Што играте во моментов

volare_g

Nediplomiran i nedokvakan
Член од
28 февруари 2014
Мислења
785
Поени од реакции
2.016
Decki pisav off topic na nba temata....
Imam malku vreme za tepanje, a mi se igra kosarka na sp, preporacajte koja igra e dobara za ps4 ?
 
Член од
29 март 2013
Мислења
4.731
Поени од реакции
4.588
Прегледај го приврзокот 446630

Апла в крај сум спојлан за играва, али не гледам причина да скокнам топ 5 игра.
Морам да прокоментирам во пар реченици за впечатоците од играва.

Ме изненади да бидам искрен. Како што реков, доста бев спојлан со играва и дел од приказната, гејмплејот, мапата и квестовите веќе ми беше познат.
Од тоа што тогаш го гледав, добив впечаток дека доста е успорена во споредба со класичните ГоВ, но напукана со графика.
Гејмплејот ми изгледаше доста репетитивен и здодевен, премногу здодевен.

И сега пред да ја играм го очекував истото, но знаев дека не смеам да го пропуштам портов и морам да ја изиграм, али за ништо конкретно не бев така хајпнат.
Но еве после 20тина часа морам да признаам дека искуството директно во играта е сосем поразлично, барем за мене.
Гејмплејот не е воопшто здодевен, комбоата не се баш така како што ги замислував (кликаш 2-3 копчиња без многу мислење и тактизирање и чистиш се пред себе). Со други зборови... не е како во ДМК на пример. Таму баш се осетив ретардирано. Кликаш 2 копчиња и карактерот ти чисти се пред себе, а не ни мора да гледаш и во монитор :icon_mrgr:
Овдека во одредени ситуации мораш да знаеш кое комбо да го повлечиш прво и како да се надоврзиш на друга механика, каде да искористиш ултимативен скил и против кој непријател без да умреш, а умирам често, ваљда од дификалито кое го одбрав, а го одбрав второто најтешко.

Добари пазл квестови и скриени риворди. Ок, не се најтешки за совладување но сепак даваат некоја посебна нота во гејмплејот.
И сеа доколку би ја споредил со првите делови од ГоВ во кои ги нема овие ствари, мислам дека не е толку полоша како што претходно мислев. Дури би рекол на моменти делува и помалку здодевна. Пошто во првите делови си рејџ-машин и само кликаш рандом копчиња и ремпејџаш се пред себе, а тоа баш знае да ми здодее.

Приказната е исто така добра. Светот е не е баш опен-ворлд, али сепак имаш опции каде да се движиш и како да прогресираш, дали да чејсаш стори директ, или да сајдаш странично по мапата. Ок, на моменти делуваш ограничен пошто непријателите знаат да бидат оверлевелд во споредба со тебе.

Не морав дури ни да размислувам што да напишам за играва, доволно ми беше што осетив дека не ми се гаси доцна навечер кога играм, што обично често се случува со други игри. Овдека нешто ме тера да продолжам уште малку, па ајде уште малку... и завршувам саат-два повеќе од планираното.

Имам уште многу за играње знам, но се надевам дека нема да сменам мислење во обратен правец, така да...
Заслужено игра на годината бе.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.170
Поени од реакции
6.059
Metroid Prime Remastered.

Се надевам дека ќе извадат и ремастеризирани верзии од 2 и 3 пред да излезе 4ката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom