Исус по мене бил човек со високо ниво на свест, нешто како буда што бил, и мислам дека многу вистини за него се заменети за лаги како поминувало времето до денес. Тоа е како играта расипан телефон. Тој бил еден единствен со таква интелигенција а сите околу него не го разбирале како тој така функционира, и затоа не бил разбран. Потоа откако тој умрел неговите најголеми противници, римјаните го прифатиле неговото учење, и бидејки биле злобни учењето го измениле за лаги, со цел да се контролира народот. Ако тој не сакал од храмот да се прави пазар, зошто тогаш ние оставаме пари на икона, мислите на него би му се допаднало тоа?
Зошто неговите верни слуги попови и свештени лица наплаќаат ДЕБЕЛО за свадби погреби и сл церемонии, мислите тоа би му се допаднало на него?
Единствено оправдувам одење во храм за да се помисли на нешто убаво, да се посакаат убави желби, да се добие тоа позитивно расположение кај човекот. Се друго, сите обичаи, мафтања со кандила пеење песни и сл. мислам дека е чиста глупост, дури и свадбите се глупост.
Храмот е наменет САМО за човекот да медитира, односно да создава убави мисли кои ги испраќа во универзумот, односно во воздухот, а со тоа прави и тој самиот да се чувствува убаво.
Молитвите се токму тоа, генерирање и искажување на убави мисли. Не треба молитвите да ги читаме од некоја книга. Што ке ни дојде на нас во моментот тоа да го кажеме и да го почувствуваме.
Храмот не е место кај што треба да се прави жртва, или да се заколнуваме во нешто.
Храмот е место каде нашата слобода треба да излезе од нас во целост, тоа е место кај што можеме да правиме што ке ни дојде во тој момент, се разбира на убаво нешто се мисли, не да земеме сега и да кршиме таму инвентар како некои идиоти.