NACIONALIST напиша:
Ipak temata e za studenskite izbori, me interesira vaseto mislenje molam!!!
Срамота, која се повторува со децнии!!! Читај даље:
"Претседателот на Изборната комисија на студентските избори беше уапсен од полицијата, осомничен дека сакал да убие некого со нож. Со него приведоа уште еден студент, кој во моментот на апсењето имал пиштол. Поради тоа Изборната комисија не можеше да објави кој кандидат за претседател победил. Па затоа едниот се самопрогласи за студентски лидер. Другиот ден претседателот на Изборната комисија беше пуштен, ама наскоро беше киднапиран. На сето тоа му претходеше полнење на кутии, еден студент да гласа за петмина, притисоци со праќање пораки од мобилен, лепење плакати на изборните места и поништување на гласањето на цели факултети.
На изборите излегле одвај 20 отсто од студентите.
По успешно завршените избори, новиот претседател изјавува дека пред него "стои предизвикот да направи нешто повеќе за студентското движење". Повеќе од ова не може да направи.
Кое црно движење? Кои студенти? Што ли ги пали во тоа да се биде студентски лидер? Што е тоа Студентска организација? Од која партија е таа? На колку студенти во Македонија им е гајле кој е претседател на нивната организација? Кој плаќа за нивните трошоци? Како не им е срам воопшто да се кандидираат за лидер на таква организација, а не пак да се тепа за да победи?
Истите овие студентски кандидати за политичари утре ќе ги видиме во некоја политичка партија. Ќе ги гласаме за пратеници. Некој од нив ќе стане министер, а со вакво богато изворно искуство зошто да не стане и премиер. Тие ќе даваат изјави дека "Македонија има демократски капацитет да организира фер и демократски избори". Само вакви политичари ќе не внесат во Европската унија, оти во НАТО веќе ќе бидеме влезени.
Се додека и последната битанга што лепела плакати на избори не добие некое место од кое може да се офајди, ние нема да ја видиме Европа. Затоа што Европа не гледа преку нив.
"
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=132052&idg=7&idb=2011&rubrika=Prilog