- Член од
- 4 јуни 2009
- Мислења
- 11.332
- Поени од реакции
- 27.890
Навивач е да бидеш свој, да имаш став. Да бидеш горд на својот град, својот клуб, својата навивачка група! Тоа те прави прав навивач. Навивачот не го сочинува “носење” на навивачки реквизити само на улица, игралиште, школо ... Секој реквизит кој го купуваш и носиш (маица,дукс,јакна,беџ, а поготово шал) има високо значење, непроценливост, гордост и одговорност.На тој начин се претставуваш како дел од една заедница, твојата навивачка група и така со себе носиш низа одговорности за своите постапки, кој понекогаш можат да бидат поврзани со цела навивачка група. Секој од тие реквизити треба приоритетно да ги носиш на трибина, а после на останати места. Да бидеш виден на утакмица е поважно, отколку да бидеш виден со маичка на некое си друго место.Исто така, многу мислат дека со купување на познатите бренд марки (Fred Perry,Lonsdale,Hooligan итн.) станале главни навивачи преку ноќ. Запамти, купување на таква облека и нејзино носење е сосема во ред, али за својата навивачка група и себе како вистински навивач ќе сториш многу повеќе доколку ако купиш реквизити који твоите ДРУГАРИ ги измислиле, пријатели или познаници и да со тоа ќе допринесеш многу во својата група. Знаци, да се изјаснуваш како навивач не значи да се правиш важен, туку да им даваш пример на другите. Да им покажеш дека единствено е исправно да го сакаш својот клуб, без обзир на се! Веројатно често ќе наидуваш на препреки во живеење на својот навивачки живот – неодобрување од семејстовот, професори, пријатели ... Но, биди упорен ! Љубовта знае свои начини: ако вистински го сакаш својот клуб, за кој и си тоа што си (прав навивач), тогаш ќе постои одреден начин да им докажеш на сите дека тоа е неуништива љубов која жари и пали во твоите вени! Навивач не е она што мислат другите. Не е насилник – туку бранител на чест, не е себичен – он го дели и последниот центиметар од бетонот на трибината, не е срамежлив – туку гласен и се осудува да им покаже пример на прав навивач, па дури и ако е нов на трибина он не сака “слава” – он се осеќа почесен што е дел од својата навивачка група! Да се биде навивач и прав претставник на својата група значи и да се помага. Да се распрашуваш за активности, да го трошиш слободното време во изработување на кореографија или транспарент, па и макар само да учествуваш во разговори за идеите,мислењата,предлозите... Секако, најголемата смисла на навивач е одење на гостовање на неговиот клуб. Секогаш и секаде. Така тоа треба да биде! Никој не те тера да биде баш секаде, доколку не си во можност! Доаѓај и бодри го клубот на домашните натпревари, а кога можеш оди на гостовања во други градови. Сепак, доколку не си во можност – немој да се откажуваш! Немој да мислиш дека си помалку вреден ако сега не одиш на гостовања поради тоа што ти зборат дека си премлад за тоа. Битно е да се посакува, сака и сонува. Труди се околу својата улога во навивачката група да се изградиш во навивач кој ќе биде достоен да ги брани боите на својот клуб и навивачката група. Тоа што си млад не ја смалува твојата љубов и тоа никогаш не се потценува. И постарите имале свои почетоци. Оние кои ги сметате како нивни наследници настојувајте да ги следите. Најдобро ќе успеете ако не ги сметате за идоли туку луѓе од кои ќе научите многу. Во навивачкиот свет нема место за штедење. Пријди му, пружи рака, представи се, прашај за било какво мислење или совет и секогаш имај почит почит спрема него, бидејќи он искусил многу од тоа што тебе на навивачкиот пат те чека. Слушај го она што ти збори или бара од тебе на трибина и надвор од неа, бидејќи соработката е важна за успех. И ти еден ден ќе бидеш на негово место ако бидеш упорен! Навивач не се станува преку ноќ, како што е веќе спомнато, или кога на себе ќе облечеш облека која те обележува, или кога на другите им “продаваш” приказни за утакмици на кои не си ни бил! Битно е да се доаѓа: сам, со пријател, со роднина ... сеедно! Не е битно дали на трибина некој ќе те примети. Битно е ти да се слушаш и да си ТАМУ! Верувај, секогаш има некој ќе обрне внимание на таквите кои се трудат. Значи, се што мораш да имаш за да бидеш навивач е: да бидеш горд на својот клуб и група, да бидеш она што си, бидејќи глумци одма се препознаваат и такви не требаат на трибина! Нема смисла, да стои на стадион и да грцика семки, додека се навива и да се коментира играта. Тоа можеш и после утакмица. Твоето место на навивачката трибина е ПРИВИЛЕГИЈА, и на неа има место само за оние кои се полни со љубов кон клубот. Сети се, и ти претставуваш некому пример, или еден ден тоа ќе бидеш. Тоа доаѓа со верноста, со години. Со тебе ќе растат нови деца кои можда нема да ги приметуваш, а они ќе те посматраат и ќе се трудат да те следат тебе. Ако не ти е тешко прочитај го ова и десет пати, и кога ќе сватиш се што пишува, а поготово ако си поставиш своја цел од горенаведеното, веќе со сигурност ќе знаеш да се биде навивач е твој начин на живот, и твоја посебна животна приказна во која понатаму одлучуваш сам.