Што готвите во моментов?

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.668
Поени од реакции
34.983
Гоедско со зеленчук :)

Рецепт специфично нема, го правам од око на осет.
Состојки:
800гр говедско
400гр златна мешавина
150 гр доматно пире
300 гр сос од домати (домашни од шише)
1 главица кромид

зачини по избор.

Подготовка:

Го пропржив кромидот со говедското, му додадов (вегета, мелен бибер, оригано, буковец), потоа му го додадов доматното пире и сосот од домати, така на тивок оган пропржи уште 5минути. После ова го печев 1 час на 200степени, па уште 45 минути на 150 степени.
Зеленчукот е перверзија, а месото меко како бомбонче :)
Нажалост немам добра камера, али еве некое сликче :D
20160417_124356.jpg 20160417_124412.jpg
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Јас :D.
И онака веќе се чудам уште нa кој начин да го зготвам :D.
Месо од дива свиња, добри парчиња удина чиста без маснотија. Се пропржува 2-3 главици кромид и околу 5-6 чешниња лук ситно сецкани. Потоа се додава месото се пропржува, се зачинува со сол, бибер, црвена пипер, буковска пипер (лута) , рузмарин, мајчина душица, мелен ким. Се додава соја сос, сето оди во огноотпорен сад, се става бело вино пола литро, неколку ловорови листови, сува пиперка исецкана, се покрива со фолија и се остава добри 4 саати во рерна на околу 200 степени. Во меѓувреме пире од компири, суви пиперки, 2-3 дршки од целер, мало парче ѓумбир, маслиново, сол и бибер. За крај екстра чили сос за обожавателите на лутото, напраен со мед и оган лута буковска пипер. Исто прелиено сето со млад кромид ситно сецкан, мариниран со суво нане, магдонос, маслиново сол и бибер.
Уживанција.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Сликата е лоша ама ајде...
Јагнешки бут со рузмарин и лук

Месото се мие, се става сол и бибер на него и во тава за печење...Одозгора се прават неколку реза со нож и внатре се става лук и рузмарин...После се додава малку зовриена вода и зејтин и се пече на 190 степени околу саат ипол...
Пред крај, компирите се варат малку со вегета и кога ќе омекнат се прецедуваат и се ставаат во месото...Се пече уште едно 20-тина мин, а месото се превртува...Компири ставив само 4 колку за гарнир да има...

13140742_1177487065618799_1052789860_n.jpg
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
IMG_3799.JPG IMG_3800.JPG [DOUBLEPOST=1462220496][/DOUBLEPOST]Ова беше ручекот, интегрална паста, со домашен екстра лут доматен сос ( кромид, лукче, босилек, оригано, патлиџани (рендани), сол, бибер, маслиново) , маслинки и младо кромидче за декорација.[DOUBLEPOST=1462220661][/DOUBLEPOST]Ручекот од денес, интегрални шпагети, со домашен екстра лут доматен сос (кромид, лук, босилек, рендани домати, зелена лута пиперка, оригано, сол, бибер и ладно цедено маслиново), маслинки и младо кромидче за декорација. кајгана ручек.jpg
 
Последно уредено:
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Ржан овес, семки од тиква, семки од сончоглед, урми, суви сливи, суви смокви, сува брусница, сушено грозје, цимет, хлорела во прав, црно семе, чија, лен, екстракт од ванила, банана, јагода, ореви. Ова е појадокот наутро, за почеток на денот или за билокаква физичка активност. ( еден ден ова, еден ден смути, за да не биде монотоно) DSC_6709 њеб.jpg
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Не е во моментов, ама ми стопли душа.

Нудлс со кари, индиски орев (претходно ростиран на тава без масло) и брокула. 13178537_10154135848713516_3226023079134793222_n.jpg
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Пред 40 мин беше готов. :D
Пудинг со чоколадо, лешници и бурбон ванила.

Прегледај го приврзокот 145987
@shumecha.tableta значи немој олку касно готвење! :)) посебно благово не го бива, многу се крева на килажа, после 8 (најкасно 9 ) забрането влагање у куња.
Инаку добро е што денес го видов, и лиги почнаа да ми течат, онака со јазик коа си ја подлижуваш устата од стрвност.:icon_lol::vozbud:
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
@shumecha.tableta значи немој олку касно готвење! :)) посебно благово не го бива, многу се крева на килажа, после 8 (најкасно 9 ) забрането влагање у куња.
Инаку добро е што денес го видов, и лиги почнаа да ми течат, онака со јазик коа си ја подлижуваш устата од стрвност.:icon_lol::vozbud:
Не го правев ова за мене. Јас сум на диета и пробувам да ги здебелам другите. :P
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Ау диети миети праела шумеча, па го пребродила искушението да готви 'за други' во 1 после полноќ.. :rolleyes:

Туку сеа каква чорба рибја сум направил...
За почеток ситно сецкани 5-6 чешниња лук, 1 главица кромид, 3-4 моркови, 3-4 перки сосе ливчиња од целер. Сето оди поголемо тенџере со маслиново да омекне малку, а потоа и еден патлиџан исецкан ситно. Во меѓувреме за поефтина варијанта зедов по 2 парчиња панга и 2 скуша, на хартија за печење со малку сол и бибер во рерна околу 15минути на 200 степени (претходно добро загреана), вадите чистите ако има кожа и коски. Во тенџерето додавате околу пола литар вода да продинста и зачинувате со сол и бибер малку. Откако зеленчукот е добро омекнат малку со блендер влегувате не цела смеса, али колку за густина. Потоа ја цепкате рибата на парченца и ја додавате во чорбата, додадов уште 2 лирти вода и оставив околу 45минути на тивок оган да си крчка, на крај само магдонос. Потоа сервирате и зачинувате со лимон и сосчето со лукче, магдонос и маслиново, имав 'ржан леб и оган лута пиперка. Тапан сум дремка ме фати.:) IMG_3864.jpg
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
По рецепт на @Agda Beata али во Скопјево никаде не најдов специјален суши ориз и морав да импровизирам со некој грчки ориз што малку ми зададе главоболки при ролањето за на крај да биде многу вкусно сушито. Како додаток имав соја сос и спремав кисел ѓумбир, кој го исецкав со лупалка за зеленчук на тенки ленти и го ставив во тегла и го удавив во сос од оцет, сол и мед кој претходно го проврив во гезве. Тоа стоеше во фрижидер 4-5 дена до денот на конзумирањето.
Ова го спремав минатата недела али не стигнав да постирам.
IMG_3880.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom