Strictly
word is bond
- Член од
- 9 јуни 2019
- Мислења
- 486
- Поени од реакции
- 1.645
негде 2003-4 год. идев кај едни постари од мене другари, траката беше пуштена цел ден на рипит, заедно со уште 2-3 рандом траки, месец дена... а има некој траки џака, како: наравоучение, нати надеж, армагедон (и др.) што сме ги слушале достаИмпресивно околу песнава ми е што РНС е 14 години, реално на 14 години 99.9% од децата немаат ниту ваков вокабулар, ниту вакво гледиште на работите, ниту ваква елоквентност, странски им се сите овие тематики. Воопшто на 14 години ретко кој е зрел да препознае квалитет во вакво нешто, а не па да прави ваква песна.
Иначе Џака е далеку од добар, ама има бајги влијание на целото движење. Ете ми текнува кога прв пат почнав да слушам рап, најактуелни беа песните кои можеше да се симнат од сајтови како ммм, Imesh апликацијата, па доста актуелни беа во рап светот тогаш песните ко Брука или Темни Улици сите 5 верзии (ако не беа и 6: Чаир,Влае,Карпош 2, Ново Лисиче, радио и оригиналот, ама може радио и оригиналот иста да беа).
Фората е во тоа што да немало фаци како Џака да го кренат нивото и да дигнат популарност за други млади деца да слушнат за рапот и да се навлечат на него, немало да има толку квалитетен рап на нашите простори. А реално, сега можеби не, ама имаше години во пикот кога за земја од 2 милиони жители имавме страшно добар рап. Далеку од некоја популарност, ама ептен признаен и почитуван кај одредена група, а тоа беше и најбитно.
Малку ме буни мене како може некој да рече мене ЛД ми е омилен (пример) а Џака не го поштувам... Па ти не го поштуваш ни ЛД чим викаш така, хејташ некој од негова екипа, без разлика дали е значаен или незначаен... Или пак си растел со нечива музика, па денес да го хејташ, фактички си го хејташ детството... Тука не навлагам во тоа каков човек е артистот, до негде и не ме интересира..
Кај музиката голем фактор има влијанието, покрај вкусот на слушателот и вештината/доемот на артистот. Сакам да кажам, на пример доколку не си се здружил со некого, или некој комшија не пуштал гласно кога ти си имал 8 години, можеби немало да станеш "рапер", можеби ќе си слушал рап у иднина ама немало да бидеш "рапер" ... Или спротивното: ќе си хејтал рап (можеби)
Со други зборови кога ќе ги погледнеш работите од овој агол, муабетите како: не чини тој, не ми се свиѓа " паѓаат во вода
Али што зборам јас, у кој сегмент од светот нема хејт, па у рапот да нема, музиката на дисот xD
Peace