MEDDLE
уставен кривичар
- Член од
- 19 февруари 2008
- Мислења
- 1.995
- Поени од реакции
- 1.406
Можеби насловот изгледа малку конфузен, но ќе се обидам накратко да дадам еден вовед, за што се надевам дека можеби сите ние (барем повеќето ако ништо друго) ќе дадеме придонес кон одговор на прашањето од насловот.
Како прво, прочепкав малку по оваа група - Философија и психологија, и забележав дека постои една тема која што се занимава со Илузијата, но барем од тоа што го видов, проблематиката ја чепка само површински.
Второ, целта поради која го поставувам ова прашање од насловот е поттикната од самиов форум, поточно од дел од форумџиите со кои имав прилика заедно со нив да реплицирам, пишувам и се докажувам. Забележав (а верувам дека и повеќето од вас- мислам не е тоа некое откровение од типот Колумбо ја открил Америка!) дека добар дел од форумџиите дел од некои факти, а кои се општо познати, ги отфрлаат како неточни, а за сметка на тоа утеха наоѓаат во фрази кои што поаѓаат од банални претпоставки, заради што логиката со која ги поврзуваат тие поретпоставки, ја вклопуваат и издигнуваат на ниво на објективна вистина, општо познат факт и сл исл. Она што во суштина зачудува тука, не е фактот дека овде станува збор за проста заблуда (бидејќи ако е заблуда секогаш потсвесно постои еден дел од нас кој што во даден момент, порано или подоцна, зависно од околностите и дејствјата, ќе притежне и сомнежот во претходната „вистина“ која што сме ја земале здраво за готово, и на површниа ќе дојде реалниот факт), туку повеќе станува збор за верба, за воља да се верува во нешто дека тоа е така и поинаку не би можело да биде. На пример, читаме некоја книга за која што сме слушнале и ни ја препорачале, еве да речеме „Очите на Сфингата“ или „Сите сме ние деца на Боговите“ од Ерик Фон Деникен (Деникен го земав затоа што и јас пред многу време го читав, но самиот тој ме наведе да шпекулирам за тоа што тој го пишал и да се сомневам во она што го тврди, за потоа да дознаам дека е шарлатан) и обземени сме со речитоста, со прикажувањето на доказите, динамиката, како и теориите дека нас не создале вонземјани, а дека големите чуда од стариот свет се дело на некоја вонземна- виша сила, која што ни дала знаење и не поттикнала да го изградиме то што сме го изградиле. Или на пример, во последно време кај нас македонските „пост-модернистички теории“ за потеклото, идентитетот и достигнувањата на македонската нација и народ, или пак за тоа што е демократија, бог, капитализам, комунизам и сл и сл. Како реагираме во моментот кога некој ќе ни каже дека токму тие тврдења кои го зборуваме се невистини,а дека реалноста е друга? Зошто реагираме со неверување, отфрлање и под дејство на силна убеденост? Како ја препознаваме тука „измамата“? Кој е тука под илузија? Како да препознаеме кој е под илузија? Што тука навистина предизвикува да бидеме „излажани“, односно „под дејство“ на илузијата? Нашите сетила, чувства, инстинкт или информацијата?
и
Трето, немаше да ја поставам оваа тема како тема за разговор, ако истото не си го поставев и на себе, бидејќи мора да признаам (иако навистина не ми смета и ова што го поставувам како тема не е од некое мое ирационално чувство на загриженост и потиштеност на моето его во однос на другите и сл и сл.) добар дел од луѓево, не само овде на форумов, него општо и во државава, го имаат овој проблем (а бидејќи сепак сме луѓе, сметам дека таа карактеристика ја имаме сите низ целиот свет. Секако дека и јас сум таков на моменти, но тоа е причина плус зошто ја започнувам темава. Оттука, сметам дека клучните прашања би биле: - Од каде потекнува илузијата (која е нејзината пра-причина)? Дали илузијата е симптом? Дали реалноста е симптом?
И за крај, со оглед на тоа дека додатокот од насловот го извлеков како инспирација на еден документарец и книга од словенечкиот филозоф Славој Жижек, за крај само би цитирал една негова изрека која вели вака: - „Потајно мислам дека реалноста постои за да ја шпекулираме“.
Нека биде ова еден почеток, малку е несреден, но вероватно ќе му го најдеме вистинскиот ред.