На мене ми требаше да мрднам од мртва точка, да се ослободам, цели 7-8 години, значи после направени n-грешки и повторување на истите едно n-пати. Дозволив да се поигруваат со мене, да ме газат и да ме направат роб на туѓи желби и идеи. Сега кога тоа заврши можам да кажам дека стекнав големо искуство за животот, не верувам во судбина, некако ми е блесаво да верувам дека се е така запишано и така треба да биде, напротив Јас сметам дека сум крив поради некои работи. Годините не можат да се вратат назад, ама ете едно нешто сигурно ми останува и никој нема да може да ми го земе, искуството. Школа за друг пат.