Што готвите во моментов?

Член од
20 јануари 2021
Мислења
401
Поени од реакции
4.411
@Acid во приватна порака го доби моето коректно извинување, а еве и јавно. Однесувањето од моја страна со таа реакција, не беше во ред.
Деновите кога влегов во непотребна и неразумна дискусија беа за мене малку напнати на приватен план и се случи што се случи. Не планирам да го правам тоа повторно, а ни па да се правдам за моите постапки кои се секогаш со добра намера.
Ова се некои од јадењата кои ги направив деновиве...
Aко ви се допаѓа, инстаграм профилот повеќето веројатно и го знаете therealchefkeef

DSC-6645
IMG-20210116-122956
DSC-6573-1610647303
DSC-6551
 
коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.056
Поени од реакции
13.554
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.524
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.850
Можам да ја мириснам сликава.
Пушти рецепт за шкембе чорба ме нервираат оние бугарскине на гугл кога ќе побарам а одамна се спремам да направам една.
Немам посебен рецепт. Сите што ги пробав, им најдов замерки, најверојатно бидејќи не можам да го постигнам вкусот на некои одлични, по рестораните. Во последно време шкембето го варам во експрес лонец и му додавам само зрна бибер, ловоров лист, главица кромид и еден морков, кои потоа ги вадам. Потоа правам запршка. Ова, на сликава е шкембе во сафт, кој сакав да го пробам, за жал поубаво изгледа него што е вкусно. Не дека сето ова е лошо, ама кога го споредувам со она во Феријален дом, признавам пораз. Во мојот сафт има запржен кромид, сок од домати, рендан морков и ловоров лист. За жал, тие му го преземаат вкусот на шкембето.
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156

Дошол султан Бајазит у Скопје,и му дале шкембе чорба да јаде.Му се допаднала многу,па го земал мајсторот со себе у Стамбул,таму да му готви.
Еднаш,двапати,трипати,чорбава не ја бива,не е вкусна како скопската.
Го викнал,мајсторот и му вика:
-Мајсторе,не ја бива оваа работа,чорбата не ми е вкусна,што е работава,али немаш зајре,али немаш мастраф? Али ќе ми праиш како во Скопје,али сургун ќе одиш.
Мајсторот се крши,се ломи, видел не видел,му вели.
Пречесен султану Бајазите,јас шкембето тука го чистам го,перам,бело ко снег го правам,затоа не ти е вкусна чорбата.А во Скопје,два три пати ќе го брцнам у Вардар,и толку му е,затоа е вкусна.
До ден денес тоа е познатата Üsküp İşkembecisi çorba.
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
645
Поени од реакции
1.770
Шкембе чорба може да му е вкусна само на оној што не видел нечистено шкембе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom