Што добиваат и што губат оние кои ја напуштаат Македонија?

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Еве и мој мал придонес на темава. Може и нема да е најобјективен зашто заминав од Македонија како тинејџер за разлика од останатите гурбетчии што заминале по корка леб на постари години.

Има што и да се добие и да се изгуби, ако не сте спремни да правите трампа меѓу двете страни не ни мислете да заминете во странство. Добра вест е што тоа што ќе го изгубите е минијатурно во тоа што имате да го добиете. Без многу филозофирање, следува мало и кратко резиме.

Единствена маана на тоа што ќе заминете во странство би го сметал губењето на контакт со луѓето во Македонија, посебно со тие што ви се драги, на прво место ставајќи го друштвото. Се уште сум во контакт со старите другари (неколку од нив де), со останатите помалку. Со роднините не е ни важно, зашто друштвото си го бираш сам, фамилијата не можеш. Позитивно е тоа што тие што стварно ти се блиски секогаш ќе бидат тука за тебе, дури и по години поминати на страна.

Што добив? Многу повеќе отколку што изгубив. Видов како се живее "во светот", како е да се живее во голем град, научив поинаков менталитет и принципи, се изградив како личност и дознав работи што не би ги знаел за себеси доколку цел живот го поминев во Македонија. Не чувствувам ни носталгија, ни тага. Баш ми е добро тука кај што сум и се чувствувам дека сум дома, не во странство. Во ниту еден случај не би се каел за тоа како ми се одвива животот. Врската со Македонија за која што Mr. Prezident зборува ја немам изгубено до толку. Знам течно македонски, знам кирилица и се надевам и децата мои во иднина ќе знаат. Знам што се случува во Македонија секојдневно и освен друштвото и пријателите друго ништо не ме враќа назад.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
ете вака се губи СЕ (читај пажливо) ...ти и невестата твоја сте се искачиле да речеме на врвот и сега да речеме редот им е на тоа што за вас е уствари е СЕ, а тоа се ДЕЦАТА. Познавам неколку типови на парови како што сте вие ете да речеме со еден збор успешни. На некој децата им се омажени или оженети буквално со цигани затоа што системот во кој живеат е либерален и демократски и можеш да правиш се. На други па им станале наркоси, на трети гејови и лезбејки. ЗОШТО? Затоа што наместо да се гордеат, тие се срамеле од својата земја и нација и морале да се угнетуваат и да забегуваат по лоши патишта и никогаш повеќе нема да се осеќаат така како што треба да се осеќаат. Имаш пари имаш статус ама не и роднини не и вистински пријатели не и корен, не и гордост не и нација. НЕМАШ НИШТО
Па знаеш, тоа е повеќе прашање на домашно воспитување и на домашно образование, а не прашање на срамење од својата земја и нација.

Самиот спомна дека системот е либерален и демократски и ги учи луѓето, а особено младите, дека имаат право на избор. Но тоа што системот не ги учи младите, е кој избор е подобар и каква корист имаат од таквиот избор. Тука настапуваат родителите за да ги научат сопствените деца кој избор е подобар и каква корист имаат од таквиот избор.

Но очигледно, тие кои станале наркомани и/или хомосексуалци, не биле доволно воспитани и образовани од родителите. Јас ниту сум живеел, ниту сум работел надвор од Македонија, но кога ќе видам дека во развиените држави како Германија и Норвешка се повеќе се вработуваат домашни воспитачки за чуваат деца - па макар и да се од странство, веќе се гледа коренот на проблемот - родителите сакаат да си имаат повеќе слободно време за себеси, а децата не ги оставаат во рацете на некој од семејството, не ги оставаат во рацете на некој близок до семејството, туку ги оставаат во рацете на непознати луѓе на кои им плаќаат за да им ги чуваат децата - а како овие странци им ги чуваат децата и на што ги учат, тоа само Бог знае.

Замисли, тоа го немаме во Македонија, бидејќи сиромаштијата тоа не го дозволува, а и горе-долу, сеуште владее семејното единство дури и во ова време на национална поделеност на патриоти, предавници и на не знам какви. Тоа семејно единство не е совршено, но сепак успева да се одржи на нозе, па затоа мајките и татковците поминуваат повеќе време со своите деца, наместо да одат во кино или во театар или да се прошетаат низ централното градско подрачје.

Но дури и да поминуваат родителите многу време со децата, сепак треба да обрнуваат внимание и на друштвото со кое децата го поминуваат времето надвор од дома - на училиште, кога шетаат низ град, кога одат на прослави или на некакви посебни настани, сето тоа се работи на кои родителите мораат да обрнат внимание, бидејќи не смееш да дозволиш детето да ти заврши во друштво со наркомани или неонацисти или радикални исламисти или расисти или локални криминалци или не знам кои други луѓе кои им велат дека домашното образование и домашното воспитаните кои ги примаат од родителите се чисти лаги и ги учат на тотално погрешни, лажни и изопачени вредности.

Ова не значи дека родителите треба да ги шпионираат своите деца 24/7, туку значи дека мораат да држат будно око над нив и да не се опуштаат откако децата ќе матурираат или откако ќе наполнат 18 години или откако ќе дипломираат или откако ќе се вработат и да си речат - тука завршуваат моите маки со него/нејзе/нив и тука завршуваат моите родителски обврски.

Човекот учи додека е жив, а тоа важи и за родителите и за нивните деца, а особено за децата кои и после матурската прослава и после 18-от роденден и после доделувањето на дипломата и после првото вработување, сепак и понатаму ќе бараат помош, совети и утеха кај своите родители - но само доколку родителите ги воспитале правилно како што треба.

Тука кај нас во Македонија, добар дел од младите дозволуваат мозоците да им бидат испрани од партиските пропагандистички машинерии, а таму во развиените држави, очигледно не се партиските пропагандистички машинерии, туку локалните криминалци, наркоманите, либералните фашисти кои ги осудуваат хетеросексуалната ориентација и сите кои се против абортусот и сите кои се против операции за менување на полот, неонацистите, радикалните исламисти и било кои други останати измамници и манипулатори кои секогаш демнеат нова жртва, се тие кои им ги перат мозоците на младите.

Обврска на родителите е да ги научат сопствените деца за ваквите опасности и да ги предупредат да внимаваат за да не завршат во рацете на вакви измамници и манипулатори.

Парите решаваат само 1 (ЕДЕН) проблем - економската и социјалната состојба, но со пари не се решаваат ниту домашното воспитување и домашното образование, ниту времето кое родителите го поминуваат, односно не го поминуваат со сопствените деца, ниту па помагаат при изградбата на карактерот.

А баш кога сме кај карактерот, јас лично познавам многу повеќе луѓе со конструктивен и реалистички карактер кои потекнуваат од семејства со ниски примања, наспроти луѓе со арогантен и самобендисан карактер кои потекнуваат од семејства со високи примања, а се толку неписмени што појма немаат дека пред 20 години ова време слушавме музика на музички касети, под видео игри подразбиравме флиперница, а Интернетот и мобилните телефони беа луксуз кој само побогатите можеа да си го дозволат.
 
Последно уредено:

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.107
Не се губи ништо, тоа е до тебе дали сакаш, неќеш или колку сакаш да задржиш од она македонското во тебе. Се сложувам со @^Exotic^ дека некој контакти/другари со тек на време може да намалат или изгубат сепак другарството е ко цвеќе треба да се негува. Во денешно време бар тоа е многу полесно него порано со скајпови, фб, емаил, ефтини летови.... Реално пријателите што сум ги изгубил низ годините сум ги изгубил намерно, сум увидел дека веќе немаме слични интереси.

@Mr. Prezident наредните генерации воопшто не се загуба. Напротив тоа ти е НАЈГОЛЕМАТА придобивка, тие уште во старт почнуваат на МНОГУ повисоко ниво, со пари, со грб, со подобри шанси за образование, дел се од среден систем, опкуржени во здрава околина итн. Тоа уствари треба да е и една ако не и главна причина за емиграција. Тоа дека децата ќе се омажеле за цигани или наркомани ти е чиста глупост. Ако толку сакаш на крај крајева да го регулираш тоа релативно лесно е можеш да ги праќаш во МК почесто дур се ученици/студенти, самото ќе си се регулира ;) само пази тогаш да не ти донесе дома некој што на неа/него гледа како пасош. Ако земјата не ни чини и емигрираме сфати дека и ние ко нација и не сме далеку од чергарите.

За продобивките глупо е дури и да збориме. Едноставно нема споредба на било кој план. Дури и оние банални работи кој фалеле порано денес веќе ги има -од јадење, до ТВ буквално се има за по ништо да не копнееш повеќе.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
699
Поени од реакции
680
ете вака се губи СЕ (читај пажливо) ...ти и невестата твоја сте се искачиле да речеме на врвот и сега да речеме редот им е на тоа што за вас е уствари е СЕ, а тоа се ДЕЦАТА. Познавам неколку типови на парови како што сте вие ете да речеме со еден збор успешни. На некој децата им се омажени или оженети буквално со цигани затоа што системот во кој живеат е либерален и демократски и можеш да правиш се. На други па им станале наркоси, на трети гејови и лезбејки. ЗОШТО? Затоа што наместо да се гордеат, тие се срамеле од својата земја и нација и морале да се угнетуваат и да забегуваат по лоши патишта и никогаш повеќе нема да се осеќаат така како што треба да се осеќаат. Имаш пари имаш статус ама не и роднини не и вистински пријатели не и корен, не и гордост не и нација. НЕМАШ НИШТО
Да станеш наркос е избор, да си геј/лезбејка не е ниту избор ниту лош пат но има друга тема за тоа. Се осетив должен да те исправам оти не само ти, многу наши мислат ко тебе што не е во ред, не се работи за либерализам во случајов туку за општо познавање на состојбите пошо ипак се движиш во либерални земји и таквото мислење ако го кажеш пред нив може многу да те чини од повеќе причини...
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.888
Gubis:
- kvalitetna i ukusna hrana (kaj nas sto se jade na zapad moze samo da sonuvaat)
- kafani i kladionici :)
- kafe so komsiite-kite
- quality time so prijatelite-kite
Dobivas:
- podobar standard (so znak prasalnik, ne mora da znaci)
- podobro zdravstvo, ova e najgolema pridobivka.

P.s.
Ako si clan partije so fakultet i dobro nacukan so dogovor za neopredeleno vo javna administracija ili kaj drzaven monopolist prosecen evropeec moze voda da ti nosi i treba da si lud da pomisluvas da ja napustis nasava meka.
:D
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
37
Поени од реакции
20
сега мислам дека отстапи од темата... ако имаш пријатели и роднини демек ке излезеш на прав пат?
Децата (иако сеуште ги немам) се посебна категорија според мене, не се ни пријатели ни роднини ...едноставно ти се СЕ во животот. Џабе ни се и брда и долини спечалени ако сме ги изоставиле нив во потрагата по богатството.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Освен ако не си во банкарски или ИТ секторот нема буквално ништо да изгубиш ако ја напуштиш Македонија. Бидејќи си млад и зелен, гледаш на работи што се присутни буквално секаде. Наркомани, гејови има и во Македонија само кај нас ги третираат како шљам, а таму како луѓе. Знаеш дека кај нас докторите прават бизнис од лекарствата за наркоманите ? Уствари кога ќе помислам прават бизнис од обични дијазепами, па за друго да не правиме муабет. За геј популацијата да не правиме муабет, јес да они премногу бараат, но законските рамки до пред некоја година им беа супер.
Ако мислиш дека имаш врски и дека ќе те вработат на државно, треба да знаеш дека и на тоа има крај од причина што парите за тоа доаѓаат од приватниот сектор (поголемиот дел) и кредити (мал дел што се зголемува секоја година). Исто така треба да знаеш дека најголемиот дел од бизнисите за македонски пазар се делат во три категории, храна, облека и издава/продава.
Не очајувај, дека лош е светот за некоја година ќе ти помине и ќе бидеш посвесен за ситуациите, само треба да учиш од искуства на заебани луѓе, што исто како тебе размислувале потклекнале на притисокот од носталгијата, како еден од Неготино што магистрирал на некоја француска академија за безбедност и му нуделе веднаш вработување, но одбил и сега не знае што да прави во Неготино затоа што за инспектор бараат врски, или друг случај што работел на брод и отворил кафански бизнис во Велес и сега пак е на брод затоа што и должи на државата 10.000Е казни од инспекции (затоа што не им давал на џандарите без пари да јадат) и ред други примери на заебани луѓе во нашата македонија.
Затоа ако си само банкарски/ИТ сектор може нешто да загубиш, за секоја друга струка тоа што ќе го загубиш во Македонија е народски кажано пичкин дим во однос на тоа што ќе добиеш во убаво средена држава.
 
Si bil samiot vo nekoja od tie opeanite sredeni drzavi? Si ziveel i rabotel tamu pa da vidis kolku med i mleko tece na site strani? So mislis deka tamu nema kazni? Preku ta*akov za toj kafangijata od Veles sto ocigledno nema poim od biznis, pa neka e toa i ako trebalo edna vecera da gi casti lesinarite (ako go kaznile sigurno nesto imalo, ne mu pisale gabe). Eve i jas poznavam eden piljargija kojznae kolku pati go upozorija da dava fiskalni ovoj si terase po svoe i mu lupnaa kazna, i sega koj e kriv? Inspekcijata? Policajcite so sakale bespari pivo?
Eve poznavam i eden nasinec moler od Kocani so raboti vo Avstrija na kogo avstriskite inspektori mu lupnale kazna 20.000 evra poso on i dvajcata so rabotele so nego ne nosele zastitni kacigi vo nedovrsena zgrada, zakon jebi ga. I so sea, tie avstriskite inspektori sakale gabe da im bojadisuvaat doma ili kako? Abe u Norveska da te fatat so 5-6 steki cigari na granica 5000 evra kazna ke ti lupnat i vo zatvor ke te stavat.
 
Не сум би да работам и живеам, ама за кај нас дека системот е така поставен да ти требаат врски за обична работа. Фаќав врски за обичен факинг интернет да ставам, а не за друго. Секаде ако не работиш по прописите ќе те казнат, но кај нас ако имаш врски нема или со други зборови не е лошо здравството кај нас, вие немате врски. Луѓе газат по улици и никому ништо, ама ако имаш врски, се убиваат/ тепаат деца, а никому ништо зошто отишле курбан за дефокусирање на јавноста од битни работи и ред други работи.
Тоа што ти си нестручен да најдиш добра работа на запад и живееш убаво, не значи дека не постои убав запад
 
Член од
24 декември 2013
Мислења
470
Поени од реакции
659
Домот ти е таму каде што ти е убаво.А убаво не е во сиромаштија, загадена околина, репресија , невладеење на закони, или закони според лична мерка, еднаш за еден важи а за друг истото не важи...Човек секогаш интуитивно познава кај му е добро и убаво, на убавото секогаш полесно се навикнува. Статусот и местото се постигнува нормално ако вредно се работи надвор. Кај нас, ако не си од нашата или ако некој рече дека си од нивната , не се знае кај ќе ти биде крајот. Во средена држава полесно се живее. А другарите и семејството во колку имаш можности поквалитетно се дружиш иако е поретко. Јас со другарките од надвор повеќе се гледам одколку тие во Мк зашто немаме време од секојдневни проблеми да кренеме глава и не ни е ни до гледање.
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.888
Не сум би да работам и живеам, ама за кај нас дека системот е така поставен да ти требаат врски за обична работа. Фаќав врски за обичен факинг интернет да ставам, а не за друго. Секаде ако не работиш по прописите ќе те казнат, но кај нас ако имаш врски нема или со други зборови не е лошо здравството кај нас, вие немате врски. Луѓе газат по улици и никому ништо, ама ако имаш врски, се убиваат/ тепаат деца, а никому ништо зошто отишле курбан за дефокусирање на јавноста од битни работи и ред други работи.
Тоа што ти си нестручен да најдиш добра работа на запад и живееш убаво, не значи дека не постои убав запад
Ajde neka se javi nekoj forumgija ovde so ima *ubava rabota* na zapad. Baj d vej so mene zaedno tamu rabotea i germanci, za nivni standard za mizerni pari.
Ne letajte mnogu so pametot, obicen rabotnik e sekade ebana stranka i samo ceka da mu go aknat od pozadi.
Sistemot e dobro poznat i e sekade isto, drzavno,kriminal ili ako imas srekja da naprais nekoj dobar biznis. Od rabota nema fajde.
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
37
Поени од реакции
20
Освен ако не си во банкарски или ИТ секторот нема буквално ништо да изгубиш ако ја напуштиш Македонија. Бидејќи си млад и зелен, гледаш на работи што се присутни буквално секаде. Наркомани, гејови има и во Македонија само кај нас ги третираат како шљам, а таму како луѓе. Знаеш дека кај нас докторите прават бизнис од лекарствата за наркоманите ? Уствари кога ќе помислам прават бизнис од обични дијазепами, па за друго да не правиме муабет. За геј популацијата да не правиме муабет, јес да они премногу бараат, но законските рамки до пред некоја година им беа супер.
Ако мислиш дека имаш врски и дека ќе те вработат на државно, треба да знаеш дека и на тоа има крај од причина што парите за тоа доаѓаат од приватниот сектор (поголемиот дел) и кредити (мал дел што се зголемува секоја година). Исто така треба да знаеш дека најголемиот дел од бизнисите за македонски пазар се делат во три категории, храна, облека и издава/продава.
Не очајувај, дека лош е светот за некоја година ќе ти помине и ќе бидеш посвесен за ситуациите, само треба да учиш од искуства на заебани луѓе, што исто како тебе размислувале потклекнале на притисокот од носталгијата, како еден од Неготино што магистрирал на некоја француска академија за безбедност и му нуделе веднаш вработување, но одбил и сега не знае што да прави во Неготино затоа што за инспектор бараат врски, или друг случај што работел на брод и отворил кафански бизнис во Велес и сега пак е на брод затоа што и должи на државата 10.000Е казни од инспекции (затоа што не им давал на џандарите без пари да јадат) и ред други примери на заебани луѓе во нашата македонија.
Затоа ако си само банкарски/ИТ сектор може нешто да загубиш, за секоја друга струка тоа што ќе го загубиш во Македонија е народски кажано пичкин дим во однос на тоа што ќе добиеш во убаво средена држава.
Точно е дека имаме од се по нешто (педери, наркомани и слично) само прашање е кој личности и со какви карактери се таквите (затоа нема ни да ги дискутирам).

Не зависам од светот па да очајувам за него, зависам пред се од себе и од мојата околина и не патам од носталгија не ми е проблем да останам цел живот надвор од Македонија ама пак ќе речам дали тоа вреди.

Можда ми е глупа споредбава ама сепак ќе кажам, маќеа е замена за мајка. Некој се посреќни со мајките, некој со макеите. Ама редоследот на нештата секогаш ќе биде прво мајка па маќеа, муабетот ми е ако мојата мајка Македонија не ме одгледува ко што треба и ме учи на лоши вредности (ко на пример во муџахединскиве земји или некаде во африка) тогаш секоја друга маќеа (австралија, америка, или некоја земја од европа) ќе биде достојна замена за секој со здрав разум. Но ако мојата мајка ме сака а сепак неможе да ми обезбеди услови за пристоен живот од разно разни причини и е принудена да ме даде на некоја друга мајка, колку и да е добра колку и да ја сакам за мене секогаш ке биде макеа. Колку и да заработувам колку и добри манири да стекнувам секогаш ќе бидам странец. Кога си странец во странство не е ништо страшно ама страшно е кога си странец дома.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Толку се лоши моралните вредности во Македонија во моментов, што секој ден треба да им објаснувам на децата зошто е тоа така и зошто е тоа лошо.

Не те разбирам @Mr. Prezident кои позитивни придобивки ќе им недостасуваат на моите деца од оваа брутална корупција?
 
ај ќе пробам да ти објаснам со еден глуп пример (ако ме сфатиш ок ако не пак ок).
дома каде што си пораснал, каде што ти е буквално се има темпирана атомска бомба и секундите се при крај (исто е и со целата планета). Ти си бил среќник си добил на лутрија место во капсула која те носи на некоја друга планета во која ке имаш понатаму се. Се качуваш, затвараат врата и бомбата експлодира. Оние луѓе и нешта кој ти значеле се ги гледаш од прозор како горат живи и те молат за спас ама ти си немоќен. Заминуваш и почнуваш нов живот околу тебе со многу такви како тебе а сепак сам. Ќе ти биде сеедно што се спаси? Ќе ти биде сеедно ако си можел да ја спречиш бомбата ама не си знаел кинески за да го прочиташ упатството кое претходно цел живот го поместуваше од една на друга полица како обично ливче хартија?

А кога на децата ќе им објаснуваш што е лошо, пробај да им објасниш и што е добро во лошото. Можеби ти не научи кинески (а можеше), ќе научи некое од нив па ќе спаси некој нов свет.
 
^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Толку се лоши моралните вредности во Македонија во моментов, што секој ден треба да им објаснувам на децата зошто е тоа така и зошто е тоа лошо.

Не те разбирам @Mr. Prezident кои позитивни придобивки ќе им недостасуваат на моите деца од оваа брутална корупција?
Амин.
Не ми се верува (всушност ми се верува ама неќам да верувам) дека толку голем дел од народот верува дека децата во странство ќе им пораснат да бидат неморални изроди само затоа што ќе живеат во прогресивна средина со различни вредности. Тоа што луѓето се се помалку конзервативни не значи дека се лоши или живеат во разврат. Доколку странец ја прочита темава ќе ни се смее дека хомосексуалците се ставени во ист кош со наркоманите, демек и двете се производ на лошо општество и неодговорни родители.

Доколку ги однесете децата во странство ќе мора да се навикнете дека ќе живеат во мултикултурна средина, ќе имаат другари/ки од други раси, ќе имаат другари што се хомосексуалци и најлошото можно нешто што може да му падне на памет на македонскиот родител...детето да има пријатели што имаат пирсинзи и тетоважи. Кога малку ќе се подзамислите ќе видите дека нема ништо лошо во ова и дека сите овие карактеристики може да бидат одлики на лице што истовремено е морално исправна личност.

Претходното лето за првпат си дојдов во Македонија по 5 години. Бев кај еден пријател дома, татко му негов (полицаец по професија) отворено се фалеше како примал пари и добра како поткуп за да скине казни на 'некои богати таму зашто ќе ми се најдат подоцна'. Кога на тоа ќе го додадеш фактот дека власта отворено го дупи народот со децении и криминалци отворено се кремот на општеството, гордо би кажал дека за мене нашето македонско општество е морално корумпирано и многу побрзо би имал хомосексуалци или тетовирани другари него такви што се гордеат на нерамноправно општество и го сметаат како добро истото.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom