“Нешто е гнило...”

Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.394
Здраво, добар ден, извинете што ќе ви го реметам мирот и индиферентноста, ама ова е момент кога “ти пука филмот” и веќе не можеш да молчиш. Прво, основно и најбитно, сакам да им се обратам на младите, на студентите ( оние кои, нели, треба да бидат свеста и силата на едно општество, оние чии идеи го движат и поместуваат светот! ), до кога мислат да се согласуваат со се и сешто, до кога мислат апатично да (не) учествуваат во сопственото опкружување, до кога мислат да не коментираат, да не заземаат став за било што, а најмногу за работи што директно се однесуваат на нив? Ова општество пати од недостиг на младинска свест. Зошто?

Имам конкретна провокација и инспирација. На сите ни е добро позната приказната за условите во студентските домови. Не е легенда ниту мит, туку реална приказна која ја живеат илјадници студенти со години. Сите знаат, тоа е факт, ама никој не мрда со прст. И така си проаѓаат години во полуразурнатите соби кои сами ги средуваме, се бориме со влага, пукнатини и промаја, се навикнуваме на распукнатите и со мов плочки и рѓосаните тушеви во вецињата, секој ден јадеме едноврсна и ладна храна со страв дека и тоа ќе го снема. И, како по дифолт се навикнуваме на тоа сценарио. Нема полошо од тоа – да свиткаш глава и да се навикнеш. И сите се жалат, и сите зборуваат, ама меѓусебно. Или тивко. За себе и со себе. Тешко е да си студент во Македонија. Имаш повеќе трошоци отколку бенифиции. Никакви услови. Дипломи за украс. Вработување...?! Демотивирачки но реално. Никаква мотивација и надеж. Како да сме подзаборавени и неважни. Како да не сме ние оние идните кои ќе управуваат со општеството, кои ќе го променат и допринесат за него!

Зошто популарно е да молчиш? Затоа што живееме во Македонија. Зашто сме навикнати да си трпиме и да сме зависни од некој. Зашто е подобро некој друг да ја заврши работата место нас. Зашто сме продадени души. Зашто се плашиме. Е, до кога бе!? Никој не го поставува тоа како генерален општествен проблем. А доколку некој проба да зборува гласно, го замолчуваат или игнорираат. Никој никого не слуша. Треба конечно да научиме да зборуваме гласно. Да дискутираме. Да се бориме за нашите права. Колку страшно тоа може да биде? Што може да се изгуби доколку имаш право, факти и чист образ? Зошто во 21 век да биде проблем да си го изразиш ставот? Зошто оние на кои им се обраќаш, не слушаат? Оние пред кои си немоќен и мал. Оние во чии раце си само пиунче. Или само бројка. Оние од кои зависиш и кои би требало да те слушнат. Оние чии ветувања се за твое добро, нели. Е,баш на тие сакам нешто гласно да им потшепнам – Немојте да се чудите зошто овие депресивни и апатични генерации чекаат да дипломираат и да си заминат од Вашата земја! Дозволете да предложам нешто – додека ние овде вистински го живееме реалното шоу “Survivor”, изградете по некој споменик и од нас. И ние сме херои. ;)
-------------------------------------------------------------------​
текстот е преземен од фејзбук, а извор најдобро е да не потенцирам​
мене лично ептен ме погоди всрце ова, глупаво е веќе​
Преку к*р ми е веќе и од испекции и од се. За греалка една добив три опомени, ама изгледа дека ако ми дојди уште една испекција, греалката има вгаз да им ја пикнам.​
Еве прашање за дискусија:​
Зошто нема организирано студентски протест?​
Дали вие би излегле на таков протест дури и ако на тој протест се појави политичка пропаганда?​
Што е тоа што тебе те спречува да излезиш на таков протест?​
Каде е прецедателот на студентите Кирил:​
Кои последици може да ги сноси еден поединец-студент доколку излезе на протест?​
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Сочуствувам! И јас живеам во исти ситуации во подрум, за купатило и кујна да не правам муабет. И само едно ќе кажам на тие во студентските домови немојте да мислите дека нешто ќе направат, и тоа што направија знаете дека верните партиски потрчковци ги добија тие соби. Џабе само мафтаат.
Photo0356.jpg Photo0357.jpg

Ако имате можност бегајте од оваа држава иначе ова ќе ви биде судбина до крајот на животот...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.405
Поени од реакции
58.329
Од моите студентски денови (од кои ништо не се променило) имам оформено став дека се работи за болење уво.

- Студентите од Скопје ги боли уво како живеат колегите во студентски дом, па не мора да протестираат.
- Студентите кои рентаат станови ги боли уво како живеат колегите во студентски, па и тие нема што да протестираат.
- Студентите во Гоце ги боли уво како живеат колегите во Стив, пошто Гоце колку и да не чини за Стив е Холидеј Ин.
- Студентите во зградите во Стив ги боли уво за колегите во бараките.
- Студентите во бараките во Стив ги сметаат сите горенаведени за педери, ама барем имаат подобри журки од нив.

Несолидарност и себичност. Секој си гледа да му е топло на газот и да им фаќа сеир на другите.

Тоа е.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
лошото не е само трпењето и молчењето- туку и тоа што не учите од вашите сограѓани ( албанците- од нив имате многу што да научите- доколку сте вољни) како да се изборите за своите права
поговорката со бебето и мајката сите ја знаете- ама на дело не ја применувате...е па
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Сите знаеме да кажеме дека не чини ама никој гласно не се буни. Затоа никој не се ни труди да поправи нешто, зашто нема притисок за тоа.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.394
Значи не е поентата само да се избега од земјава.
Апсовлент сум на Електро висок просек имам така да најверојатно ќе ме снајди таа судбина.
Најважното што сите млади го имаме е иднината. Затоа се плашиме од власта и од надредените - да не ни ја „заебат“ иднината. Затоа е тој страв кај бруцошите и тие од втора година, затоа што една нивна грешка може да им значи загубена иднина, како во МК, така и надвор.

Јас во МК нема што да добијам, оттука следува дека и нема што да изгубам, мојата иднина секако че е надвор некаде. Тогаш зошто јас или сличните на мене да не излезиме на протест, не за нас, ние поминавме низ пеколот „студентски дом“ туку за сите следни генерации, кој пак имаат што да изгубат.
Зошто да си заминиме од МК без да кажиме еден ебан збор.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Значи не е поентата само да се избега од земјава.
Апсовлент сум на Електро висок просек имам така да најверојатно ќе ме снајди таа судбина.
Најважното што сите млади го имаме е иднината. Затоа се плашиме од власта и од надредените - да не ни ја „заебат“ иднината. Затоа е тој страв кај бруцошите и тие од втора година, затоа што една нивна грешка може да им значи загубена иднина, како во МК, така и надвор.

Јас во МК нема што да добијам, оттука следува дека и нема што да изгубам, мојата иднина секако че е надвор некаде. Тогаш зошто јас или сличните на мене да не излезиме на протест, не за нас, ние поминавме низ пеколот „студентски дом“ туку за сите следни генерации, кој пак имаат што да изгубат.
Зошто да си заминиме од МК без да кажиме еден ебан збор.
Затоа што и да кажеш еден е*ан збор ќе ТЕ НАРЕЧАТ СОРОСОИД, ГРЧКИ ШПИОН, БУГАРСКА ПЕВАЉКА и ќе отераш се у ПИ*КУ МА**Р и ќе се запрашаш што уште бараш во оваа држава.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.750
Поени од реакции
9.876
Цела држава е прљав нужник никој не излегува на протест - ова е само една коцка.Не ме чуди.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Цела држава е прљав нужник никој не излегува на протест - ова е само една коцка.Не ме чуди.
Да ми кажуваше некој на форумов дека ова ќе прочитам од тебе, ќе му кажев дека лаже и ќе му ја пресечев главата. Иначе апсолутно се сложувам со тебе.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.405
Поени од реакции
58.329
Добро, вие што кукате дека никој ништо не прави, имате ли излезено некогаш на протест? Сте направиле ли било каква акција со надеж дека ќе промените нешто?
Во една порака да ти одговорат или секој посебно? :rolleyes:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom