“Нешто е гнило...”

chipicaoo

unknown
Член од
11 септември 2011
Мислења
763
Поени од реакции
873
Додека си имаш пичиња и себичњаци аи таков народ сме друже што да ти кажам завидлив циничен и себичен.Истотака додека партијата е ставена на прво место за вработување и ако не си зачленет си отрганат од општеството нема спас.Луѓе кои попрво ке си ја продадат мајкаси само за на власт да се нема да се оправиме.Стока народ сме се караме меѓу себе фамилијарно а да не зборам пријателски.Кои се продаваат за џак брашно и канта сирење за време на гласови што се вика тури му сол.И ако ние што ова ни се дешава малце ни е треба повеќе сите фини и љубазни уствари сите гомна лицемерни кодоши и говеда.Им завидуваме на Албанците ама кај нив слога е на прво место разбирање и помагање меѓусебе е на прво место.Можеме само да им завидуваме на нив и да им се чудиме ама тие арно ни го зачукаа на сите нас.Додека си се кољаме меѓусебе делче по делче они си добиваат што сакаат.Него што му се замарам овдека на форум некој ке читне некој нема некој ке си хејта тоа е а што е страшно никој нема кој да те чуе
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.397
Поени од реакции
58.278
Реторички прашања... Си го знам одговорот. :D
Е од каде го знаеш? Еве хипотетички ако 5 души ти пишат дека излегле, а 5 дека не излегле, што ќе правиш во таква ситуација?

(рецимо :coffee:)
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Ама ич не ми е жал!

Сосема е лицемерно, да се бара акција, па дури и сочувство од оние кои не се станари во „Гоце Делчев“, додека самите негови резиденти не мрдаат со мал прст. Тоа е исто, како при несакана бременост, девојката да побара прво некој друг да абортира, за да ја поттикне.

Во „Гоце Делчев“ ќе најдете студенти, што дури и ќе ја оправдаат таа маченичка атмосфера во која мене ми личи дека живеат. Ја оправдуваат со ниската цена на престојот, со заедницата која одлично се снаоѓа и кога нема топла вода, со дружбата, со тоа дека им е неопходна дипломата па ќе се „спасат“ и со тоа што, „да имале пари за поарно, сигурно ќе си ги спакувале куферите“.

Неверојатен парадокс што ѕирка меѓу сите овие оправдувања е тоа што, на лето, тие млади луѓе се молат за скапаниот кревет во згужваната конзерва, а откако ќе се сместат во него како сардини, се задоволуваат со тој „мал чекор за нив, но голем за човештвото“. После тоа, не им изгледа етички, морално и професионално да се бунтуваат, кога знаат дека уште една група надвор, уште поголема од нивната, едвај чека да се всели во кошмарното сиво чудовиште. Просто, после ваквите оправдувања, човек се чувствува непријатно и компромитирано да ги жали и да ги брани.

Овие студентски оправдувања, се мега–фијаско за целото студентско движење, бидејќи покажуваат дека голем дел од студентите (1.200 само во овој студентски дом), не се способни да се бранат ни за своите основни права, а камоли за интересите на општеството, за промените во општеството или, пак, скраја било, за светскиот мир.

На медиумите им пишуваат писма, како лицемерни проблици на квази-храброста, само кога ќе им снема парно или кога ќе им задоцнат стипендиите. Да се разбереме: „кога ќе им задоцнат“, се мисли на тоа дека нема да ги добијат половина година. Имаат, бре, луѓето висок праг на толеранција! А кога ќе го напишат писмото до медиумите, седнуваат на компјутер во интернет кафе и го испраќаат од тазе отворена мејл-адреса. Ем анонимно, ем од интернет кафе, ем од тазе мејл-адреса. Тројна заштита. Што си е сигурно, сигурно си е!

Веројатно и оние студенти во Бугарија, што излегоа пред два месецa да протестираат поради растот на цените, си ставија кеси на главите за да бидат апла анонимни нели?

Ете затоа, не ми е жал! Ќе ми биде жал, во моментот кога станарите од „Гоце Делчев“ ќе го кренат гласот и ќе покажат дека се студенти. Во моментот кога ќе покажат дека се прогресивната сила во општеството. Кога ќе станат од креветот, ќе го измијат лицето на затворското лавабо што им се наоѓа веднаш до креветот, ќе се облечат и ќе излезат на протест. Тогаш, дури и ќе им се придружам. извор
 
A

AnFem

Гостин
Е од каде го знаеш? Еве хипотетички ако 5 души ти пишат дека излегле, а 5 дека не излегле, што ќе правиш во таква ситуација?

(рецимо :coffee:)
Дојдов, видов, си заминав.

На многуте протести за социјална правда сме биле тие па тие „хипстери“, „соросоиди“... You name it.

(Don't you рецимо to me!)
 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Ама ич не ми е жал!

извор

А како „новинарката“ се бореше за нејзините студентски права? Што факултет има завршено, сигурно приФатен и то некој анонимен. Како таа покажа дека е прогресивна сила на општеството и што направи со случајот со одморот во Бугарија кога ја оставија на черно море.?
 
Ф

Флеш

Гостин
Сите знаеме да кажеме дека не чини ама никој гласно не се буни. Затоа никој не се ни труди да поправи нешто, зашто нема притисок за тоа.
истиот одговор и јас би го дал како Родаст .... се додека никој не се побуни,изврши притисок,направи силна побуна ,ќе си остане оваа состојба .... Македонецот е пуси .... кога некој ќе му залае, има да 'рба до перфекција и чистота да е просторијата .... имаш проблем,бори се да го решиш ... добра одлука би ти било да се соберете колеги и другари и право по притисок на оној човек кој одлучува ....
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Прво, основно и најбитно, сакам да им се обратам на младите, на студентите ( оние кои, нели, треба да бидат свеста и силата на едно општество, оние чии идеи го движат и поместуваат светот! ), до кога мислат да се согласуваат со се и сешто, до кога мислат апатично да (не) учествуваат во сопственото опкружување, до кога мислат да не коментираат, да не заземаат став за било што, а најмногу за работи што директно се однесуваат на нив? Ова општество пати од недостиг на младинска свест. Зошто?

4 Децении од како ги нема интелектуалците и движечката сила на овие простори, прости ама вие сте издркотини и бљувотина.
Е овие беа студенти двигатели и придвижувачи на опшеството





овие денес што демек студираат и учат материјали кој што пред 15 гподини се учеа во основно и средно сте буквално неписмени глупи и тупи најобични лингури.
Немате право да се нарекувате студенти.
И замолчете, живеете во домови изградени како последица на оние штрајкови од погоре 1968.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.394
дали стварно мислиш дека родените 90 па наваму се криви за сегашните услови во домовите? Состојбата е катастрофална уште од деведесетите и се провлекува така со години, сите поминати генерации го буткаат овој проблем под тепих оставаќи другите генерации да го решат, со време и време состојбата се вошува и дојде до нереџе кое не се извржува.
Не се проблем собите колку што се вециња и тушовите, а посебно е најкатастрофална состојбата со храната. Не третираат како вегетаријанци ебаго, (освен во 3 сато до 3 и пол) исхраната ни се базира на компир и 13 видови манџи од истиот.
Тек тук директорката ќе пушти некое сокче колку да не си мислиме дека сне кучиња. Сметај прајме муабет за Гоце, а што останува за Стив, Медицинар

Проблемите се трупаат со годините, ниту една генерација се нема бунето за условите, а ние ги осеќаме последиците на тоа.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Прво не зборете глупости дека не гледале студентите од Скопје како живеат останатите свои колеги кои се сместени во студентските домови.Барем говорам за себе, за другите не знам, живеам во непосредна близина на студентскиот дом „Гоце Делчев“ и горе-доле сум запознаен со начинот на живеење на студентите во тој дом и без разлика од каде и да доаѓа тој студент каде престојува во тој дом, пак е сепак човек и ако ништо друго заслужува да му се понудат основните услови за водење нормален живот.Ама реалноста е дека и ние студентите од Скопје сме со врзани раце, ние што сме родени тука и студираме тука имаме со вас заеднички проблем а тоа е: нема ефективен Студентски парламент, едноставно немаш „р‘бет“ на кој ќе можеш да се потпреш и да побараш помош за да можеш да стоиш исправено.Реалноста е дека во оваа држава тие кои не се миленичиња на власта и на опозицијата се „последната дупка од кавалот“.Ако немаш р‘бет не можеш исто така и да повикаш на отпор, нема кој да те поддржи.
Жалам што ќе ве разбудам од сонот, но тоа е реалноста во државава, ако нешто се обидеш да направиш завршуваш лошо.Тука тие кои треба да те бранат, не те бранат, туку си ги бркаат сопствените интереси и се во исто време гласници на своите претпоставени во партиските штабови.Одма ќе те маркираат како „предавник, соросоид, ашљак“ и така натаму и можеш и да завршиш после тоа многу лошо на факултет.Со една реченица: ќе бидеш предаден од своите и после тоа ти на крај ќе го кркаш!
Тоа е.Искрено, џабе што плаќаме ИКСА за УКИМ, кога тие пари наместо на вистинското место, завршуваат во џебовите на партискиве гласници и си ги тераат своите луксузи на повисока скала.
Како само не се зголеми нивото на Вардар па сè да земе да поплави со цел ништо да не се врати повеќе.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Се е гнило тука....кажи нешто што функционира добро....
 
W

Werther

Гостин
Од тоа што имам видено, најкатастрофално е во „Сениќ“ - средношколскиот интернат, но има и студенти. Прозорите се пред распаѓање, од сите страни дува. Парното го пуштаат на половина декември, и тоа млако. Не дозволуваат да се внесе греалка, калолифер, или било каков уред за греење. Заради слабата инсталација. Собите им се разделени со шкафови и ламперија, и некои остатоци од иверка закрпени. Нема ѕидови.
Греота е, навистина. Единствено што немам разбрано таму некој да се пожали, е храната. Сите велат дека храната е добра.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Од тоа што имам видено, најкатастрофално е во „Сениќ“ - средношколскиот интернат, но има и студенти. Прозорите се пред распаѓање, од сите страни дува. Парното го пуштаат на половина декември, и тоа млако. Не дозволуваат да се внесе греалка, калолифер, или било каков уред за греење. Заради слабата инсталација. Собите им се разделени со шкафови и ламперија, и некои остатоци од иверка закрпени. Нема ѕидови.
Греота е, навистина. Единствено што немам разбрано таму некој да се пожали, е храната. Сите велат дека храната е добра.
Уште нема ѕидови? лееееее
Татко ми седел на времето таму и потполно исто ми го опишуваше како ти сега (пред 20г и повеќе).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom