^Exotic^
Wanderstruck
- Член од
- 25 ноември 2007
- Мислења
- 5.969
- Поени од реакции
- 1.060
Еве и мој мал придонес на темава. Може и нема да е најобјективен зашто заминав од Македонија како тинејџер за разлика од останатите гурбетчии што заминале по корка леб на постари години.
Има што и да се добие и да се изгуби, ако не сте спремни да правите трампа меѓу двете страни не ни мислете да заминете во странство. Добра вест е што тоа што ќе го изгубите е минијатурно во тоа што имате да го добиете. Без многу филозофирање, следува мало и кратко резиме.
Единствена маана на тоа што ќе заминете во странство би го сметал губењето на контакт со луѓето во Македонија, посебно со тие што ви се драги, на прво место ставајќи го друштвото. Се уште сум во контакт со старите другари (неколку од нив де), со останатите помалку. Со роднините не е ни важно, зашто друштвото си го бираш сам, фамилијата не можеш. Позитивно е тоа што тие што стварно ти се блиски секогаш ќе бидат тука за тебе, дури и по години поминати на страна.
Што добив? Многу повеќе отколку што изгубив. Видов како се живее "во светот", како е да се живее во голем град, научив поинаков менталитет и принципи, се изградив како личност и дознав работи што не би ги знаел за себеси доколку цел живот го поминев во Македонија. Не чувствувам ни носталгија, ни тага. Баш ми е добро тука кај што сум и се чувствувам дека сум дома, не во странство. Во ниту еден случај не би се каел за тоа како ми се одвива животот. Врската со Македонија за која што Mr. Prezident зборува ја немам изгубено до толку. Знам течно македонски, знам кирилица и се надевам и децата мои во иднина ќе знаат. Знам што се случува во Македонија секојдневно и освен друштвото и пријателите друго ништо не ме враќа назад.