исплаќање стан

Член од
9 ноември 2018
Мислења
43
Поени од реакции
9
Здраво,што мислите за идејата да се земе кредит и да се купи стан. Потоа да се издава под кирија а со месечната рата од киријата да ја плаќам мојата рата во банка.Дали би било изводливо?(n)o_O:confused: Со мислење дека тој стан по неколку години ќе биде моја сопственост.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Здраво,што мислите за идејата да се земе кредит и да се купи стан. Потоа да се издава под кирија а со месечната рата од киријата да ја плаќам мојата рата во банка.Дали би било изводливо?(n)o_O:confused: Со мислење дека тој стан по неколку години ќе биде моја сопственост.
Неколку? Мислиш 20 години?

Во глобала недвижнините ти се добра опција ако имаш вишок пари и сакаш да ги чуваш на сигурно. Ама пак заработувачката е минимална поготово ако треба кредит да исплаќаш.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.290
Поени од реакции
15.508
Здраво,што мислите за идејата да се земе кредит и да се купи стан. Потоа да се издава под кирија а со месечната рата од киријата да ја плаќам мојата рата во банка.Дали би било изводливо?(n)o_O:confused: Со мислење дека тој стан по неколку години ќе биде моја сопственост.
Имаш да дадеш 20% учество?
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Зависи од повеќе работи. Прво, работата. За некои од кредитите се бара месечниот ануитет (износ на кредитот што ќе го плаќаш месечно) да биде минимум 1/2, а за некои 1/3 од платата. Треба да се осигураш дека во времето додека треба да го исплаќаш кредитот, би имал/а работно место кое ти овозможува таква плата, и тоа да биде редовна, и да имаш договор на неопределено време (мислам дека не мора, ама многу поголема веројатност е да ти го одобрат кредитот вака). Самите банки се штитат на начин на кој во договорот ќе пишат дека доколку било какви услови се променат од првичните, можат без никакво објаснение да го раскинат договорот со тебе. Значи, треба да имаш во предвид дека и да смениш работно место, би требало првичните услови (редовност на плата, износ на плата и договор на неопределено) да бидат пак исполнети. Имај и во предвид дека ако си во приватен сектор, многу од работодавците ќе сакаат да ти даваат минимална плата на хартија, а на рака да ти го даваат остатокот, тоа исто би можело да биде проблем за банката мислам. Или пак, ако некое време решиш од икс причини да не работиш или загубиш работно место, веројатно и тогаш банката ќе те замара, барем претпоставувам дека би те гњавеле кога ќе видат дека немаш редовен прилив по основ на плата.

Второ, ако имаш пари настрана, не мораш да купуваш недвижност, туку можеш да ги орочиш во банка и така да добиваш некоја плус сума од самото орочување секоја година. Распрашај се во банки како ќе ти испадне математиката за тоа.

Трето, зависи дали мислиш дека по неколку години ќе ти се смени мислењето за тоа каков стан сакаш, негова локација итн. Исто така, дали нешто би се променило со каматните стапки на кредитите во иднина, можно е да се намалат, можно е и да се зголемат. Зависи и како ќе се движат цените на становите во иднина, има некои мислења дека ќе се намалат. Зависи и кога планираш да се вселиш ти во тој стан, затоа што ако се вселуваш во тој стан за брзо време, ќе испадне можда повеќе да платиш за опремување на станот со мебел, отколку што ќе биде вкупната сума што ќе ја собереш од киријата.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Здраво,што мислите за идејата да се земе кредит и да се купи стан. Потоа да се издава под кирија а со месечната рата од киријата да ја плаќам мојата рата во банка.Дали би било изводливо?(n)o_O:confused: Со мислење дека тој стан по неколку години ќе биде моја сопственост.
Банките сакаат сигурни пари, односно дека ке можеш да го исплатиш станот во наредните неколку децении. Кираџии се несигурни пари и затоа сите кредити имаат клаузула каде одреден број на години несмееш да го ренташ станот, ова е за да се избегнат луѓе кои би се нафатиле да земат стан со идејата да го рентаат, па да неможат да најдат стабилни кираџии и заглават во минус со неплатени рати. Во ваква ситуација сите губат.

