Спајдер зима да се треска од земја
Што мислам за влегувањето на малолетниците во коцкарниците
Јас како малолетник,сум вклучен исто така во моето мислење околу влегувањето на децата во коцкарниците,не знам каде како е,ама очигледно е дека обезбедувањето во Македонија "одлично" ја врши работата со пуштање на недораснати фраери во лажни места како што е коцкарницата. Во последно време, светот очигледно станува поопасен за живеење, веќе никој не внимава на ништо, а очигледно е дека малолетните деца на наша возраст ги интересират многу различни работи од нештата кои ги интересирале на нашите родители во минатото,да,ни тие не биле перфектни...точно е дека сето тоа излегување после 12 не излегувале порано се обични лаги,но тогаш никој не би оставил пријател,пари...било што за популарност која всушност повеќето од нас знаеме дека преку коцкарницата најмалку се добива...Замислете некое дете се обложува на куќата со објаснување дека ги има сите кралови,а големиот дечко спроти него излегува дека ги има сите кецови од кои едниот всушност отиде во купот на карти што не му требале на детето...И што потоа?Ќе им каже на мајката и таткото...се селиме?Мислам пресериозен пример е ова како некое дете игра потер бидејќи малолетниците играат обично на машинките...ама како што продолжуват да го оставаат паметот на кирија еден ден ќе дојде и до тоа...Еден ден иде дете у коцкарница и машинката застанува на 3 исти...13500 денари си добил!Дали потоа некој ќе те поштува?Дали некој ќе ти каже браво,си ги заработил најчесно и со добар труд?!?Дали некој ќе ти се восхитува на нешто твое што си го изработил многу доброи?Не сваќам....ќе ги истрошиш тие пари на нешто,ама сигурно никаков спомен нема да ти остане.....Порадо би работел во некоја фабрика и би потел ама да знам дека е мој труд...мислам самиот збор коцкарница треба да се отфрли во секојдневието на било кој човек,а не само кај малолетните деца....но некој уживаат да бидат во центарот на вниманието...но секој човек има свои 5 минути на слава кои може да ги искористи паметно или да ги искористи на најлош начин,во зависност од трошењето на 5те минути ти зависи целиот живот....каква слава ќе ти донесе што си добил во коцкарница 50 000 денари,а каква слава ќе ти донесе што во школо си поминал со 5?Какви ќе ти бидат можностите за добар живот доколку учиш за келнер,какви за учител,какви за бизнисмен?И дали некој може да си го замисли животот одејќи секој ден во коцкарница очекувајќи еден ден да добие некоја голема сума....:uvo: