Тоа и ми е поентата.
Џака ти е океј артист, секоја чест за годините и посветеноста и за се што напраил за мак рап сцената ама како Артист, Албуми и слично на никој од нас не би му бил у топ10.
Импресивно околу песнава ми е што РНС е 14 години, реално на 14 години 99.9% од децата немаат ниту ваков вокабулар, ниту вакво гледиште на работите, ниту ваква елоквентност, странски им се сите овие тематики. Воопшто на 14 години ретко кој е зрел да препознае квалитет во вакво нешто, а не па да прави ваква песна.
Иначе Џака е далеку од добар, ама има бајги влијание на целото движење. Ете ми текнува кога прв пат почнав да слушам рап, најактуелни беа песните кои можеше да се симнат од сајтови како ммм, Imesh апликацијата, па доста актуелни беа во рап светот тогаш песните ко Брука или Темни Улици сите 5 верзии (ако не беа и 6: Чаир,Влае,Карпош 2, Ново Лисиче, радио и оригиналот, ама може радио и оригиналот иста да беа).
Фората е во тоа што да немало фаци како Џака да го кренат нивото и да дигнат популарност за други млади деца да слушнат за рапот и да се навлечат на него, немало да има толку квалитетен рап на нашите простори. А реално, сега можеби не, ама имаше години во пикот кога за земја од 2 милиони жители имавме страшно добар рап. Далеку од некоја популарност, ама ептен признаен и почитуван кај одредена група, а тоа беше и најбитно.
Фората е во тоа што да немало фаци како Џака да го кренат нивото и да дигнат популарност за други млади деца да слушнат за рапот и да се навлечат на него, немало да има толку квалитетен рап на нашите простори. А реално, сега можеби не, ама имаше години во пикот кога за земја од 2 милиони жители имавме страшно добар рап. Далеку од некоја популарност, ама ептен признаен и почитуван кај одредена група, а тоа беше и најбитно.
Имаше времиња коа рапот во Скопје беше на одлично ниво, коа у секое маало имаше барме по 3-4 души што рокаа фс, битбокс, тагираа и сл. Колку само бетлови се пукаа на клупи, по влезови и слично мме... По муабетов ко тука некаде да сме со генерации.
За џака си у право, иако tbh џака е нај заслужен за Легијата, генерално во тоа време барем, коа апла беше рапот популарен барем кај нас (копиљаците) имаше стварно премногу рап артисти од сите страни на Скопје. Според мене Аго е еден од ретките што имал поголемо влијание за рапот во Македонија од џака.
Автоматски споено мислење:
Е да, секоја честа за Темни Улици проектот.
Сеа ќе си го пуштам да го преслушам уште еднаш...
Од РНС првиот или вториот, можеби првиот повеќе бидејќи 18 години е на албумот и е уште во почетниот бран, доста голем импакт има оставено на рап сцената со тој албум, и 5то место од Пеше првиот.
Само за информација NAS на неполни 18 години го има издадено можеби најдобриот рап албум на сите времиња
Иначе и мене ова ми е првиот рап албум што го слушнав и секогаш ќе ми остане еден од омилените, ама неможам да го ставам во топ 3, на прво место го ставам Кутија за кој сметам дека е најквалитетниот рап албум некогаш направен на овие простори од се разбира најдобриот МС, а останатите 2 места со сигурност Не Заборавај од СТР2 и Некои Скопски Бандити од Greenout кој е албум што го имам дефинитивно најмногу пати ислушано и ја содржи мојата омилена ол тајм мк рап трака со најакиот инструментал евр!
Един изклјучителен албум! Неверојатен продукт, плод на с'вместните усилија на братјата от Македонија и Sniper Records! Просто го Чујте!Траклист – прод'лжителност ...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.