Што сакате во филмовите?

Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Што барате во филмовите, што највеќе ви се допаѓа во филмовите...

Мене најбитното ми е
наратирање од некој лик во филмот (не нарација од рандом човек што ја раскажува приказната)
филмот да остане недовршен (како Inception, District 9...)
измешан тек на настаните (Memento, The Prestige...)
да има хардкор ликови, како во fight club
да има солидни ефекти, солидни камери и осветлувања, сите срања што се плаќаат = да не биде ниско буџетен
да не биде црно бел. Не сум кул за ова, ама што да правам. Мразам црно бели филмови покрај толку добри снимки (филмови?) што има денес.
mindfuck филмови, приказни.

Aктерите не ми се многу битни бидејќи никогаш не знам кој избор го имале. Може да ми се свиѓа глумата на актерот, но никогаш не би бил сигурен дека тој е Тој за таа улога.
Режисерите ми се битни, но не повеќе од сценаристите. Сценаристите се тие со креативниот ум што ја измислуваат приказната, дијалозите...
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Да биде различен од другите со содржината, а како што гледаме се прават само филмови со иста содржина повеќе пати.Исто така битни се и актерите дали се погодени за таа глума :)
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Психолошка тешка содржина, која после гледањето на филмот ќе те натера да размислуваш.
Нешто невообичаено, па и не мора кизне какви ефекти но сепак да биде на ниво.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Некоја содржина која ќе те тресне од местото.
Преку глава ми е од штанцање на исто па исто. Полека се` повеќе се ориентирам на европскиве филмови каде има еден вид на приземност, реалност и подобро објаснета животна порака. И прекуглава ми е од секој амерички филм што прави продолжение + додава 3D ефекти као вауу ми смо курац ипо ви само да нам попу*ите мало. Претеруваат.
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Нешто налик на Батерфлај ефект, сеа брзо го гледав
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Сакам филм кој ќе ме натера да размислувам за филмот барем саат време од како ќе заврши. Сакам филмови кои поставуваат прашања, даваат нови светла на работите.
Еден добар филм мора да има добри дијалози, добри актери и добро обработени ликови. Најдобрите филмови се оние кои успеваат да го променат гледачот, односно да го прошират неговото сфаќање за тематиката која ја обработува филмот.
Обожавам црно бели филмови, а мислам дека најквалитетни се европските филмови.
Во мојот омилен филм дијалозите се правени од Превер, црно бел филм со фантастична анализа на пет сосема различни ликови и на односот меѓу нив. На сметка на ова филмот трае четири часа.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Сакам уметнички филмови како Coffee and Cigarettes или Night on Earth, немаат некоја посебна прикизна, психички не те оптеретуваат а сепак пренесуваат порака, лесни се за гледање ама мораш цело време да ги пратиш, секунда ако пропуштиш отиде филмот.
 
G

_Ghost_

Гостин
Најмногу ме привлекува да има нешто што не е можно (барем досега) во реалниот живот.
Едноставно уживам во тоа до каде може да оди човековата фантазија.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
1. Атмосвера/сетап - место на одвивање на самиот филм.

2. Силни и уникатни карактери и детална обработка на истите - поврзување со гледачот.

3. Добро сценарио, уникатно... без веќе видени приказни, пресврти и пред се да има несекојдневи интелегентни дијалози, сленгови и силни акценти се исто така добредојдени.

4. Фотографија - прекрасни пејсажи и уникатни длабоки кадри.

5 Живописна обработка на вистински приказни, оставање на силна порака, како и "изнудување" на емотивна реакција кај гледачот, насмевка, тага, бес не е важно (A Beautiful Mind е добар пример)
 

burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Глумата мора да е перфектна, за визијата да биде фатена како што треба.
Да има амбиентален дух на моменти.
Добра музика, костимографија...вака до утре.
Едноставно треба да е цел филм супер...
 
D

dystopian

Гостин
Одлична глума, обожавам филмови каде некој од актерите steals the show. Како на пример, Џо Пеши во Добри Момци или Кристоф Валц во Копилињата.

Атмосферата е многу важна, самата приказна, мајдфак моменти обожавам исто така. Ако е акционен, тогаш сакам oh, shit! моменти и добро снимена акција (без многу CGI) како Борн на пример, тука глумата и приказната не ми се толку важни...

И то...
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66
МИСТЕРИЈА. Дури на крајо да се откријат работите. Така цел филм си претпоставувам шо че биди и то ме држи во неизвесност а воедно и да го гледам филмо и да мие интересен. Исто сакам филмој на крајо шо завршува со крај да се подумаш (пр. Inception)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
да се фаќам за глава од неверојатни настани што би се случиле во филмот
некоја средна доза на хумор(се разбирам зборам за филмовите надвор од жанрот комедија)
semi happy ending или бар неутрален, само да не е од типот нa psyside(главните ликови умираат, inb4 тоа е реалност etc) иако понекогаш и ова го толерирам
најмногу сакам кога одреден карактер има исти/слични размислувања со моите :)
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682
Филмови со twist endings, онака да се изненадиш на крај, да мислиш едно, а да испадне скрос нешто друго. Само такви филмови барем мене ми остануваат во сеќавање :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom