Штедење и камати

Член од
26 јуни 2009
Мислења
29
Поени од реакции
5
Каматните стапки се следни:
МКД
3 месеци 1,2%
6 месеци 2%
12 месеци 2,90%
Доколку сакам да орачам одредена сума на предиод од 1 година, која од следниве опции е најдобар избор?
Моето мислење е следно (меѓутоа не знам дали сум во право), доколку ги орочам на 3 месеци и така продолжам во низа 4 пати годишно ќе добијам вкупна камата од 4,8% што е поголема од 2,90%. Може ли некој да ми каже зошто камата за 12 месеци е помала од вкупната 4*3 месеци?
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Секоја банка си има различни камати.
Тоа што го кажуваш сигурно не е точно, неможе да има помалата орочена стапка поголем процент од поголема стапка на орочување, нема смисла, во никоја банка не е така.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Пари во банка се мртви пари колку и да е голема каматата.
А големи суми 200-300к евра се исплати во банка да чуваш.
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
29
Поени од реакции
5
Секоја банка си има различни камати.
Тоа што го кажуваш сигурно не е точно, неможе да има помалата орочена стапка поголем процент од поголема стапка на орочување, нема смисла, во никоја банка не е така.
.... па како е точно?
 
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Ако ги орочиш парите на 3 месеци наместо на една година нема да добиеш поголема камата туку помала, затоа што сите камати се сметаат на годишно ниво без разлика на рокот на орочување.
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.072
Поени од реакции
11.057
Каматните стапки се следни:
МКД
3 месеци 1,2%
6 месеци 2%
12 месеци 2,90%
Доколку сакам да орачам одредена сума на предиод од 1 година, која од следниве опции е најдобар избор?
Моето мислење е следно (меѓутоа не знам дали сум во право), доколку ги орочам на 3 месеци и така продолжам во низа 4 пати годишно ќе добијам вкупна камата од 4,8% што е поголема од 2,90%. Може ли некој да ми каже зошто камата за 12 месеци е помала од вкупната 4*3 месеци?
не се смета така, на 12 месеци ако ставиш 10000 евра ќе добиеш 290евра камата. а ако ти се на 3месеци и продолжиш 4 пати со ред(една година да ти се собери) ќе добиеш 1.2% што значи 120евра за цела година.
а да ги ставиш 10 000евра на 3 месеци по 3 месеци ќе имаш камата од 30евра поточно една четвртина од 1.2% ти е 0.3%=30евра
 
Член од
26 јуни 2009
Мислења
29
Поени од реакции
5
не се смета така, на 12 месеци ако ставиш 10000 евра ќе добиеш 290евра камата. а ако ти се на 3месеци и продолжиш 4 пати со ред(една година да ти се собери) ќе добиеш 1.2% што значи 120евра за цела година.
а да ги ставиш 10 000евра на 3 месеци по 3 месеци ќе имаш камата од 30евра поточно една четвртина од 1.2% ти е 0.3%=30евра
Ти благодарам за објаснувањето и темава може да иде во канта
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Ти благодарам за објаснувањето и темава може да иде во канта
Чекај бе полека, што реши сеа, ќе ги орочуваш или не? И зашто у евра? Повисоки се каматите за денари.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
https://lokalno.mk/kamatite-na-istoriski-najnisko-nivo-no-daleku-nad-evropskite/
Каматите на историски најниско ниво, но далеку над европските
02/06/2018 08:28

Не се очекува промена на каматните стапки на кредитите до крајот на годината. Можно е натамошно намалување, но според банкарите, нема простор за значајно намалување. Добрата вест, според нив, е дека движењето на каматните стапки годинава ќе биде во корист на крајните корисници. И за централната банка и за банкарите, каматните стапки се на историско најниско ниво, но, сепак, Македонија и земјите од регионот имаат повисоки просечни каматни стапки од земјите во Европа.


Податоците на НБРМ покажуваат каматите на кредитите во март годинава изнесувала просечно 5,67 проценти, на депозитите 1,48 процент. Во овој месец просечната каматна стапка на кредитите забележала намалување од 0,03 проценти, а кај депозитите 0,02 проценти.

Новите кредити, пак, се одобрувале по камата од 4,92 проценти, каде е забележано мало намалување од 0,06 процентни поени, додека просечната каматна стапка на новопримените депозити забележала месечен пад од 0,1 процентен поен и изнесува 1,47 проценти.

– Каматните стапки се секако на историскиот минимум и нивното зголемување пред се ќе зависи од политиката на централните банки, од движењето на инфралцијата и други објективни фактори. Среднорочно гледано зголемувањето може да се движи од еден до два процентни поена во однос на сегашната стапка, велат од ТТК банка.

Појаснуваат дека падот на каматните стапки, па и негативните каматни стапки на развиените пазари, се реалност подолго време.

– Меѓубанкарската каматна стапка Еурибор започна да се намалува од екот на светската финансиска криза, а на крајот на 2014 година премина и во негативната зона каде се наоѓа и денес. Каматните стапки на кредитите логично го следеа тој тренд, појаснуваат од ТТК банка.

Според нив, се очекува каматните стапки на денарските кредити оваа година да останат на приближно исто ниво од претходната година.

-Добра вест, истакнуваат, е дека во 2018 година не се очекува поскапување, ниту на девизните/индексирани кредити врзани со стапката на Еурибор, кои во изминатиот период го достигнаа минимумот. Ефектот на мерките на Европската централна банка би можеле да влијаат на цената на кредитите и да се почувствуваат во текот на 2019 година, така што не се очекува пад на каматите на девизните/индексирани кредити, туку нејзино задржување на слично ниво како и минатата година.

Посочуваат дека за корисниците на кредит секогаш се поставува прашањето дали идниот раст на трошокот на изворите на средства би се прелеал на растот на каматните стапки и додаваат дека одговорот зависи од постоењето на можностите за намалување на маржата.

– Во услови, велат на силна конкуренција, економски раст, зголемени таргети за очекувана добивка и кредитен раст, а при постоење институционален квалитет, фискална консолидација и пониски регулаторни трошоци би постоел и определен простор каматната маржа да го апсорбира можниот раст на каматните трошоци.

Граѓаните најмногу земаат потрошувачки кредити, а во пораст се и станбените кредити.

– Евидентен е значителниот раст на кредитите на домаќинствата со годишна стапка на промена 31.12.2017 во однос на 31.12.2016 година од 9,3 отсто, кој произлегува пред се од растот на станбените кредити за 13,7 отсто и потрошувачките кредити за 11,2 отсто, велат од ТТК банка.

Додаваат дека и во првиот квартал од 2018 година се забележува побрз раст на кредитите од секторот население, за разлика од растот на кредитите од секторот стопанство што произлегува, пред се, од станбените, хипотекарните и потрошувачките кредити.

Основната каматна стапка на НБРМ на историски најниско ниво

Димитар Богов, поранешен гувернер на Народната банка на Република Македонија, кому на 21 мај му истече мандатот, на прес конференција рече дека каматната стапка на благајничките записи или основната каматна стапка на НБРМ, се спушти на три проценти на историски најниско ниво.

– Секогаш може да се дискутира и дебатира дали можеше и пониско, но доколку немавме политичка криза и доколку фискалните политики беа малку подисциплинирани ќе можеше, рече Богов.

Во последните седум години кредитите годишно растат со околу седум проценти.

– За седум години е остварен раст на вкупната актива на банките, депозитите и кредитите од околу 50 проценти. Во просек годишниот раст на кредитите изнесуваше околу седум проценти. Депозитите имаа вкупен раст од 55 проценти, рече Богов.

Тој потенцира дека е забележано и зголемување на профитабилноста на банките од 2010 до 2017 година. Како што рече на крајот на 2010 година повратот на капитал изнесуваше седум проценти, а се очекува на крајот на годината да изнесува 20 проценти, што според Богов веројатно е највисоко ниво во целиот регион на ЈИЕ.

Како граѓаните да добијат пониски каматни стпаки

Македонија и земјите од регионот како Србија и Хрватска имаат повисоки просечни каматни стапки од Европа. Кај инвестициските кредити таа е двојно поголема и се движи од четири до шест проценти годишно, додека во евро зоната од два до три, проценти, а кај стабените кредити во земјава изнесува од три до шест проценти, а во еврозоната од два до три проценти.

– Членството во еврозоната влијае на одржување на каматните стапки на ниско конкурентно ниво. Премијата за осигурување од кредитниот ризик за членките кои се уште не пристапиле кон еврозоната. Воведување на еврото го исклучува валутниот ризик, а тоа влијае поволно на премијата на ризик на државата. Дополнителен фактор кој би влијаел на намалување на каматната стапка е и регулаторниот трошок. Еврото како единствено средства за плаќање обезбедува висок степен на одржлива конвергенција, што помеѓу низата фактори подразбира висока макроекономска стабилност, фискална одржливост и силно и ефикасно институционално опкружување. Стопанството би било конкурентно и поотпорно на шокови, а оценката на инвестицискиот рејтинг значајно подобра. Последнователно премијата на ризик и каматните стапки би биле пониски, велат од ТТК банка.

Додаваат дека во услови на експанзивна монетарна политика актуелните економски услови и присутните ризици влијаеја на одложување на ефектот на намалување на каматните стапки во Македонија и регионот во однос на европските земји.

Од Народната банка на Република Македонија наведуваат дека споредбата на нивото на каматните стапки во различни земји зависи од многу фактори како прво кое е општото ниво на каматните стапки во конкретната економија, какви се очекувањата на економските субјекти за инфлацијата, валутата на производот, намената на кредитниот производ, договорената рочност, премиите за ризик итн. Оттука, според нив, не постои единствен одговор дали каматните стапки во Македонија се повисоки или пониски споредбено со другите земји, т.е. во зависност од тоа што ќе се споредува можно е да се добие и различен заклучок за редослодот на земјите по висината на каматните стапки.

Каматите диктирани од монетарна стратегија и макроекономските услови

Од Народната банка на Република Македонија истакнуваат дека каматните стапки на монетарната политика т.е. оние што ги определува секоја централна банка зависат од избраната монетарна стратегија и од макроекономските услови во секоја одделна земја, поради што и очекувано е да постојат и разлики меѓу овие каматни стапки. Така каматната стапка на депозитот преку ноќ во НБРМ како една од каматните стапки што ја определува монетарната политика изнесува 0,15 проценти, додека каматната стапка на сличен инструмент на ЕЦБ е негативна и изнесува -0,4 проценти.

Врз основа на висината на референтните каматни стапки на централните банки се формираат и каматните стапки, како на меѓубанкарските пазари на пари, така и за депозитните или кредитните производи што ги нудат банките. Од НБРМ наведуваат дека по правило каматните стапки на банките треба да бидат повисоки од референтните каматни стапки и од каматните стапки на меѓубанкарските пазари на пари, за соодветни распони што ја претставуваат премијата за ризикот, односно еден вид награда за ризикот што го преземаат банките од финансирањето на приватниот сектор.

Потенцираат дека иако каматните стапки на одделните банки, генерално, на среден и долг рок треба да го следат движењето на овие каматни стапки, сепак, начинот и динамиката на овие промени, се индивидуална одлука на секоја поединечна банка, а може да се разликуваат и по валута, рочност, сектор за кој е наменет и слични карактеристики на банкарските кредити и депозити.

Од банкарскиот сектор наведуваат дека банките реагираат на намалување на основната каматна стапка на НБРМ преку прилагодување на понудата на активните и пасивните каматни стапки.

Основната каматна стапка или каматната стапка на благајничките записи изнесува три проценти и е на историско најниско ниво. Ова олабавување, според НБРМ, во услови на стабилен амбиент и поволни согледувања имаше ефект и врз цената на финансирањето на приватниот сектор преку банкарски кредити. Каматната стапка на вкупните кредити во последните седум години е намалена од 8,4 проценти во 2011, на 5,7 проценти во 2018 година.

Бизнисот секогаш има потреба од кредити со поволни камати

Од бизнис заедницата истакнуваат дека секогаш се потребни повеќе кредити со поволни каматни стапки за стопанството.

– Компаниите со добра кредитна историја, посочуваат од Сојузот на стопански комори, немаат никаков проблем да добијат кредит од банките. Исто така, ниту една банка нема проблем да кредитира добар и издржан проект. Но, додаваат, со години наназад зборуваме за развој на претприемништвото, а банките немаат продукт кој би дал импулс на старт ап бизнисите.

Наведуваат дека земјите од Европската Унија имаат позитивни примери, особено во Велика Британија има одлични производи за старт ап компаниите со минимален ризик, бидејќи имаат добри и издржани бизнис планови.

Стопанственик од Скопје, кој води мала фирма вели дека како таква доаѓа тешко до пари, доколку нема добро обезбедување, односно хипотека на својот имот.

– За да добијам кредит од банка мора да ја оставам својата куќа под хипотека, истакнува, и додава дека во спротивно не може да добие средства од банката.

И меѓу граѓаните е мислењето дека се високи каматите и провизиите што ги земаат банките и дека зависно од тоа каде е вработен некој такви се и можностите за да добие кредит.

– Без особен проблем се добива кредит од банките, особено ако граѓанинот работи во некоја постабилна компанија или ако е во државна администрација. Дополнително на тоа влијае и висината на платата. Висината на каматата зависи од кредитот и банката од каде што се зема позајмицата, но генерално сметам дека каматите се високи за нашиот стандард. Маркетиншките трикови се особено значајни за банките што нудат помала каматна стапка во првите две години, да речеме, и која најчесто се рекламира. Дури кога одите во банката за детално да се распрашате ви станува јасно дека, сепак, каматата не е толку колку на рекламата што сте ја виделе на ТВ или на интернет. Дополнитепно банката ви нуди животно осигурување кое за да го земете кредитот мора да го купите. Но, граѓаните кои најчесто имаат просечни или потпросечни плати за да остварат некој сон или едноставно да покријат некакви трошоци земаат кредити од банките, вели скопјанка.

Сузи Котева Стоименова
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
Каматите на депозити историско најниско ниво, а ќе се даночат?! https://faktor.mk/eksluzivno-vladata-kje-naplakja-danok-na-kamatite-na-zashtedite-a-eve-za-kolkavi-prihodi-kje-plakjame-povisok-personalec
Исто така се предвидува граѓаните и фирмите да плаќаат данок на каматите кои ги добиле од своите заштеди во банките, ако добивката изнесува над 15.000 денари годишно. За 1250 ден месечно приход од камата данок!? И колку ќе му земеш? 10% или 90% :vozbud: 10% цели 1500 Денари!? Пууу пара еј! И ќе го осиромашиш а ти ќе затнеш некоја дупка!
Данок на цели 2% годишна камата!? Лудаци! Нели требаше по влез на МКД во ЕУ!? Како и либерализацијата на струјата.. или за вас души изнапатени....Сакаат и тој сектор кој е единствен стабилен во државата да го разнишаат... од револт не од нешто друго, луѓето ќе си исподигаат парите!
Значи по нивна логика излегува вака: Штедиш во нестабилна валута (Денар) за цели 2% год камата, за парите ти гарантира нестабилна држава и за тоа ќе бидеш оданочен! :LOL::LOL::LOL: Се прашувам кој ќе штеди!? Чувај парите дома - посигурно е! Или купи си апартман на Халкидики (ако ќе добиеме датум за преговори :)), сам или со содружник и рентај го! Тука нема да купуваат станови, да инвестираат на берза инвестициски фондови или недај Боже во бизниси... тоа гарантирам!!! Вака не се билда БДПто ниту се зголемуваат даночните приходи! Сите сватија дека МКД е држава во регресија за да има бум во станоградбата и дека тоа е балон кој пука! Кој ќе живее во тие станови, кој ќе изнајмува, кога 600,000 се иселени? Затоа растот на БДП е 0 (нула) бидејки има пад во градежништвото за 30тина проценти.... опрости им Боже работава!
 
Последно уредено:
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Каматите на депозити историско најниско ниво, а ќе се даночат?! https://faktor.mk/eksluzivno-vladata-kje-naplakja-danok-na-kamatite-na-zashtedite-a-eve-za-kolkavi-prihodi-kje-plakjame-povisok-personalec
Исто така се предвидува граѓаните и фирмите да плаќаат данок на каматите кои ги добиле од своите заштеди во банките, ако добивката изнесува над 15.000 денари годишно. За 1250 ден месечно приход од камата данок!? И колку ќе му земеш? 10% или 90% :vozbud: 10% цели 1500 Денари!? Пууу пара еј! И ќе го осиромашиш а ти ќе затнеш некоја дупка!
Данок на цели 2% годишна камата!? Лудаци! Нели требаше по влез на МКД во ЕУ!? Како и либерализацијата на струјата.. или за вас души изнапатени....Сакаат и тој сектор кој е единствен стабилен во државата да го разнишаат... од револт не од нешто друго, луѓето ќе си исподигаат парите!
Значи по нивна логика излегува вака: Штедиш во нестабилна валута (Денар) за цели 2% год камата, за парите ти гарантира нестабилна држава и за тоа ќе бидеш оданочен! :LOL::LOL::LOL: Се прашувам кој ќе штеди!? Чувај парите дома - посигурно е! Или купи си апартман на Халкидики (ако ќе добиеме датум за преговори :)), сам или со содружник и рентај го! Тука нема да купуваат станови, да инвестираат на берза инвестициски фондови или недај Боже во бизниси... тоа гарантирам!!! Вака не се билда БДПто ниту се зголемуваат даночните приходи! Сите сватија дека МКД е држава во регресија за да има бум во станоградбата и дека тоа е балон кој пука! Кој ќе живее во тие станови, кој ќе изнајмува, кога 600,000 се иселени? Затоа растот на БДП е 0 (нула) бидејки има пад во градежништвото за 30тина проценти.... опрости им Боже работава!
Остај денарски депозити тоа ти се пропаднати пари...Дури и што имам кеш за тргување на МСЕ ставам во Евра, Долари и други девизи. Денарски депозит ти е најлоша можна опција ако имаш било какви средства кој не ги трошиш брзо. Не џабе ти зборев дека денарски депозит е пропаст или ќе биде пред неколку години. Инаку продолжија даночно ослободување за акции дури и комуњариве...се знае кој ја вози МК.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Денеска во неврзан муабет слушав наводно уште ќе се намалувале каматите на депозити. Има некој повеќе инфо за ова?
 
B

Bafra

Гостин
Денеска во неврзан муабет слушав наводно уште ќе се намалувале каматите на депозити. Има некој повеќе инфо за ова?
Па имаше известување по весници, портали а КБ извести и кај елктронско банкарство.

Мора да се намалат каматаните стапки, како инаку државата би дошла до ефтини пари за нејзините толку многу корисни и продуктивни трошења :pos:
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.663
Поени од реакции
4.974
Денеска во неврзан муабет слушав наводно уште ќе се намалувале каматите на депозити. Има некој повеќе инфо за ова?
ЕЦБ најави уште една година 0% камати, после ќе одат горе освен ако нема нова рецесија и пак ги спуштат има и фактор закаснати реакции на МК Банки така да ниски камати ќе има уште некоја година. После може горе да одат. Моја проценка е дека и следниве 5 години ќе бидат од 0.5-2% за денарски депозити орочени за 1 година. После може да рипнат ама само може. Само не ми е јасно зошто ги држат ниски и на УСД...таму растат каматите.
 

ceasar

надеж, страв и алчност
Член од
2 април 2009
Мислења
1.133
Поени од реакции
574
6 месечен ЛИБОР за УСД е 2.50969, додека за ЕУР е -0.32029 кај нас во банките за депозити е поголема каматната стапка за ЕУР во однос на УСД.

Логика?
Зошто се дестимулира штедењето во долари, разбирам и ЕУ и се тоа, но сепак не може да е од 0.5 до 0.8% камата за УСД. Постои ли банка која дава повеќе за УСД?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom