- Член од
- 31 јули 2008
- Мислења
- 2.808
- Поени од реакции
- 1.529
КАВАДАРЦИ- Водата во Тиквешко Езеро е загадена, информираат од Центарот за јавно здравје во Кавадарци. Од вчера стапи во сила забраната за капење во езерото. Водата не смее да се користи ниту за наводнување на земјоделските површини, ниту, пак, за напојување на добитокот.
„Центарот за јавно здравје во Кавадарци редовно врши анализа на квалитетот на водата во Тиквешко Езеро. Се земаат проби од две мерни места. Прво, од место наречено Пумпи и второто мерно место е браната на ХЕЦ ’Тиквеш‘. Според резултатите од добиените анализи, водата е загадена, особено кај браната. Препорачуваме да се направат дополнителни токсиколошки анализи за да се утврди причинителот на загадувањето“, вели во изјавата за „Утрински“, д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена од Центарот за јавно здравје. Тој рече дека ќе ги информира сите надлежни институции за да се извршат натамошни испитувања.
Единствено Хидробиолошкиот завод од Охрид може да ги врши таквите испитувања.
Како што пишувавме, водата во најголемата вештачка акумулација Тиквешко Езеро со денови има зелена боја, а на повеќе места на брегот се забележува небесно сина боја. Деновиве голем број туристи се разладуваа во водите на Тиквешко, но и најголемиот дел од земјоделските површини се наводнуваат со водата од езерото.
Извор - http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=956AE3FC6924E544853907F85FA14D8F
Дали некој има информација до каде се испитувањата и има ли нови информации околу тоа што се случува со езерото?