„Агрокор“ наскоро ја почнува изградбата на агроберазара во Струмица

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Според најавите од хрватската компанија „Агрокор“, до крајот на месецов или најдоцна кон средината на летото во Струмица ќе почне изградбата на Дистрибутивен центар за откуп и пласман на зеленчук и на други земјоделски производи, односно на првата агроберза во земјава, за што ќе бидат инвестирани околу 20 милиони евра.

Владата на Република Македонија ги обезбеди сите правни и економски предуслови и му даде целосна поддршка на овој проект, а општина Струмица ја изгради потребната комунална инфраструктура. Неодамна „Агрокор“ го купи и земјиштето на кое ќе се гради агроберзата, која како што се очекува, ќе овозможи да бидат надминати најболните прашања околу откупот и пласманот на зеленчук од Струмичкиот и од другите региони во југоисточниот дел од Републикава.

Дистрибутивниот центар ќе се гради на локација од 50 хектари, а само градежните објекти ќе зафаќаат околу 11.000 квадратни метри затворен простор. Агроберзата ќе располага со најсовремени мерни уреди, разладни комори, калибратори, хали за пакување и транспортни системи за прифаќање и дистрибуција на 30 до 50.000 тони ран и индустриски зеленчук годишно.

Најмалку една третина од производството на домати, пиперки, краставици, зелка и други градинарски производи од овој регион, преку широката дистрибуривна мрежа на „Агрокор“ ќе се пласираат не само на хрватскиот, туку и на европските пазари.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Одлична вест за Македонските земјоделци, ако е точна.....жално е само што на толку дипломи на бизнис факултетите кои ги има дузина наоколу и транзициони тајкуни пуни пари ко брод, па извикани арачиновско-тетовски-гостиварско-струшки патлиџан-барони од кванташки, треба некој Агрокор, фирма склопена од неколкумина умни хрватски граѓани...да доаѓа да ни праи агро берза :) и да го собира кајмакот....
.................но сепак најголемиот проблем ќе бидат БЕРЗАНСКИТЕ цени , нашите земјоделци не се љубители на БЕРЗАНСКИ ЦЕНИ...тие претпочитаат такви какви им се сонуваат...:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.108
Ова е берза или откупна станица? Цените према кои цени ќе се формираат.

за што ќе бидат инвестирани околу 20 милиони евра.
Овие средства влада од буџет ќе инвестира?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Браво за Струмица!
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Ова е берза или откупна станица? Цените према кои цени ќе се формираат.

Овие средства влада од буџет ќе инвестира?
Јас колку што знам берзата е за хартии од вредност, а цените на пиперките и патлиџаните ќе се формираат пазарно односно преку понуда-побарувачка...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас колку што знам берзата е за хартии од вредност, а цените на пиперките и патлиџаните ќе се формираат пазарно односно преку понуда-побарувачка...
И цената на хартиите се формира пазарно преку понуда и побарувачка.

Луртз чим ќе градат ладилници ваљда они ќе откупат па ќе препродадат.Не верувам некој со 3кг палиџани да стои и да наддава :)

--- надополнето ---

Овие средства влада од буџет ќе инвестира?
Владата само дала подршка.Парите би требало да се на Хрватите,нели се инвеститори :)
Туку нека почне да се гради,аман да видиме нешто реално.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.108
И цената на хартиите се формира пазарно преку понуда и побарувачка.

Луртз чим ќе градат ладилници ваљда они ќе откупат па ќе препродадат.Не верувам некој со 3кг палиџани да стои и да наддава :)

--- надополнето ---



Владата само дала подршка.Парите би требало да се на Хрватите,нели се инвеститори :)
Туку нека почне да се гради,аман да видиме нешто реално.
Веќе постојат некои капацитети, дали се функционални не знам.
http://www.agroberza.com.mk/ponuda.htm

Некои информации за ...
Откупен центар во Струмица и агроберза во Кочани

Хрватскиот гигант Агрокор во Струмица ќе гради откупно-дистрибутивен центар со пропратни содржини. Фирмата ќерка „Агрофруктус“ ДОО – Валандово е избрана за најповолен понудувач на наддавањето за 99-годишен закуп на земјиштето со површина од 52.815 метри квадратни. Со договорот закупецот се обврзува дека предвидениот објект со деталниот урбанистички план „Дел од УЕ 6 Урбан Блок 9 Струмица“ ќе го изгради во рок од 3 години. Агрокор од поодамна најавува инвестиции во Македонија.


Во Кочани пак, се подготвува изградба на агроберза. Тамошната локална самоуправа и холандската компанија „Go 4 Agri“ неодамна потпишаа договор за нејзина реализација, како и за откуп и за пласман на раноградинарски производи и за користење на геотермални води. Во тек е подготовка на урбанистичка документација за просторот од околу 210.000 метри квадратни на кој треба да никне агроберзата со пропратните објекти.
Ставрески во обиколка на идната агроберза во Струмица

Потпретседателот на Владата на Република Македонија Зоран Ставрески во придружба на претставници на хрватската компанија „Агрокор“ денеска ја посети парцелата од 15,4 хектари на која се одвиваат подготовките за изградба на најголемиот откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во земјава.
Вицепремиерот Ставрески беше информиран дека првата агроберза во Македонија ќе се протега на околу 11.000, а в година ќе бидат доградени уште 6.000 метри квадратни покриен простор.

Дистрибутивниот центар ќе биде опремен со сите потребни техничко-технолошки системи и апарати за откуп, сортирање, калибража, пакување со разладни уреди за транспортирање на околу 35.000 тони зеленчук во првата, односно над 50.000 тони градинарски производи со втората завршна фаза.
Израдбата на центарот ќе чини 15 милиони евра, а за една до две години инвестицијата ќе биде заокружена на 30 милиони евра.

Освен на хрватскиот пазар, зеленчукот што „Агрокор“ ќе го откупува од струмичкиот регион ќе се пласира и во Австрија, Словенија, Унгарија, Германија и во други земји од Европската унија.

Изградбата на откупно-дистрибутивниот центар најверојатно ќе започне во текот на летото, а се очекува тој да биде даден во употреба пред почетокот на наредната производна сезона.

Вицепремиерот Ставрески исто така беше информиран дека најавите за зголемување на откупот на зеленчук предизвикале голем интерес кај струмичките земјоделци кои се подготвени веќе наредната сезона да го зголемат градинарското производство најмалку за 30 отсто.
Ех, првата, а оваа сега што постои не е прва? Нели направија една па ја мафтосаа (Поповски им беше шеф) со пари од СБ проектот беше од 1996-2002?
http://www.worldbank.org.mk/external/projects/main?pagePK=64283627&piPK=73230&theSitePK=304473&menuPK=304507&Projectid=P010001

Јас колку што знам берзата е за хартии од вредност, а цените на пиперките и патлиџаните ќе се формираат пазарно односно преку понуда-побарувачка...
Се е тоа производ кој добива цена на пазар. Житото се формира на пример на неколку св. берзи, нафтата исто...значи дали ќе има влијание цената на другите берзи врз цените на нашите производи при откуп затоа што доколку ги пласираат во регионот, истите ќе зависат од цените во другите земји. Ме сфаќате на што мислам, нели :)

Белки ќе им тргне на земјоделците
 
Член од
26 април 2010
Мислења
501
Поени од реакции
21
Веќе постојат некои капацитети, дали се функционални не знам.
http://www.agroberza.com.mk/ponuda.htm

Некои информации за ...
Ех, првата, а оваа сега што постои не е прва? Нели направија една па ја мафтосаа (Поповски им беше шеф) со пари од СБ проектот беше од 1996-2002?
http://www.worldbank.org.mk/external/projects/main?pagePK=64283627&piPK=73230&theSitePK=304473&menuPK=304507&Projectid=P010001

Се е тоа производ кој добива цена на пазар. Житото се формира на пример на неколку св. берзи, нафтата исто...значи дали ќе има влијание цената на другите берзи врз цените на нашите производи при откуп затоа што доколку ги пласираат во регионот, истите ќе зависат од цените во другите земји. Ме сфаќате на што мислам, нели :)

