За слушалки, мауси, звучници незборам зашто кај нив најчесто е кабелот и тој ќе го сменам и готово. Иначе до еве што се ми се има десено во послениве две-три години:
Изгорев Asus A7M266 - пробав да направам волтмод, немав соодветен врв и ги поебав водовите не ја поправив
МSI K7 Master - ми се заглави на сред флешување биос. Неколку месеци барав каде може да се флешуваат чипови и најдов дека може во Login ама таму немаа соодветно лежиште, па емав две лежишта еден за мојот и еден каков што имаат таму и направив „адаптер”. Кога им го однесов таму прво несакаа да ми го флешуваат зашто мислеа дека ќе им заебам нешто па морав да идам со татко ми.
2хAMD Duron 850MHz - едниот од неуспешно отклучување на множителот, а другиот од преголема волтажа.
Ati Radeon 9800Pro - Ми ја донесоа од Америка на времето и после 2-3 дена цркна, ама појма немам од што. Па чекав 4 месеци дур најдам некој да ја врати и ми ја менија без проблем се на нивен трошок.
ASrock 939Dual-Sata2 - Откако измерив колку струја ми влече меморијата откако направив еден мод за поголема волтажа, заборавив на инструментот да ја вратам едната штипка назад за мерење напон и кога измерив пак напон направив краток спој и изгорев еден мосфет, ама еве сега си направив друг контролер за волтажа и супер ми работи.
Може има и повеќе ама не ми текнува, само се ова можеше да биде избегнато ако бев/сум повнимателен и попедантен. Убаво викале старите три пати мери еднаш крои