Најпрво за ,,правно неуки" кога напишав немав намера тоа да прозвучи како навреда спрема вас, туку тоа е критика кон нотарот кој наместо да си ја заврши работата, која може да ја заврши во рок од еден час ако сите претпоставки се исполнети за одржување на рочиштето за расправање на оставина, ако не се исполнети, може професионално да ви објасни кои предуслови треба да бидат исполнети како најбрзо и со најмалку трошоци да се заврши работата, а не да се однесува безобразно и да ви го фрла полномошното кое вашиот татко ви го дал вам, затоа што тоа полномошно е легитимно и согласно закон, а дополнително што ве натерал да потпишете изјава за повлекување кога и самиот нотар знае дека оставинска постапка без разлика дали се поведува за првпат, или вторпат за новопронајден имот, дека во оставинска постапка нема повлекување на предлог, дури и предлог не треба да има, затоа што оставинска постапка се поведува по сила на самиот закон, но, праксата си е пракса, и затоа има многу нелогичности, и скоро секогаш познавањето на законите е без значење ако не се знае конкретната пракса.
Во однос на Катастар требало да поднесете барање за исправка на техничка грешка ако ви било одбиено од причини само ним познати, тогаш требало да поведете управен спор, барем Управниот суд во пракса решава позитивно во вакви случаи, за ова требало некој да ве советува.
[/QUOТЕ}
Па поднесовме барање ама ги изгубиле документите, па повторно поднесовме, па време помина. И тие позитивно го решија ама малце касно. И да адвокатот кој што го најмивме ништо работа не заврши, ниту пак совет даде. Баравме од него по службен пат да поднесе барање по втор пат и кога го прашувавме до кај е стасан предметот ни викаше во катастар работат на случајот....На крај го пријавив катастарскиот службеник кај комисијата за криминал и корупција па експресно завршија работа. Требаше по рано да пријавам ама не знаев дека има таква можност и не знаев каде да се обратам. И така не се навредив за вашиот коментар, тоа си е вистина, но во македонија тешко се стасува до потребните информации. Ставена сум во ситуација да проверувам закони, да им ги преиспитувам одлуките, да им ги мерам зборовите тали се точни или не точни, на луге на кој сум им платила да ми го чуваат грбот, да ме советуват и да ми бидат продолжена рака низ институциите.