Ова е настрана од почетната инвестиција за учество и опремување на станот, 10 000 евра не ти гинат во најмала рака, а што ќе мора во кеш да ги имаш, а ако имаш 10к евра во тебе, имаш подобри начини да ги инвестираш.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.655
Поени од реакции
38.839
Не е само купување, треба да фрлиш пари за намештај, сигурно нема некој да го рента несреден на под да спие.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
За неколкугодишна исплата месечната рата би била страхотна. Може да се провери на страните на банките. Пример за стан од 55 м2, отприлика минимум 55-60.000 евра (вака нафрлено, гаражи, данок на промет ова она, можеби и повеќе), со 15-18000 евра учество, рата за дури 10 години би била околу или над 400 евра, на сајтот на КБ. Плус мебел...дали може да се даде под наем стан за 400 евра? :unsure:
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
АКо можеш да плаќаш со твои приходи во ред ама ако се крстиш во киријата ич не ни помислувај... ако даваш на студенти пример во лето нема приход, ако даваш на фамилија кој гарантира дека таа вгодина ќе е тука за да остани, може ќе си купат нивен дом, може ќе се исселат странство итн дали ќе најдеш други одма наредниот месец за иста кирија... Имај на ум дека од месец во месец може многу работи да се сменат а тебе ратата ќе ти е фиксна најмалку 20г, дали ќе имаш редовен прилив на сретства тоа чисто сумљам... ако мислиш дека ќе го платиш за 5-10г тогаш штеди и купи го во кеш кога ќе имаш доволно....
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Издавање под кирија е ептен ризична работа, имам дедо што издава стан околу 60квадрати наместен во автокоманда и во просек од 12 месеци кираџии има во 7-8 месеци и тоа по цена мислам околу 150 евра месечно и ако извадиш просек тоа дали доаѓа по 100 евра месечно на годишно ниво. плус за тие 4-5 месеци кога не се издава треба сметки да плаќа за парно, интернет, тв, струја вода, за влез итн итн плус данок поголем што има екстра стан и на крај ептен малце екстра пари ти остануваат. А тука имаш и трошоци за опремување па тоа после неколку години се амортизира. Па секој 5 месеци треба да огласуваш па да трчаш да бараш нови кираџии. Мене ептен комплицирано ми изгледа. а малце или скоро ич ќар нема.
Единствено позитивно е што цената на квадратот е слична и не варира па утре ако го продаде ќе го продаде по иста цена како што го купил.
Според мене најислатливо ако сакаш да издаваш стан е за кратки престои за туристи ама тоа ептен е замарање т.е. како фулл тиме работа би дошло.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.661
Поени од реакции
4.964
Подобро ти е акции на МБ и Девизи...стан не се исплати.
 
K

kicodarker

Гостин
Поентата на ова е да си ја намалиш цената на станот, т.е ратата. Доколку мислиш да заработуваш или да го исплатиш целосно станот со кирија и да чекаш од неа да плаќаш рата пропадната идеја е. Мои роднини пред 10тина години на истиов принцип купија стан, си плаќаа рата редовно а киријата им беше да им се одмали ратата. Буквално со таа поента одеа, и купија 50 % поевтин стан од цената кој беше во почетокот. Знам дека кажуваа и за 1000 денари им доаѓала некогаш ратата.
 
M

Macedon1um

Гостин
Баш вчера налетав на оглас издаваат стан во близина на Бисер околу 170 евра месечно за стан од 57 квадрати мислам беше. Веројатно да го купиш истиот ќе ти требаат педесеттина плус илјади евра, е сега ако имаш 10к во готовина (20% учество) а ти требаат уште 40к вака би била пресметката на 20 години кредит

1.png


Месечна рата за кредитот 242 евра а ти зимаш 170 од кирија под предпоставка дека ќе најдеш фамилија и ќе имаш 12 месечна кирија, во старт си 72 евра пократок. Ако издаваш на студенти и имаш празни месеци уште повеќе ќе треба да плаќаш од овие 72 евра, па ако се додаде и амортизација + пад на цената м2 на недвижностите.

Да ја покриваше киријата цената на месечната рата секој втор што има нешто пари на сметка ќе купуваше стан..
 
Последно уредено:
Член од
2 октомври 2015
Мислења
109
Поени од реакции
50
Мое лично мислење, прва работа мора да се има сигурна плата и да се рачуна 20 год однапред. А тоа е се повеќе и повеќе станови има, се помалку и помалку луѓе. Сите купуваат па издаваат. Ова ти е еден вид на балон и мислам ќе дојде момент кога нагло ќе паднат цениве на станови во Скопјево. Пример, имам слушнато дека едвај ги продаваат становине во скај сити, ко демек ќе им требао уште 7-8 год да ги продадат сите не знам колку е точно. А нонстоп се гради. Голем ризик е во земјичево ако немаш 40К+ сигурни примања месечно да се определиш на тој чекор според мене.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.661
Поени од реакции
4.964
Мое лично мислење, прва работа мора да се има сигурна плата и да се рачуна 20 год однапред. А тоа е се повеќе и повеќе станови има, се помалку и помалку луѓе. Сите купуваат па издаваат. Ова ти е еден вид на балон и мислам ќе дојде момент кога нагло ќе паднат цениве на станови во Скопјево. Пример, имам слушнато дека едвај ги продаваат становине во скај сити, ко демек ќе им требао уште 7-8 год да ги продадат сите не знам колку е точно. А нонстоп се гради. Голем ризик е во земјичево ако немаш 40К+ сигурни примања месечно да се определиш на тој чекор според мене.
Ако не растат цените на становите нема зошто некој да купува. Вака еспаот е 3,5% кирија -1% одржување плус ризик за опаѓање на цена. А од друга страна имаш акции со дивиденда од 3%-10%. Без раст на цена континуирано од 5% не се иплати недвижност како инвестиција. Дури обврзници може се подобра опција од недвижност на пример сега УНИ банка има перпетуална кооперативна обврзница од 9%.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom