Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо не читам али ја позајмив Мистеријата на синиот воз-Агата Кристи,многу иам слушано за неа....од вечерва почнувам да ја читам :)
 
Во моментов бидејќи имам повеќе време, малку се посветив повеќе на читањево, па така сега дома, ми се собраа едно 5-6 книги, па планирам да ги прочитам, меѓу кои се Матарешки сплетки и Тревејн од Роберт Ладлам, Последниот поротник и Комора од Џон Гришам и една од стар, ама за мене нов автор, кој ми го препорачаа во библиотека, се надевам дека ќе биде добар, Дејвид Морел, не знам точно како се вика книгата.
 
The Catcher in the rye - J.D. Salinger.
Книга слична на Странецот од Ками или повеќе на Дипломец (после и филмот со Хофман) од Чарлс Веб. За тип кој не знае што сака со себе но сепак има изградено некои норми во животот. Исто така за тоа колку парите некогаш не` оттргнуваат од вистинските вредности во животот, за извештаченоста во високите редови. Според мене, една од подобрите книги досега прочитани иако има некој лесен стил збогатен со троа мрсен речник.
По препорака од @Natural-girl и брат ми. Таман за овој временски период од животот.
 
Во моментот сосема случајно почнав да ја читам, книгата на Игор Џамбазов, прирачник против антиалхохоличари, баш како и претходнодната, се уште не знам дали да му завидувам за бурниот живот или да го жалам за тоа што го има поминато, навистина чудно кога читаш и кога се ставаш во негова ситуација..... имам уште доста за читање денес почнав, до вчера читав едно доста интересно литературно дело, напишано од еден наш член на форумот :)
 
па може да ни го препорачаш, ако не е тајна :)
 
Тоа тогаш од бардот на македонската поезија, Петре М. Андреевски.
Збирка во која се поместени негови антологиски и најпрепознатливи песни.
 
„Полиња од диви нарциси“.. случајно ја најдов и доста се занесов. Природна приказна за тоа како може за еден миг, животот да стане горка авантура. Вчера ја поминав скоро цела, сега ќе продолжам.. вреди да се прочита :)
 
При крај сум со книгата “Сталин: Дворот на црвениот крал - втор дел“ од Сајмон Сибаг Монтефјоре. Вториот дел излезе можеби година дена по издавањето на првиот дел и се изначекав искрено, ама вредеше. Одлична книга, детално напишана, морници ме ежат додека ја читам, едноставно не ми се верува на какви злосторства е способен човековиот ум. Првиот дел се занимава со приватниот живот на Сталин, неговото пробивање до врвот на политиката и општо целиот период на Сталин до 1941 година, а вториот дел од 1941 до неговата смрт. Едноставно прекрасни две книги кои би ги препорачала на секој кој се интересира за оваа тематика.
 
па може да ни го препорачаш, ако не е тајна :)

Книгата не е официјално издадена, така да кога ќе се издаде се надевам дека сите ќе ја прочитаат, а името на членот не го споменувам поради нејзина безбедност од напад на фанови.
 
При крај сум со книгата “Сталин: Дворот на црвениот крал - втор дел“ од Сајмон Сибаг Монтефјоре. Вториот дел излезе можеби година дена по издавањето на првиот дел и се изначекав искрено, ама вредеше. Одлична книга, детално напишана, морници ме ежат додека ја читам, едноставно не ми се верува на какви злосторства е способен човековиот ум. Првиот дел се занимава со приватниот живот на Сталин, неговото пробивање до врвот на политиката и општо целиот период на Сталин до 1941 година, а вториот дел од 1941 до неговата смрт. Едноставно прекрасни две книги кои би ги препорачала на секој кој се интересира за оваа тематика.
jas gi zemav i dvata dela,i zdravje letoto planiram da gi procitam.samo mi izgleda mnogu tesko ostvarlivo posto zaedno ispagaat okolu 1000 stranici :(((
 
jas gi zemav i dvata dela,i zdravje letoto planiram da gi procitam.samo mi izgleda mnogu tesko ostvarlivo posto zaedno ispagaat okolu 1000 stranici :(((

Брзо се чита книгата, нека не те плаши бројот на страници. Само треба сконцентрирано да ја читаш, затоа што има доста информации и многу имиња се споменуваат и постојано се менуваат. :)
 
Youngblood Hawke од Herman Wouk.

Занимљив старт. Книгата е во два дела од по 600 и кусур страни ... ќе потрај некое време читањето.

А, пред недела дена ја прочитав , Четири договори од Дон Мигуел Руиз
 
Youngblood Hawke од Herman Wouk.

Занимљив старт. Книгата е во два дела од по 600 и кусур страни ... ќе потрај некое време читањето.

А, пред недела дена ја прочитав , Четири договори од Дон Мигуел Руиз

Јас ја барав ов библиотека ама не ја најдов. Мислам, втората, таа од Руиз. Шо мислиш за книгата?
 
Јас ја барав ов библиотека ама не ја најдов. Мислам, втората, таа од Руиз. Шо мислиш за книгата?

Добра е. За тие шо се во „не знам“ ситуација, не знат шо сакат од себе си и како да продолжат со живото, би требало да му се најди.
Инаку има и продолжение, петти договор, али та книга е само за в библиотека и не мом да ја земам дома да ја прочитам.
 
Почнав со две напоредно.

Едната е Колекционерот од Џон Фаулс. Прича за еден тип со Lack of social skills се заљубуе у една цура што живее у комшии. Не знаејќи како да постапи, тој купува некое имање надвор од Лондон и кова план да ја зарови - ваш како што постапува со своите миленици - пеперутките. Даље не кажувам, да не тепам филм. Само ќе кажам - вреди!Мене ми праи мерак трилерчево.

Втората е Љубов со мали букви од Франческ (не ми текнува презимето)
Приказна за еден самец и тоа како животот како таков е ништожен, цело време под некој страв дека утредента нема да се разбуди. Но тогаш доаѓа Мишика - еден мачор. Кој е љубител на романите на Јустејн (Светот на софија) ќе му се допадне и ова. Мене секако да.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom