Зависи од повеќе работи. Прво, работата. За некои од кредитите се бара месечниот ануитет (износ на кредитот што ќе го плаќаш месечно) да биде минимум 1/2, а за некои 1/3 од платата. Треба да се осигураш дека во времето додека треба да го исплаќаш кредитот, би имал/а работно место кое ти овозможува таква плата, и тоа да биде редовна, и да имаш договор на неопределено време (мислам дека не мора, ама многу поголема веројатност е да ти го одобрат кредитот вака). Самите банки се штитат на начин на кој во договорот ќе пишат дека доколку било какви услови се променат од првичните, можат без никакво објаснение да го раскинат договорот со тебе. Значи, треба да имаш во предвид дека и да смениш работно место, би требало првичните услови (редовност на плата, износ на плата и договор на неопределено) да бидат пак исполнети. Имај и во предвид дека ако си во приватен сектор, многу од работодавците ќе сакаат да ти даваат минимална плата на хартија, а на рака да ти го даваат остатокот, тоа исто би можело да биде проблем за банката мислам. Или пак, ако некое време решиш од икс причини да не работиш или загубиш работно место, веројатно и тогаш банката ќе те замара, барем претпоставувам дека би те гњавеле кога ќе видат дека немаш редовен прилив по основ на плата.
Второ, ако имаш пари настрана, не мораш да купуваш недвижност, туку можеш да ги орочиш во банка и така да добиваш некоја плус сума од самото орочување секоја година. Распрашај се во банки како ќе ти испадне математиката за тоа.
Трето, зависи дали мислиш дека по неколку години ќе ти се смени мислењето за тоа каков стан сакаш, негова локација итн. Исто така, дали нешто би се променило со каматните стапки на кредитите во иднина, можно е да се намалат, можно е и да се зголемат. Зависи и како ќе се движат цените на становите во иднина, има некои мислења дека ќе се намалат. Зависи и кога планираш да се вселиш ти во тој стан, затоа што ако се вселуваш во тој стан за брзо време, ќе испадне можда повеќе да платиш за опремување на станот со мебел, отколку што ќе биде вкупната сума што ќе ја собереш од киријата.