Хитрово, кој во разговор со И. Мажовски, меѓу другото, ја потврдил торната мисла со зборовите: „Бугарите, Србите и македонските Словени се од едно племе - словенско, кои живееле во Русија, од каде дошле Хрватите, Црногорците, Галицијците, Далматинците, Словено-Чесите и Полјаците. Само македонските Словени се преселиле на Балканскиот Полуостров во стари времиња, пред Грците, Бугарите и Србите. На исто мисла :биле и некои српски историчари и јавни работници кои тврделе дека „Македонциге се најстари Словени на овој Илирски Полуостров" и дека тие се карактеризираат како самостоен народ кој стои на средината меѓу Србите и Бугарите.
Имајќи ги пред себе ваквите сознанија, Македонските преродбеници за да можат да ја извршат задачата на своето време и да се афирмира и легитимира пред светот, македонскиот народ го повикаа минатото на Старомакедонците. Духовите на минатото беа присутни на секој чекор, Урнатините на старата македонска престолнина Пела, каде пгго е роден Александар, старите македонски монети со ликот на овој голем владетел, романите, песните и праданијата на народот, сето тоа го поткреваше духот во борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Македонските преродбеници, преоблечеии во тоа пречесно руво, од историскиот мрак пред светот и пред зажарените очи на Македонецот почнаа да ги воскрснува фалангите на Александар Македонски, кои порано ја разнесоа славата на Македонија низ светот. Како што тие ќе речат: „Оваа земја е Македонија, и ако ја погледате, природата, наравот, обичаите, карактерот на населението, нивниот живот, нивната физиономија, во нив наполно ќе ги црепознаете истите оние мажи што во стари времиња ги составуваа фалангите на Александар Македонски". И не само тие. Дури и обичниот Македонец велел: „.Ние сме го имале цар Алаксандар Велики", доловувајќи го притоа блескавиот период на величината иа македонската држава, а Александар Велики како национална гордост. Таа национална гордост денеска има интелектуално значење во однос на постигнувањето на идејата за самостојноста на македонскиот народ.
Старата македонска слава, со славните имиња со кои не може да се мери ниеден европски владетел, има опсесивна моќ над денешниот Македонец, кои во напонот на своето национално раѓање бараа да се потврдат себеси како посебен народ. Со други зборови, на новите генерации на македонскиот народ, славата на Александар Македонски им служеше како пример на постојните поколенија за да ја достигнат и тие во овие историски преломи онаа „етичка" висина, како што го постигнаа тоа нивните идеализирани претходници. Токму тоа историско минато кое ги поврзува како директни потомци на Старомакедонците, преставува легимитет на Македонскиот народ за својата националност и за својата идна македонска егзистенција.
Ако имаме во предвид дека во целата понова историја на Македонскиот народ, целокупната борба за самостојност и за национална држава лежи на идеалите кои се темелат врз историското минато на Македонија, ако се има во предвид дека сите понови докази укажуваат дека нема никаква голема преселба на Словенскиот народ на овие простори, тогаш обидите да се наруши континуитетот на ова историја, да се негира правото на името Македонија и на личностите од нејзиното минато како што е Александар Македонски, Филип, било од која страна, значи директен атак врз самобитноста на македонскиот народ и самостојноста на неговата држава.