Белки ќе им тргне на земјоделците
A ako se sporeduvaat cenite so cenite vo Turcija, narocno patlidzanot,morkovite i sl. Nesto niski bi bile cenive?
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
A ako se sporeduvaat cenite so cenite vo Turcija, narocno patlidzanot,morkovite i sl. Nesto niski bi bile cenive?
Daaa, .................ama nema nigde na 10 svetlosni godini naokolu......Strumicka domata, Berovska patata i Valandovska crvena kapija....:)
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Daaa, .................ama nema nigde na 10 svetlosni godini naokolu......Strumicka domata, Berovska patata i Valandovska crvena kapija....:)
Не забегувај :) немој и ти со оној земјоделски патриотизам , нема поубаво од нашите производи. Епа има и тоа каде каде по квалитетни и повкусни од нашиве ехееееееееееееее шо милуваш ти да речеш со светлосни години повкусни и поквалитетни.
Скопскиот јабучар кој го одгледуваа во струмица не е веќе јабучар туку си садат воловско срце, турски семенски материјал. беровци одамна не садат од нивниот компир туку купуваат бугарски семенски компир а куртовата капија да го ебам ја направи ко да е исклучиво валандовска а не кажуваш дека во србија е далеку позастапена отколку во македонија, само крушевачкиот крај има повеќе количински куртова капија откилку цела македонија
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.108
Daaa, .................ama nema nigde na 10 svetlosni godini naokolu......Strumicka domata, Berovska patata i Valandovska crvena kapija....:)
скопски јабучар/ Од еден цела салата се прави.
A ako se sporeduvaat cenite so cenite vo Turcija, narocno patlidzanot,morkovite i sl. Nesto niski bi bile cenive?
Искрено не знам Вселенец, пред извесно време увезуваа турски домати и за Великден увезуваа турски јајца за да спуштат цена...оти нашиве, ако нема конкуренција, знаат да забегаат со цени. Со она погоре сакав да потсетам дека се прават дупли и тродупли проекти оти веќе постоеше една агроберза и за неа се потрошија огромни пари па можеше ваљда да се прошири, реактивира...исто како што се гради плажата на Вардар, а веќе имаме езерце Треска :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
скопски јабучар/ Од еден цела салата се прави.
Искрено не знам Вселенец, пред извесно време увезуваа турски домати и за Великден увезуваа турски јајца за да спуштат цена...оти нашиве, ако нема конкуренција, знаат да забегаат со цени. Со она погоре сакав да потсетам дека се прават дупли и тродупли проекти оти веќе постоеше една агроберза и за неа се потрошија огромни пари па можеше ваљда да се прошири, реактивира...исто како што се гради плажата на Вардар, а веќе имаме езерце Треска :)
Не ми пуштај црв да проверувам дали имало капацитети и агроберза,таман ја пофалив темава :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.695
Поени од реакции
12.108
Нее, не сум стално негативно настроен, само гласно размислувам :)

Не знам дал имаат капацитети, требаше ама колку што се сеќавам не најдоа решение со пакувањето и цената за земјоделците која требаше да ја платат за калибриран, сортиран и спакуван производ...па и не беа нешто заинтересирани (директорот си црташе поштенски марки :) ) Се што знам за тој проект е дека имаа канцеларии кај биро за (не)вработување, директор прво им беше Поповски, после тоа некој албанец и сега сум целосно вон со информациите (ама објаснив :) )
Грешка, постоела од порано
Агроберзата не функционира оти Владата не одвојува доволно пари
Државата не одвојува доволно пари за Агроберзата. Затоа ова јавно претпријатие не го оправда своето постоење и не е во функција на земјоделците, вели за „Канал 5“ претседателот на управниот одбор Југослав Зиберовски. Според него, средствата не биле доволни ниту за плати на вработените, а камоли за нормално функционирање на ова претпријатие.

- Средствата што државата ги дава не се доволни ни за плати. За Агроберзата треба пет пати повеќе пари од она што сега се одвојува. После некое време тоа неколку кратно ќе се врати Агроберзата треба да се наметне, а како ќе го стори тоа кога немате пари да одите на терен, немате пари ниту за бензин да ставите и да одите на терен, изјави Зиберовски.

Агроберзата не смее да се укине велат експертите. Единствено решение е зголемување на буџетот на претпријатието. Така ќе ја оправда својата основна функција, да претставува врска меѓу производителите и купувачите и да помогне во купопродажбата на земјоделско - прехранбените производи. Неодамна од Министерството за земјоделство изјавија дека функционирањето на Агроберзата е неоправдано и не треба да се очекува дека ќе работи според првичната замисла, затоа се размислува за нејзино укинување. Оваа Агроберза постои од 1992. Властите се уште немаат донесено конечна одлука за судбината на ова јавно претпријатие
Според ова, досегашната агроберза работи како класична откупна станица, а не агроберза. Ај економисти, можи е поинаку, неам познавање за берзите.

--- надополнето ---

Еве уште еден линк, ако ви се чита
ПОТРОШЕНИ ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКАТА БЕРЗА, А ЕФЕКТИ НЕМА

Агроберзата функционира само на хартија

Земјоделците од берзата не добиваат информации на колкави површини треба да ги засадат културите и што се бара на европскиот пазар, таа не прави ниту маркетиншко претставување на домашниот земјоделски производ во странство
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ја отепа темава Луртз,начисто ја отепа :)))
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
скопски јабучар/ Од еден цела салата се прави.
Искрено не знам Вселенец, пред извесно време увезуваа турски домати и за Великден увезуваа турски јајца за да спуштат цена...оти нашиве, ако нема конкуренција, знаат да забегаат со цени. Со она погоре сакав да потсетам дека се прават дупли и тродупли проекти оти веќе постоеше една агроберза и за неа се потрошија огромни пари па можеше ваљда да се прошири, реактивира...исто како што се гради плажата на Вардар, а веќе имаме езерце Треска :)
aj ne zabeguj........nema be veke skopski jabucar..odamna, a od 1946 nema ni edno pile na svetot koe e "prirodno"...za jajca da ne zborime...!!! :)
Ја отепа темава Луртз,начисто ја отепа :)))
............utepana e taa odamna..........ne temata....agro berzata :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom