Што читате во моментов? (со краток коментар)

Silly Face

What's Up?
Член од
23 септември 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
"Оркански височини" !!!Можеби делува премногу класично и старомодно,ама тоа е книга што дефинитивно ми оставила најголем впечаток.Пред некој исто ја дочитав и "Сликата на Доријан Греј" од Оскар Вајлд.Одлична книга!За тие што сакаат книги во стилот на "Хари Потер" и "Господар на прстените",им ја препорачувам книгата од еден македонски автор,Љубомир Јовановски-Кара (инаку мој многу близок роднина),"Бадник над Санкт Петербург ". Нема да зажалите!
 
Г

Господ

Гостин
Само што ја прочитав "Чекајки Го Годо" трагикомедија во која се раскажува за двајца кои наводно секој ден го чекаат некојси Годо кој треба да им најде работа а всушност ни самите не знаат ни кој е Годо ни дали воопшто постои
акцентирана е апусрдноста на луѓето кои се научени се во животот да чекаат на готово
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Ја прочитав Twilight. Првите две третини се многу досадни со некои патетични дијалози како од љубовен роман за 10 денари. Тотално разочарување.
 

Marionka_z

Omnia mea mecum porto
Член од
16 јануари 2009
Мислења
208
Поени од реакции
29
Моментално ја читам "Манго" од Љубица Арсиќ. Лесна содржина, преку која на еден несекојдневен и сочен начин се прикажува суштината на човековото постоење, а тоа е потрагата и потребата од друго човечко битие.


"И луѓето живеат во различни созвездија во галаксијата која се вика Свет. Кога е мрак на Земјата, Светот исчезнува, а луѓето стануваат осамена, луда куќа. Ги раскопчуваат кошулите, ги отвораат патентите, ги собуваат чевлите и го гасат светлото во своите соби. Сити се бидејќи се имаат изедено едни со други. Се венчаваат секој за својот кревет, во кој се фрлаат, гризат во сон како на јаве, напаѓаат кого ќе стигнат. Кога ќе се изгасат сите светла, мракот тогаш почнува да заслепува. Исплашени, тргнуваат во потрага по некој, кој ќе биде блиску до нив во нивните патешествија, да им го намали стравот."
 
S

smart ass

Гостин
8 странич анализа за исплатливоста на системот Phalanx за бродови...ама по анлизава економски неисплатлив.
 

ladyinred

illusion.
Член од
17 декември 2008
Мислења
33
Поени од реакции
0
Гијом Мисо - Затоа што те љубам,
мислев дека ке биде уште еден лигав роман за веке преслушана љубовна сторија ипак книгава има свои мистериозни и неизвесни моменти. :)
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Хомер - „Илијада“ - за испит. Мислам нема потреба од многу елаборирање, се работи за Тројанската војна, на многумина им се познати настаните. Ремек дело за кое е потребна макотрпна работа да се сфати комплетно.

И конечно ја почнав „Игра во 'ржта“ од Селинџер. На почеток сум уште сепак ми се допаѓа стилот и ставовите околу глупавите општествени норми.
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
„Уличниот адвокат“ - Џон Гришам

Се работи за адвокат со високо реноме кој работи во фирма и ги има сите потребни услови да ги оствари дамнешните амбиции, да стане партнер во фирмата и да ја зголеми својата заработувачка уште повеќе. Но, една средба со обичен скитник и питач од улицата ќе направи пресврт во неговиот живот. Трилер книга, баш по моја мерка. Ми се допаѓа.
.........."Повик" исто од Џон Гришам-----интересна книга,баш во негов стил,трилер-мистерија,за еден судија кој умира и остава наследство на своите два сина(не многу големо) но сепак голем дел од него скриен низ неговата куќа
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Како забегав летово по Спаркс така и есента ја започнав со него. Овој пат се работи за неговата "The Rescue"...Сеуште на почеток, некако нема голем ритам и движење... Подоцна следува и рецензија на темата за него.
 
Член од
27 април 2007
Мислења
26
Поени од реакции
4
The Guernesey Literary and Potato Peel Pie Society, Mary Ann Shaffer & Annie Barrows

Absolutely delicious
 

Lucy in The Sky

A girl with kaleidoscope eyes
Член од
8 март 2009
Мислења
304
Поени од реакции
34
Канцониерот - Франческо Петрарка.
Лектира ми е. Но, љубовна тема, многу ми се допаѓа начинот на кој е опишана љубовта и страдањата. :)

Но, времето лета, летаат и лета
и смртта ќе стигне набргу кај брегот.
Со црна ил бела ( не е важно!) коса
ќе следам јас сегде сенчичка од лаври
по најжешко сонце и по глечер-снегот,
се додека студен ден ми смрачи поглед.
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
"Се викам Црвено" на Орхан Памук. Мајсторско испреплетување на мноштво судбини преку сликовит приказ на сите различни страни на приказната, исткаени со мудростите и обележјата на ерата на Отоманската Империја.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
6
Поени од реакции
1
Ја читам „Воини и Херои“ од Игор Крајчев! Опасна книга! Лудница! Македонскиот LORD OF THE RING, само подобра!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom