Што мислите за прашањата од типот: “Зошто немаш дечко/девојка?“

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.681
Поени од реакции
4.420
- ‘‘ Не биди толку пребирлив/а‘‘ - демек мора по секоја цена да имаш некого/некоја,
- ‘‘Среќен роденден, до в година со момче/девојка‘‘- каде редовно се става акцент на ‘‘ајде што чекаш‘‘
- ‘‘Блазе си ти, многу е поубаво кога си слободен/а - сожалување
- ‘‘Ќе го пронајдеш вистинскиот кога најмалку очекуваш - фали уште палома марамици
- ‘‘ Морам да те запознаам со ,,,,, баш е типче како за тебе‘‘ - :facepalm::facepalm::facepalm:

Некогаш се кажуваат најдобро намерно, но некогаш се кажани само колку да има што да се зборува, а не ретко и за фаќање сеир, иритирачки во секој случај.

П.С..пред некое време ми кажаа дека принцеви на бели коњи веќе не постоеле:vozbud:;)

Прашањето не ме иритира едноставно не гајле ми е.
Претпоставувам ќе те погоди или иритира ако внатре во себе имаш желба за врска,а поради разни причини(пари,убавина,муда,мотивација ,разочараност,
его,чекање на совршениот/а итн)не се решаваш на тој чекор.

П.С Ми го избришале одговорот за ДаркЛејди
(Кој беше најди си коњ со црно БМВ и ич да не тие гајле :icon_mrgr: )
Не знам кој ми го едитирал постот и зашто ,најверојатно нешто сум згрешил.
Ама друго ми беше зборот освен другиот дел сте ми го избришале и одговорот кон ДаркЛејди на овој начин постот не е поврзан со нејзиниот и за џабе стои како да е одговор на нејзиниот.
Ако нешто не ми беше во ред се извинувам ама барем цел да го избришевте или да го ставевте како директен одговор на темата вака е ниту ваму ниту таму, а највеќе ме нервираат работи кои се оставени на пола.
-Благодарам Однапред
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Добро бе, добро, до толку ли не ги читате првите постови? Мислам фрапантно е како избришав 20 постови од кои 4 беа обид за сеир, а 16 одговориле зашто немаат дечко/девојка. ПА ЧИТАЈТЕ ГО ПРВИОТ ПОСТ! Не е прашањето, зошто сте сами и немате дечко или девојка. Очигледно го прочитавте само насловот и одговоривте нешто спротивно од она што е поентата на темата.
Секој нареден обид за сеир и расипување на темата ќе резултира со бан.
Страшно еј, до толку да ве мрзи и првиот пост да го прочитате, да видите за што се работи во темата.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Ме нервира, зависи кој го прашува. Ако го прашува стара баба не е за замерка, ама ако го прашува некој помлад, нервира и тоа како. Шо уствари очекуваат да им одговорам? Уште повеќе ме нервира кога следува потпрашањето: Знаеш дека на твои години (23) некои имаат деца? И шо .!. ми е гајле мене ако некои имаат деца? И ја пеев на Златно Славејче кога имав 7 години, па шо. Да му велам на секое дете дека ја на негови години сум пеел на детски фестивал?
 

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
Едноставно е. Некои луѓе се создадени за да поставуваат такви глупави прашања. Ако некој нема дечко/девојка, тоа си е негов/нејзин проблем. Доколку сакаш да му/и пристапиш, има милион други начини освен тоа ИМАШ ЛИ ДЕЧКО/ДЕВОЈКА?!
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.740
Поени од реакции
7.992
Нормално дека обично ова прашање го поставуваат постарите... е сега, ја незнам која им е поентата... не дека ги интересира, но да поставиш вакво прашање :confused: ... штета што не им работат мозоците. А најжално е тоа што ако немаш дечко / девојка, одма те сметаат за некоја пропалица, некој пак почнуваат со тешење... 'Па како така убав тој да нема девојка...' бла бла бла!

Катастрофа е.

Ако не си женет - Оти не си женет?
Ако си женет - Од кај најде оваа од толку девојки, жити све?
Ако се жениш, немаш деца - Ќе почнат муабети... оти, зошто така...
Ако имаш деца - Многу личеле на жената...

:facepalm: ... нема крај ова чоече.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.111
Поени од реакции
3.966
Прочитав една статија, и комплетно се согласувам со неа. Мислам реално што е со прашањево? Мене искрено многу ме иритира и до ден денес никако да сфатам што е поентата на истото. Што треба да се одговори: Не сакам, што ќе ми, не се замарам и сл.? Крај краева причините за тоа се посебни кај секој и според мене е приватно прашање.

Убаво рекоа во статијата: Зарем луѓето што се сами прашуваат а зошто ти имаш дечко/девојка?

Вие каков став имате?
Ве иритира ли прашањево или не?
Мене лично ми е непријатно, не знам што да одговорам никогаш.
И ме интересира која е причината за прашањево... да се најде човек во муабет или?
Незнам што толку се потресуваш околу прашањево, ја у принцип не се замарам ниту пак гледам нешто лошо/глупо во тоа што те прашале...

Може им личиш на геј/лезбејка па сакаат да видат дали тоа е причината оти немаш дечко/девојка (партнер од спротивниот пол)
 

демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
На зафатените им е по малце мака што не можат да ја имаат слободата како сингл (па као криво ми е што и ти немаш некого),а сингл што се потајно понекогаш љубоморат зашто и они немаат стабилна врска како некои зафатени (па од тука глумат као ихааа супер е да си сингл) иако забораваат од кои работи се лишени ако се зезнат и се врзат:D
Се на се глуп муабет е и што по малце го употребуваат луѓето поарно е.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Па незнам колку години си но биолошкиот часовник ти тече,така да одговорот може ќе го најдеш во себе.Што сакаш од една врска,што се твоите барања,што очекуваш од личноста.Но ако си модерна жена и си инвидуална,тогаш потешко некој да те привлече и да дојде во твојот свет.
Значи Стефчо, тие што не сакаат се лажат себе си е празна прича која неможе да се докаже, гледаш и самиот. Значи како прво сите имаме различен карактер, сфаќања и поглед кон иднината. Не сите фантазираат за брак, деца и свекрва. Биолошкиот часовник не е поврзан со врска, туку со желба.
Многу луѓе се среќни сами, повеќето веќе цел живот биле во долги врски, некој можеби е повреден од кратка врска, некој можеби сака да се гледа со тројца во исто време, друг има побитни работи од љубов, некој можеби е болен и гледа да си го спаси животот, на друг можеби цел свет му се распаѓа од проблеми...Така да „врската“ си доаѓа спонтано во некој период од животот и во никој случај неможе да се земе како приоритетна ствар покрај работиве кој ги напоменав.
Али додека има вакви одговори (се лажат себе си, длабоко во себе сакаат, неможат да си фатат, им мине возот бе и слични глупости) ќе има и вакви прашања. Прво и основно кој може да е убеден дека личноста е сама и нема никој до себе? И второ од кај толку сигурност дека баш неа ќе и кажат на вакво прашање?
 
S

Shellshock nam67

Гостин
абе ви ги читам мислењата и ви се чудам !!!
се додека киснете на форумов или на фб и социјалниот живот го заменувате со виртуелен живот нема да имате просперитет во љубовта.
некогаш до продавница да одиш моеже да ти се створи прилика вака од форум тешко (само очајни луѓе бараат на форум)
За да си најдете прилика по ваш избор прво и најосновно е треба да знаете што сакате !!!, од кога ќе заклучите што саката изборот потоа е полесен.
Принцези нема, така да реалноста е друга Стеф Ангел изборот го гледаш пред себе секој ден, е од тој избор треба за себе да го одбереш најдоброто, во зависност од тоа што најмногу те влече кај девојката.
(и не оние излитени фрази : немама време, ова она, машко си ти треба девојка, бар во денешно време најлесна работа е да фатиш девојка, )
принцови исто нема па девојки бирајте од тоа што гледате пред вас.
Сам не се живее, јес да некад треба да се почека за подобар избор, ама и кој чекал се начекал.
 
