Што според вас е квалитетна музика?

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Квалитетна музика...Колку е само тоа релативно дури глава ќе заболи некого:pos:, но сепак има некој општо прифатени стандарди. Ќе се обидам да бидам максимално објективен во ова.

Гитарски риф или соло од кое ти се ежи кожа при прво слушање, ритам на некоја денс или техно трака кое што те тера да се замислиш или да скокаш, дерење или едноставно високо пеење дали е на арита френклин или курт кобејн кое што на прв поглед е толку различно но кога ќе споредиш ќе видиш зошто се слични, баш поради квалитетот. Одлично одрапуван дел на некоја рап трака со супер склопена лирика и рима во исто време.
Текст на некоја песна што ќе те тера да заплачеш од прва-има многу квалитетни песни а тие се распознаваат само по една работа. Кога ќе знаете дали е направена од срце тогаш ќе знаете дека е квалитетна, тука зборам за скоро сите видови на музика.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Брн, ептен дипломатски. :)

Пробав да не се изјаснувам бидејќи не знаев точно што да кажам а да не се изгубам... ама еве сега ќе пробам.

Ако квалитетот го поседуваат интелигентните, тогаш по правило квалитетна музика е класичната музика. Од нив прозилезе сета музика на крајот на краиштата.
Па дури ќе бидам луд по малку :lud: па ќе кажам дека технаџиите имаат предок во “Болеро“ на Равел, каде 13 минути се повторува поламинутна мелодија (а само темпото се зголемува... сеа да не се расплинувам со музички термини кои може да ги згрешам), која на крајот кулминира и во глава те тера да кршиш (па види и фолкерите земале делче исто така).
Еден оркестар содржи гомила инструменти. Добро отсвирено значи и добра (квалитетна музика). Затоа сметам дека џез, блуз, соул, се правците каде е најквалитетната музика(ако ги исклучиме стандарните оркестри, или помали, квартети, квинтети сеедно кои свират класична музика, а веќе г спомнав први).

Бидејќи кај нив се прави музика за душа, се користат инструменти кои го доловуваат значењето на музиката, одразот на животот. Саксофони, пијана, виолини... па како може тоа да биде неквалитетно??
Може да биде досадно за некого, но токму тоа докажува дека е квалитетно...
 

PoisonGrl

~Malo crveno~
Член од
8 јули 2006
Мислења
664
Поени од реакции
2
Брн, се согласувам.
Сепак за мене квалитетна музика е онаа која не се прави по популарни шаблони и која по нешто (дали музиката, текстот или начинот на пеење) се осеќа дека е автентична, направена со чувства.
Музиката е уметност, а преку уметноста се искажуваат најдлабоките чувства на уметникот. Токму затоа сметам дека тоа би бил еден од критериумите за квалитетна музика.
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
kvalitetna muzika spored mene e onaa koja sto moze da probudi cuvstva vo mene pa duri da me rasplace :(
i ostaj to i ke me naezi cela :)
 
Член од
27 јануари 2007
Мислења
167
Поени од реакции
0
Kvalitetna muzika e ova so e u mojot potpis,normalno nekoj ne se soglasuvaat no toa e vistina,toa e umetnost,za toa treba mnogu poveke mozok da se sostavi i da se napravi,a denesnata muzika se pravi na kompjuteri so se pravi za 20 min ako se ima malce inspiracija.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Kvalitetna muzika e ova so e u mojot potpis,normalno nekoj ne se soglasuvaat no toa e vistina,toa e umetnost,za toa treba mnogu poveke mozok da se sostavi i da se napravi, a denesnata muzika se pravi na kompjuteri so se pravi za 20 min ako se ima malce inspiracija.
Аааа мислиш на турбофолк и хип хоп... знам знам, све тоа се компјутери. А масоните владеат со светот а сонцето се врти околу земјата... у право си... :pos: :tapp:
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Може да биде досадно за некого, но токму тоа докажува дека е квалитетно...
Не виктор тоа докажува дека тој некој ја слуша со многу голема предрасуда. А ако почнеш повнимателно да слушаш џез ќе откриеш дека инвентивноста при самото свирење доста често ги надминува и рокерските солажи на гитара. Така да секој што ги препознава рокот и металот како квалитетна музика терба да ги препознае и џезот и блузот и нормално обратно.
Турбо фолкот и повеќето од песните на топ листите се тежок шаблон кој многу пали кај широките народни маси.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.376
Од порано слушам класика, подоцна џез, блуз. Според мене квалитетна музика е онаа во која песната не иде по ист шаблон (Copy - paste). Во поквалитетна музика би ја ставил класиката, џезот, соул, блузот.
 
Член од
20 септември 2007
Мислења
50
Поени од реакции
0
Од порано слушам класика, подоцна џез, блуз. Според мене квалитетна музика е онаа во која песната не иде по ист шаблон (Copy - paste). Во поквалитетна музика би ја ставил класиката, џезот, соул, блузот.
Vo potpolnost se soglasuvam so tebe! Najmalku sto treba da napravime koga procenuvame kvalitetna muzika e da bideme pristrasni.Slusam trans ,haus i se sto spaga vo poimot "elektronska muzika" ama slobodno mozam da kazam deka vo taa muzika nema ni "K" od kvalitet!Klasikata e golem primer za kvalitetna muzika.PISUVANA e mnogu pred nas i ke trae uste dolgo posle nas ,zatoa kvalitetnata muzika e bezvremenska !
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Vo potpolnost se soglasuvam so tebe! Najmalku sto treba da napravime koga procenuvame kvalitetna muzika e da bideme pristrasni.Slusam trans ,haus i se sto spaga vo poimot "elektronska muzika" ama slobodno mozam da kazam deka vo taa muzika nema ni "K" od kvalitet!Klasikata e golem primer za kvalitetna muzika.PISUVANA e mnogu pred nas i ke trae uste dolgo posle nas ,zatoa kvalitetnata muzika e bezvremenska !
А со мене не се согласуваш а? ц ц ц ц џубре :)
 

pojma_nemam

Пиво
Член од
27 јуни 2007
Мислења
288
Поени од реакции
1
квалитетна музика е најпрво класиката бидејќи веќе неколку века се слуша исто така сметам дека е квалитетен и џезо блузо регето и демо снимките на некои бендови. Бидејќи поголем дел од бендовите демо снимките ги снимат од сопствен џеб и ги закачуват на некоја интернет страна на сите да и биде достапен за download
 
I

Iblis

Гостин
За мене е ова квалитетна музика, без специјални ефекти, без матрици,без плејбек, само музички уметници оставени да ја прават магијата содветно своите способности, без маркетинг машинерија зад музиката, чиста музика како таква, а не како прескап производ за еднократна употреба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom