Што ако би ти кажале дека умираш!?

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Да, што тогаш?
Што ако си болен од неизлечива болест, не можат докторите да направат ништо за да те спасат и тебе ти преостанува уште краток период за живеење!?
Како тогаш би го живеел и она малку што ти останало?
Дали ќе почнеш да лудуваш и да го изживееш преостанатото на свој начин (а тоа носи ризик дека можеш уште повеќе да си го скратиш времето за живот) или би мирувал повеке, би се пазел за да можеш што повеке да се задржиш на овој свет.

Или пак што ако на некој ваш близок му се случи таква ситуација, како вие би се понашале со него, знаејки дека ви се крши срцето при самата помисла!? што би го советувале, што би му зборувале...?

Повелете со ваши коментари...
 

Themacedon

ViXa
Член од
16 август 2009
Мислења
154
Поени од реакции
75
Ке го поминам секој можен момент со моите најблиски...со луѓето што ги сакам....би спиел малку а би ја проживеал секоја секунда од останатиот дел од животот...
 
T

TaMчЕ

Гостин
Паа..најверојатно најпрво ќе им кажам на оние што ми се најблиски што и како е :toe: ..т.е. не нема да кажам на никој ама се она што сум имала желба да си го исполнам ќе го направам ...и се што сум сакала да испробам ќе го испробам. Ќе се извинам на тие на кои сум им наштетила мноогу во животот...не знам најискрено како на друг начин би реагирала во таква ситуација..А да и би ги гушкала сите по миљон пати на ден :)
А доколку би му се случило нешто такво на мој близок најискрено ќе пробам да се однесувам ко и претходно иако е тоа тешко затоа што знам дека сум многу емотивна...ама тоа ќе го оставам за дома на само ...:)
 
C

cige

Гостин
Дали ќе почнеш да лудуваш и да го изживееш преостанатото на свој начин

Повелете со ваши коментари...
мислиш дека рамнодушно ке се помириш со тој факт? дека ќе ја изгубиш сетанадеж? или ќе ти биде страв и ќе си живееш како да нема тоа да се случи?
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
Уф...несакам да помислам на тоа,за срека се уште не ми го имат речено...

А и да ми го кажат,тоа е животот...сите ке умреме еден ден...во тој период ке лудувам,ке се поздравам со најблиските:toe:но сепак ке имам голема болка во себе знаејки дека следното утро нема да се разбудам.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.387
Ќе побегнам.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Ако дознаам дека умирам?
Прво ќе негирам.
Па ќе се лутам на се живо.
Па ќе бидам у депресија.
Па у мирување.
Па ќе го прифатам дека тоа мене ми се случува.
Ко цел свет.
А мислам дека има ваква или слична тема, ама ме мрзи да ја барам.:)
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Најпрво, нема да верувам и ќе барам докази кои ќе го потврдат тоа.Ако е сосема точно и потврдено, ќе паднам во депресија од која ќе станам после 2 саати или максимум 3, и ќе си го искористам денот најубаво што можам, најубаво како што некогаш сум го искористувала.Ќе го поминам со личностите што ми значат и тоа е тоа.Не планирам да лудувам, да пијам, да одам на животните посакувани дестинации.Затоа што, ако не сум лудувала до тој момент кога ми кажале дека имам уште еден ден живеење, ако не сум се забавувала она како што сум сакала до тој момент, зошто ондак сум живеела?
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.090
Би отишол на некои места кои што сум сакал а не сум ги посетил...подобро парите за тоа ке ги дадам него за лекарства и сл.
 

Круме

Life, Get One!
Член од
28 март 2010
Мислења
449
Поени од реакции
32
Најверојатно ќе паднам у депресија и ќе си умрам од тага а не од болеста....
 
B

Borg_Drone

Гостин
Искрено, не знам како би постапил доколку дознаам дека боледувам од ретка болест, на никого не му посакувам да му се случи да се најде во таква ситуација скраја да е.Но, имав близок во фамилијата кој неодамна дозна дека боледува од рак на коските и изврши самоубиство неодамна, нема ни цела година.Остави и проштална порака до неговите најблиски.Во еден дел од текстот во пораката пишуваше:„Не сакам да ве измачувам, затоа го превземав овој чекор тато ве сака сите чувајте се“.

Сите велиме ќе го живееме својот живот до последниот момент, но од една страна па и не можеме да го тврдиме тоа, не сме се нашле во таква ситуација и не можеме да знаеме како би постапиле, а и не ни му посакувам на некого да се најде во таква ситуација во иднина.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.555
Ќе ги убијам непријателите и така ќе отидам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не би имала сила да преживеам доколку се работи за мој близок,ќе барам секакво можно решение,храна,бајачи,операции било што само да не замине.И нема да прекинам да плачам од моментот кога ќе дознаам.
А за мене ако разберам,тогаш ќе им кажувам секоја секунда дека ги сакам и 24 часа ќе бидам со нив.Под услов они никогаш да не дознаат што ми е.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.882
Секојдневно умираме по малку некој порано некој покасно јебига нема ништо да ми смени, освен она знаеш отприлика кога ке опендркнеш , и замисли му кажуваш на некој близок здрав прав што тие и тој така си поминува улица и БААААААААААААААААААААААМ кола го мава и на место и што здрав прав бил но ете отишол и сега повторно ли треба да биде вниманието кон тебе ? абе јебига што биде нека биде ништо не менуваш со тоа можеш да умреш секој момент а тоа што ке бидеш со најмилите од моментот кога ти кажале покажува само лицемерие демек ете ке умрам да бидам што подолго со нив, а до сега си немал време за нив а што ако си паднел од балкон дур не си знаел ??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom