Што кога ни е сеедно?

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Незнам зошто, но последно време за многу работи ми е сеедно и се однесувам рамнодушно. Што би се рекло: „ни на погреб плачи, ни на свадба се радува“.
Во некои случаи ми е подобро кога е така, кога не покажувам емоции и размислувам со ладна глава, но некогаш се прашувам дали е во ред сето тоа, дали е се’ во ред со мене.
 

GothLady

Heinous
Член од
16 јуни 2008
Мислења
283
Поени од реакции
33
Во последно време за се ми е сеедно. Мило ми е зошто до пред некое време постојано се замарав со личности и работи кои уопште не беа вредни.Едноставно за глупи ствари си тупев мозок и се нервирав, ми дојде преку глава и реков дека ќе прекинем.Бидна и тоа, сеа па за нишо не ми е гајле :toe:
Знам дека е период и дека ќе ми помине, ама на некој начин подобро ми е вака:pipi:
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Што се случува кога ни е сеедно?
Кога ништо не ни е важно, ништо не е врзува, никакви принципи и правила...?Што тогаш?
Тогаш е најубаво..
Несакам да се замарам, несакам да ме врзува нешто.. И никакви принципи и правила.
Најубаво е да не се замараш со ништо во животот..
Мене ми е цел живот сеедно се..
 
С

Сатори

Гостин
Тогаш е најубаво..
Несакам да се замарам, несакам да ме врзува нешто.. И никакви принципи и правила.
Најубаво е да не се замараш со ништо во животот..
Мене ми е цел живот сеедно се..
Најубаво?
Можеби јас не ги разбирам добро работите, но да бидеш ладнокрвна статуа на која за ништо не и е грижа и не е толку убаво.
Понекогаш да го имаш луксузот да се врзеш за нешто, дури и преку принципи и правила, кои што можат да бидат сопствени, не мора да зборуваме и аплицираме на оние општествените, е најдобрата работа која што ќе ни се случи во животот.
Затоа што иако се ризикува со топлина, тоа е единствениот начин да се почувствуваме живи, било љубов, болка, среќа, мир ... тоа е комплетно небитно.
 
Член од
13 декември 2008
Мислења
165
Поени од реакции
3
Што се случува кога ни е сеедно?
Кога ништо не ни е важно, ништо не е врзува, никакви принципи и правила...?Што тогаш?
koga ni se slucuva toa togas znaci deka sme zapadnale vo depresija i nemame volja za zivot i se ni e seedno.
togas treba da izleguvame poveke i da se druzime i komunicirame- toa ke ne izvadi od depresija i ke ni ja vrati voljata za zivot.
ako sedime doma i samuvame samo ke zapadneme vo pogolema depresija.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Што се случува кога ни е сеедно?
Кога ништо не ни е важно, ништо не е врзува, никакви принципи и правила...?Што тогаш?
Тогаш најчесто повредуваме некој на кого не му е сеедно. Било да се работи за љубовна врска, или за работни обврски, за секојдневни обврски, кога ни е сеедно, најчесто ни е здодевно. За некој проблем, некои луѓе остануваат на страна, не делејќи го сопственото мислење со останатите. Затоа што кукавички не сакаат да бидат осудени од едната страна, која нема да има ист став со нив. Многу ретко се случува да ми е сеедно, но ми се случило за една поранешна врска што ја имав, да би беше сеедно за него... И кога се навраќам наназад со мислите, сфаќам дека тогаш ми беше досадно, монотоно...Едноставно не функционирам кога ми е сеедно. Ако сум рамнодушна, не ми е интересно.Кога ни е сеедно, ги земаме работите здраво за готово, од што произлегува дека не сме благодарни за она што го имаме. Срцето ни е парализирано во некоја мат состојба, не можеме да сме продуктивни , нити да ги чувствуваме благодетите на случајноста, планирањето, изненадувањата...
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.508
Поени од реакции
1.730
обично, сеедно ни е кога сме во некоја тешка депресија. тогаш можеме или да се издигнеме до врвот или да потонеме под земја, средина не постои.

или ќе најдеш сила за да продолжиш со животот или ќе потонеш и ќе згаснеш ко цвеќе без сонце. :toe:
 

Ајанта

Македонка
Член од
21 декември 2008
Мислења
580
Поени од реакции
37
Сеедно ни е кога не не тангира, тогаш само:
a) "си поминуваш, си заминуваш":baeh:
б)безобразно и безобзирно, по балкански си фаќаш сеир:tv:
 

ArhangelOFDeath

Immortality
Член од
3 септември 2008
Мислења
1.906
Поени од реакции
126
Ај сега сериозно овај пост...
Нз дали е нормално ама мене никогаш ништо не ме секира и сеедно ми е за се....
Се на се се имам 5-6 пати изнервирано во последниве две години и мајками на секое ми вика дебил идиот а јас си терам пак по мое и ни тоа не ме секира..
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Па ќе најдам нешто за што не ми е сеедно па ќе го одглавам вниманието со тоа.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
312
Поени од реакции
153
Да ти биде сеедно значи да немаш волја за ништо или пак едноставно таа работа не ја гледаш од некоја особена важност...загубата на волја за понатаму претставува еден ѕид кој те спречува да го оствариш замисленото, толку посакуваното...но што кога човекот колку и да се труди сепак неможе да успее во некоја работа, се чувствува толку безпомошен и слаб па така да кај него се јавува безчувствителнот рамнодушност...но според мене тие ситуации траат периодично се додека не се појави некоја добра работа која ке го дигне во живот човекот и повторно ќе му се врати онаа волја која ќе го буткаа напред за остварување на желбите:wink:
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Досадно е коа ми е сеедно за работите што се дешаваат околу мене.. Не внесувам волја и живост во она што го правам, не ми е битен резултатот.. мислењето на луѓето кои ми се битни. Иам такви периоди коа ама баш не се грижам за ништо и дури ми недостасува оној момент на јад кој ми иде на нерви
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Моментално ми е се сеедно.Сеедно ми е дали ке земам стипендија(денеска се тестирах за у јахја кемал, не ни размислувах ногу на тие прашања).Сеедно ми е дали ке дојде мајка ми од работа и ке ме фати на пц(а не смеам у оваа време да седам).Сеедно ми е дали ке ми црка и ке ми земе модемо.Сеедно ми е дали у школото ке ме пофалат или ке се пожалат дома.Едноставно се ми е сеедно...осекам се некако празно.И не знам како да ја пополнам таа празнина.
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
1.049
Поени од реакции
367
Се едно не мора да ни биде само кога сме разочарани и депресивни, се едно може да ни биде и кога сме во добро расположение на пр. кога некој ви вари кафе и ве праша дали го сакате благо или горко ти ќе му кажаш се едно ми е :)или пак се договарате каде за мај некој сака за Дојран некој за Суви лаки на тебе не ти е битно и си викаш само да одиме и таму и таму ќе биде убаво :vozbud:
ајде сега да не набројувам но свативте што сакам дакажам нели :helou:
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Се едно не мора да ни биде само кога сме разочарани и депресивни, се едно може да ни биде и кога сме во добро расположение на пр. кога некој ви вари кафе и ве праша дали го сакате благо или горко ти ќе му кажаш се едно ми е :)или пак се договарате каде за мај некој сака за Дојран некој за Суви лаки на тебе не ти е битно и си викаш само да одиме и таму и таму ќе биде убаво :vozbud:
ајде сега да не набројувам но свативте што сакам дакажам нели :helou:
Овде зборуваме кога ни е сеедно, не за какво кафе сакаме да пиеме, туку за важни работи во животот од кои може да зависи текот на нашиот живот....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom