Цеца одржала концерт во општина Источно Сараево која припаѓа на република Српска, концерт наменет за србите, бошњаците биле против.
Во Приштина младите албанци не знаат ни добар ден да кажат на српски, исто и кај нас во Македонија ретко кој слуша.
Што сакам да кажам, во секое општество има исклучоци, кај албанците се исклучоци и малцинство тие што слушаат српска музика, а кај македонците тие што не слушаат.
И не е проблем да слушаш, туку колку слушаш, ако телефонот ти е натрупан со српски песни, а само по некоја македонска, тогаш е проблем. Проблем е тоа што од 50 најгледани видеа на youtube, само 4 се македонски.
И се фаќате само за музиката, не е тоа темата.
Проблем е кога никој не прогорува кога секоја година се слави битката по која Македонија падна под српска контрола и кога почна колонизацијата на Македнија, битката од 1912 кај Забрњак - Куманово, кога доаѓа српска делегација како да се на нивно тло во Шумадија, слават и величат.
А од друга страна истите не ти дозволуваат да одиш на Прохор Пчински, да се потсетиш на Асном, со кој што настан на србите не им е нанесено никакво зло, освен ако зло за нив е свеста на македонецот дека е посебен народ.
Проблем е кога првата заедничка Владина седница ја одржуваш со Србија, но потоа и втората повторно да ја одржуваш со Србија наместо со некоја друга држава.
Проблем е и тоа кога насекаде во светот повеќе се навива за Федерер и Надал, а во Македонија за Ѓоковиќ. Проблем е и тоа колку навивачи имаат екипите на Партизан и Звезда во Македонија.
Проблем е и тоа кога ти иде да ја запалиш амбасадата на Сад, бидејќи се бомбардира Милошевиќева Србија.
Проблем е и тоа што не се преименуваат улици и институции кои носат имиња на српски ликови.
Моментално во Македонија како што стојат работите, се чини дека да влезе српска војска, до Богородица со цвеќиња ќе бидат пречекани.
[/QUOTE
Се согласувам со се освен ова со Новак затоа што насекаде на западот навиваат против него само затоа што е православен, тогаш не гледам причина зошто ако некој навива против некого само поради тоа што не е од неговата вероисповед јас или било кој православен да навива за католик.
Жално е само што еден шиптap треба да го кажува(иако се знае со која намера) ова а голем дел од Македонците да не го разберат сите овие.
Жално е и што Македонците сеуште не можат да се издигнат над сите тие стереотипи и лоши мината, па посакуваат да живеат под Турчинот, (тогаш имало ред), посакуваат да живеат во Југославија, (тогаш било подобро) а никако да се најде сила и желба да се биде свој на своето, да се сака она македонското од срце.