- Член од
- 22 октомври 2011
- Мислења
- 404
- Поени од реакции
- 115
Како прво, Битушанецов не напишал ништо, туку само пренесе извештај од Американски институт.
За мијачкиот крај нема врска што си напишал.
Во Битуше нема ниту еден имот продаден на некој од друго село. А има Битушани кои купиле и купуваат ниви по Велебрдо, Ростуше и Требиште, зошто Битуше е најгоре во планина и нема многу ниви. И луѓето од Битуше, Ростуше, Требиште, Велебрдо никогаш не се делеле, ние сме ист народ, ист менталитет, само што некои од Ростуше, Требиште и Велебрдо ја промениле верата и никогаш немало проблеми меѓу нами. Си идеме едни крај други, се каниме на свадби, сунети, торбешите идат по нашите слави, дури и да не се знаеме, штом си од крајотнаш, си добредојден![]()
Не сум од вашиот крај, ама доста го имам посетувано. Но знам дека Битушани ги запоставиле своите ниви, а не пак да купуваат од другите. Празно е Битуше друже. Чат пат по некој старец се шета. А за тоа дека сте биле ист народ не верувам. Откако е населен тој крај со луѓе, христијаните си биле христијани а муслиманите муслимани, со некој мал исклучок.