Член од
21 август 2011
Мислења
5.064
Поени од реакции
5.665
Прочитав една статија, и комплетно се согласувам со неа. Мислам реално што е со прашањево? Мене искрено многу ме иритира и до ден денес никако да сфатам што е поентата на истото. Што треба да се одговори: Не сакам, што ќе ми, не се замарам и сл.? Крај краева причините за тоа се посебни кај секој и според мене е приватно прашање.

Убаво рекоа во статијата: Зарем луѓето што се сами прашуваат а зошто ти имаш дечко/девојка?

Вие каков став имате?
Ве иритира ли прашањево или не?
Мене лично ми е непријатно, не знам што да одговорам никогаш.
И ме интересира која е причината за прашањево... да се најде човек во муабет или?
Crazy ти викам немој да бидеш толку добра, пукни им на сите во колено, ич не му ја мисли :D

ОН: Ова прашање го поставуваат стари баби кои во нивно време на 25 г. веќе имале по две деца и најверојатно сите во тоа време кои немале да се земат и ќе останеле сами нешто им фалело, но го поставуваат и помлади кои цел живот се со дечко/девојка, луѓе кои не биле повеќе од два месеца сами, и на нив им е несватливо како некој е сам. Мене ти не си ми јасна зш ти е непријатно кога ќе ти го постават ова прашање. :D
Кога ќе те жениме/мажиме, е уште полошо прашање :D
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.773
Поени од реакции
18.374
Crazy ти викам немој да бидеш толку добра, пукни им на сите во колено, ич не му ја мисли :D

ОН: Ова прашање го поставуваат стари баби кои во нивно време на 25 г. веќе имале по две деца и најверојатно сите во тоа време кои немале да се земат и ќе останеле сами нешто им фалело, но го поставуваат и помлади кои цел живот се со дечко/девојка, луѓе кои не биле повеќе од два месеца сами, и на нив им е несватливо како некој е сам. Мене ти не си ми јасна зш ти е непријатно кога ќе ти го постават ова прашање. :D
Кога ќе те жениме/мажиме, е уште полошо прашање :D
Затоа што секој има потреба од љубов (да ја добива и да ја дава), вистинското прашање би било: Зошто по секоја цена во врска?
Понекогаш е подобро да се остават работите само да течат, па кај те однесе водата, таму ќе прашаш и ќе го побараш тоа што стварно ти фали и може ќе го најдеш.:)
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Значи Стефчо, тие што не сакаат се лажат себе си е празна прича која неможе да се докаже, гледаш и самиот. Значи како прво сите имаме различен карактер, сфаќања и поглед кон иднината. Не сите фантазираат за брак, деца и свекрва. Биолошкиот часовник не е поврзан со врска, туку со желба.
Многу луѓе се среќни сами, повеќето веќе цел живот биле во долги врски, некој можеби е повреден од кратка врска, некој можеби сака да се гледа со тројца во исто време, друг има побитни работи од љубов, некој можеби е болен и гледа да си го спаси животот, на друг можеби цел свет му се распаѓа од проблеми...Така да „врската“ си доаѓа спонтано во некој период од животот и во никој случај неможе да се земе како приоритетна ствар покрај работиве кој ги напоменав.
Али додека има вакви одговори (се лажат себе си, длабоко во себе сакаат, неможат да си фатат, им мине возот бе и слични глупости) ќе има и вакви прашања. Прво и основно кој може да е убеден дека личноста е сама и нема никој до себе? И второ од кај толку сигурност дека баш неа ќе и кажат на вакво прашање?
Јас имам желба да направам круг од 50 пријателки,да ги викам на забава,да се дружиме да се откачиме и да видам од сите тие 50 девојки што ме привлекува што ме одалечува.Тоа правам секоја вечер,кога сум расположен и сакам да запознаам некоја.На сите познанички да речеме тоа и сум и го рекол дека во моментов не барам нешто сериозно.
За се друго си во право :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom