Епа нема ништо посебно, така и си мислев. Само треба да имаш 18 години живот (живот бе!? така пишува во законот) Треба група избирачи да дадат потпис за да те стават на листа на кандидати, 30 дена пред изборите да имаш отворено жиро сметка која што ќе има назнака „за изборна кампања“, максимум што смееш да потрошиш за таа кампања е 100.000 денари, и не смееш да имаш друг извор на пари за кампањата, потоа ги пријавуваш сите трошоци и доколку бидеш избран се враќа целата сума во рок од 3 месеци. Мораш да си работоспособен, постојано живеалиште да ти е градот во кој се кандидираш.
Ова се најбитните работи што ги запамтив набрзинка.
Ама има едно ама, финтата е во тоа што било кој кандидат од било која партија е во секој случај во поголема предност од било кој самостоен кандидат, затоа што партиските кандидати би имале поголема поддршка и поголеми ветувања да дадат на народот (повеќе лаги), оттаму за никого нема да сте привлечен за избирање бидејќи неможете многу да ветите, а штом малку ветувате тогаш логиката ги тера на луѓето да мислат дека ништо и нема да направите...
Заебано е!