Што се случува со енергетскиот сектор во РМ

asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Има висока стабилност на енергетскиот систем во земјава и претпријатијата и граѓаните немаат недостиг на енергија, изјави вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставревски.
На новинарско прашање за тоа кој конечно ќе ја понесе одговорноста за честите дефекти во РЕК Битола, Ставревски одговори дека дефектите не се толку невообичаени со оглед на староста на енергетските капацитети.
„Згора на тоа, блоковите изминатите години не се редовно одржувани“ додаде Ставревски.
Првиот блок на РЕК Битола викендов беше исклучен од енергетската мрежа заради истиот дефект кој пред две недели се случи на третиот блок. Блокот во кој пукнала цевка за регулирање на притисокот летово беше ремонтиран.
Од Електрани на Македонија најавија дека до денеска блокот одново ќе биде пуштен во работа. Ремонтот на ТЕ Битола 2 е во тек.
Од раководството на ЕЛЕМ неодамна најавија дека трите блока на РЕК Битола ќе бидат пуштени во погон околу 20 октомври.
 
asterix_m напиша:

Од раководството на ЕЛЕМ најавија дека трите блока на РЕК Битола ќе бидат пуштени во погон околу 20 октомври.
Според директорот на претријатието Зоран Коњановски, нередовноста на ремонтите на блоковите во изминатите три - четири години е причина за честите дефекти.
„Во 2004 - та не беше извршен ремонт на првиот блок, во 2005 - та немаше ремонт на третиот блок, а лани не се ремонтирал ниту еден блок во комбинатот“ изјави неодамна Коњановски.
????? Што се случува ке не обвие ли мрак, или чинговски изнудува нешто?
 
Член од
12 февруари 2007
Мислења
892
Поени од реакции
4
Za ova e kriv Sds.Na nekoja budala mu teknalo da se ripne remont,sto teor. e mozno,no prakticno,gledame.
Inaku vo idnina struja ima za izvoz.Denes rzus 10%up.Jeee.

Inaku bas me zanima kako Vmro-KP ce se fali utre za te-to,ko se e privatna inv.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Што се случува со енергетскиот сектор во РМ ????
Nisto posebno ...tone ko TITANIK...velicenstveno..... i ke napravi golem vrtlog koga ke otide pod voda....kogo se ke povlece...koj bi znaell, no ne e loso da kupuvate pojasi za spasuvanje....ah, da i toa orkestarot na Gruevski ...SVIRI LI SVIRI....
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Што се случува со енергетскиот сектор во РМ ????
Nisto posebno ...tone ko TITANIK...velicenstveno..... i ke napravi golem vrtlog koga ke otide pod voda....kogo se ke povlece...koj bi znaell, no ne e loso da kupuvate pojasi za spasuvanje....ah, da i toa orkestarot na Gruevski ...SVIRI LI SVIRI....
Викаш ќе не сполетат рестрикции како 1982-1983? А како што слушам муабети, можно е да се присетам на детството...
Туку и на ова да не се присетам:
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Останавме без увоз на струја

Во МЕПСО тврдат дека петте фирми што треба да ја обезбедат увозната струја испратиле допис дека не се во можност да го достават договореното количество

Македонија во овој месец не може да обезбеди доволно струја од увоз поради што од завчера ја вклучи во погон термоцентралата „Неготино“. Во Македонскиот електропреносен систем-оператор тврдат дека петте фирми-трговци што треба да ја обезбедат увозната струја испратиле допис дека од 1 до 10 октомври не се во можност да го достават договореното количество. Во МЕПСО велат дека причината за застојот е редовниот ремонт на далноводната мрежа во Косово.

- Снабдувањето со електрична енергија е стабилно - истакнуваат во МЕПСО. Оттаму информираат дека во октомври струја од увоз треба да обезбедат фирмите „Пима“, „Естада“, ЕОН, ЕФТ и „Гени“.

Во ЕФТ изјавија дека деновиве наместо 60 мегавати дневно испорачуваат по 50 мегавати.

- Од 6 октомври ќе ги испорачуваме договорените количини. Тоа значи дека во текот на денот ќе увезуваме 60 мегавати, а ноќе по 100 мегавати - изјави Кочо Анѓушев, директор во ЕФТ.

Познавачите на состојбите објаснуваат дека ремонтот на косовскиот далновод бил однапред најавен и морал да биде земен предвид во понудите на фирмите што конкурираа на повикот за набавка на струја. На тој начин ќе била избегната сегашната криза.

Дополнителен проблем за Македонија претставуваат и континуираните дефекти во електроенергетскиот стожер РЕК „Битола“, кој задоволува 75 отсто од домашните потреби за електрична енергија. Првиот блок на комбинатот од саботата е во дефект. Иако беше најавено дека блокот ќе биде подигнат за два дена, тој се' уште е надвор од електроенергетскиот систем. РЕК „Битола“ во моментот работи само со една третина од капацитетот бидејќи вториот блок е во редовен ремонт кој ќе трае до 20 октомври.

- Интензивно се работи на проблемот, но не можеме да прецизираме кога блокот ќе биде ставен во употреба. Блокот е отворен, а во таква ситуација излегуваат уште многу непредвидени работи. Не се санира само дефектот, туку се интервенира секаде каде што има индиции дека ќе се појават проблеми. Целта е да се избегнат дополнителни прекини во работата - изјави портпаролот на „Електрани на Македонија“, Мирче Котевски.

Третиот блок во минатиот месец во два наврата беше во дефект. Поради тоа, во септември РЕК „Битола“ за трипати го намали производството на струја. Раководството објаснува дека дефектите се резултат на застареноста на блоковите, а дел од вината префрлува врз претходната раководна гарнитура која ги прескокнала годишните ремонти. Годинава првиот дефект во РЕК „Битола“ ја чинеше Македонија 2,5 милиона евра за набавка на хавариска струја од Србија. Од ЕЛЕМ не откриваат дали при другите дефекти имало увоз на струја.

Енергетичарите алармираат дека е критична и состојбата во термоцентралата „Осломеј“, на која годинава беше извршен редовен ремонт и поради други зафати беше исклучена од производство од 10 април до 11 септември.

- ТЕЦ „Осломеј“ работи со капацитет од 90 до 110 мегавати. Максималниот е 125 мегавати. Ако има некој застој, ќе биде краток и нема да се случи пред да бидат пуштени трите блока во РЕК „Битола“ - велат во „Електрани на Македонија“.

Од 1 јануари до 30 септември лани во ТЕЦ „Осломеј“ имало 11 испади поради што била наречена викенд-електрана. Во ЕЛЕМ тврдат дека од септември лани досега имало само два дефекта. Од компанијата ветуваат дека зимава нема да има проблеми во снабдувањето на граѓаните со електрична енергија.
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Дали некој од владата ќе преземе мерки да испита што се случува во ТЕЦ Битола, само за месец дена реипати доага до хаварија на исто место во термоцентралата.

Има две објаснување
  1. Некоја фирма блиска до раковдоните во ЕЛЕМ и ТЕЦ зема пари а само прикрпува нешто
  2. Некој намерно продуцира енергетска криза за да може да се увзува струја во земјата нормално со провизија
 
city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Не ја гледаме поентата во следново: да отвориш нова тема во која има 7 мислења од 4 се на човекот што ја отворил темата?

молам објаснување!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom