Каква врска има националноста со религијата? Во Албанија има Албанци христијани и Албанци муслимани. Така и овде има Македонци муслимани и Македонци христијани.
И да, ние Македонците христијани сме ист народ со Торбешите, кои ја промениле верата и тие тоа го знаат и ние тоа го знаеме. Повеќето куќи на христијани и муслимани Македонци во Требиште, Ростуше и Велебрдо се измешани, а многу од христијаните по потекло од Велеброд, Требиште и Ростуше, кои се преселиле во Скопје/Тетово/Гостивар/Охрид и намаат плацеви по нивните села, си купуваат плацеви, најчесто од Торбешите и си градат нови вили и сите си седат цело лето во село, особено децата и пензионерите. Јас не гледам никаква поделба, дури и младите од Битуше одат по кафулињата по Ростуше и Велебрдо, торбешите доаѓаат за сите рисјански слаб=ви и дури си палат свеќи по црквите и толку е мирно,, што можеш и по полноќ сам да одиш кај сакаш меѓу селата, а единствена опасност доаѓа од кучињата и ако залута некоја мечка.
И во последно време има многу мешани бракови и ако еден од брачните партнери е христијанин, децата им стануваат христијани. Јас знам неколку торбешки интелектуалки кои се омажени со Македонции христијани дури и од источна Македонија
Јас не сум видел, но се озборува, дека многу од Торбешиве, особено оние на печалба на запад, си ја враќале старата ријсанска вера и се прекрстувале во манастирон, си земале и рисјанско име, ама се` ѓоа држеле во тајност. И има една изрека меѓу Торбешите „Ак не поможит жамијата, ќа поможит Црквата“
И да купуваат битушани ниви, особено од Велебрдчани, не се тоа прави ниви, туку ние шо велеме “вртој“, бавчулиња, зошто во Битуше се главно ливади. И ако стварно си бил во нашиот крај, ќе си видел дека новите куќи од Битуше од маалото Ранчевци се споиле со Велебрдо и старо-новата црква Св. Илија во Добје е на 100 метри од Велебрдо

А ситуацијата во Битуше е иста како и во Ростуше, Велебрдо, Требиште и Дебар,, се полнат само летно време.